Connect with us

Инфо +

Утре е голем и тежок празник – Митровден : Се верувало дека оној кој што дента нема да биде дома..

Published

on

На 8. Ноември се празнува големиот празник Митровден. Именден празнуваат: Димитрија,Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра…

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Бил син единец на солунскиот војвода. По заминувањето на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му
препорача да ги гони христијаните. Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот,враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата. Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството. Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го пог ребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун. Таму се сместени и неговите мироточиви мошти.

За овој ден постои верување. Во очите на Митровден секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи. За Митровден исто така се верува дека предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на
Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.

Славење
Освен вообичаениот обичај на носење леб и вино в црква (каде се осветува лебот), празникот се одбележува во семејството и за него не се поврзани некои посебни обичаи или обреди. Вечерта пред празникот се прави „заслуг“ (од заслужување) или „кана“ (од канење), при што поблиските се канат со лепче или со некој друг предмет. На денот на славата се дава ручек на кој се служат мрсни јадења, освен ако прзникот падне во ден кога се пости. Исто така, на гости се оди и следниот ден, претпладне. Инаку, сите луѓе кои се викаат Димитар, Димитрија, Диме, Митре или некоја друга варијанта, на овој ден слават именден, кој се прави навечер.

Народни обичаи

Народниот обичај наложувал да се остане дома. Се верувало дека оној кој што дента нема да биде дома, цела година ќе биде надвор од него и ќе преспива по туѓи домови. Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник. За Митровден се верувало дека ќе се претскаже каква ќе била зимата. Ако денот бил сончев, наводно зимата ќе биде блага, со мал број ладни денови. Ако на Митровден паднело снег, се верува дека ќе се задржи се до април. Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

Македонија

Ѓорѓиевски: Честитка по повод 80-годишниот јубилеј на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје

Published

on

Честитам на 80-годишниот јубилеј на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, која со својата богатa библиотечна имовина и фонд од над 3 милиони збирки, од кои некои се прогласени за културно наследство, се докажа како клучен стожер на културата, науката и образованието во Македонија.

Со одлука на Президиумот на АСНОМ, оваа библиотека беше основана, а нејзиниот придонес во развојот на Македонија е неизмерен. Денес, благодарение на посветеноста на директорот Јовица Никчевски и неговиот тим, библиотеката продолжува да игра важна улога во зачувувањето и презентирањето на нашето културно наследство.

Со големо задоволство ги поздравувам сите активности и заложби на НУБ, а посебно им честитам за успешно менаџирање на овој важен јубилеј. Познавајќи го директорот Никчевски, сигурен сум дека библиотеката ќе продолжи да има светла иднина и ќе остане непроценлив извор на знаење и културен иденитет.

Честа ми беше да бидам дел од ова значајно случување.

Continue Reading

Македонија

Претрес во Непроштено: Пронајдено оружје и муниција

Published

on

На 22.11.2024 во 16.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Љ.П.(51) вработен како виш оперативен работник во МВР, од с. Непроштено, кај кого, врз основа на судска наредба од Основниот суд Тетово, во времето од 12 до 16.45 часот, полициски службеници извршиле претреси во неговиот дом и помошните простории, како и во уште една куќа во селото која е во негова сопственост.

При претресите пронајдени се ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушка пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети.

По документирање на случајот, против Љ.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120 електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје.

„Ние сме одговорна Влада и како Влада така и ќе продолжиме да се однесуваме. И набргу од денеска ќе излеземе со еден нов предлог-проект, а тоа е – анализираме се уште каква е расположливата моќ на буџетот за набавка на помеѓу 100 и 120 електрични автобуси заедно со полначи 50-ина, коишто ќе бидат распределени не само во Скопје за ЈСП, туку и за оние општини каде што има организиран јавен градски превоз по пропорцијата 80:40 или можеби ќе биде 70:70 – ќе видиме, се уште размислуваме и ја анализираме оваа ситуација и убеден сум дека набргу од денеска ќе изнајдеме едно вакво решение со кое што драматично ќе го олесниме и јавниот превоз во Скопје, но и во другите општини коишто имаат организиран јавен превоз“, рече Мицкоски.

Тој вели дека од информациите со коишто располага од Бирото за јавни набавки е одговорено позитивно на барањето на ЈСП за спроведување итна постапка за набавка на нафта по пат на преговарање.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк