Connect with us

Инфо +

Ќе добие ли Македонија прв Африканец градоначалник ? – Џими

Published

on

На предвремените изборите за градоначалник на Штип има пет кандидати, но прв пат во историјата на Македонија на избори се појавува човек со потекло од Африка, кој живее во Македонија.

Долгогодишниот жител на Штип, родум од Африка, односно од Нигерија, Симеон Поликарп Џими е кандидат за градоначалник од конзервативната партијата „Интегра“.

Негови ривали, во градоначалничката трка за прв човек на Штип, кој ќе има мандат до октомври 2021 година се и независниот кандидат, Трајче Митев којвеќе ги собра потребните 260 потписи од граѓаните, Лазар Наумов, од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, како и Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“, од двете партии: Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија.

Рокот за доставување на кандидатури беше до вчера на полноќ. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште вчера по седницата на Извршниот комитет објави дека нема да учествува на овие избори и да делигира свој кандидат. Тие бараат да се одложат изборите, бидејќи здравјето на граѓаните во моментов им е важно.

Сепак, предвремените избори за градоначалник во Штип и во Пласница се закажани на 13 ти декември, а ќе се гласа според здравствените протоколи на предвремените парламентарни избори.
Извор: Фактор

Македонија

Ѓорѓиевски: Проблемите ќе се решаваат на маса, со конструктивна комуникација помеѓу институциите

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со добра волја и соработка помеѓу институциите ќе се најдат прифатливи решенија за граѓаните. На денешната средба во просториите на ЗЕЛС, заедно со министерот за земјоделие Цветан Трипуновски и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, се зацртаа правците за решавање на актуелните проблеми со водоснабдувањето и манганот во водата во Струмица. Ѓорѓиевски додаде дека ЗЕЛС останува обединет и дека политиката ќе биде ставена настрана, при што приоритет остануваат потребите на граѓаните.

Договорено е формирање на комисија од научни институции која ќе ги следи состојбите на браната Турија и ќе ја анализира појавата на манган во водата. Исто така, општина Струмица ќе го сервисирате својот долг кон АД “Водостопанство” согласно утврдена динамика.

„Како претседател на ЗЕЛС, ќе се заложам за конструктивен дијалог и комуникација помеѓу институциите, така што проблемите ќе се решаваат на маса“, нагласи Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

СОСТОЈБА ПОПЛАДНЕВО: Тетово високо загадено

Published

on

Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека попладнево најзагаден е воздухот во Тетово и Кавадарци. 

Во овие два града, воздухот е високо загаден. Гостивар, Кичево, Битола и делови од Скопје се со средно загаден воздух. Во другите градови, воздухот е ниско загаден или многу ниско загаден. Состојбата со квалитетот на воздухот варира од час во час. Деновиве, Скопје беше меѓу најзагадените градови во светот. 

Continue Reading

Македонија

Провалиле во штипската болница – украле лекови, ја зеле и камерата за видео надзор

Published

on

На 11.11.2024 во 07.41 часот во СВР Штип било пријавено дека во периодот од 08.11 до 11.11.2024 во објект во кругот на Клиничката болница Штип било влезено со употреба на сила и погоден алат и биле одземени повеќе шишиња и пакувања со лекови и камерата од ѕидот. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк