Connect with us

Инфо +

Секој трет во Ченто и Арачиново вози без возачка или вози неисправно возило

Статистиката од засилените контроли во општините во Скопје покажува дека во Арачиното и Ченто секој трет возач што бил сопрен од полицијата за контрола или немал возачка дозвола или имал нерегистрирано, односно технички неисправно возило. Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11 ноември) на териториите на Арачиново и Ченто изречени се вкупно 148 мерки.

Меѓу санкциите што се изречени 34 биле за возење без возачка дозвола, а 25 за неисправни и нерегистрирани возила.

Истиот ден само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 51, потоа 38 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 85 мерки за непрописно паркирани возила и 23 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Advertisement

Свет

Мерц: „Не ни требаат САД за да ја заштитиме демократијата во Европа“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц жестоко ги отфрли критиките на САД кон Европската Унија, изразени во неодамна објавената Стратегија за национална безбедност на Вашингтон.

„Не ни требаат Американците за да ја спасиме демократијата во Европа“, рече Мерц, додавајќи дека делови од документот се „неприфатливи“ за Европа.

Изјавата доаѓа во време на интензивни дипломатски напори меѓу САД и ЕУ за наоѓање заедничка основа за решавање на конфликтот во Украина, како и по неодамнешната казна на Европската комисија против компанијата за социјални медиуми X, која предизвика реакции од американската страна.

Во документот на САД се предупредува на економски пад и „цивилизациско уништување“ на Европа, предвидувајќи дека континентот може да стане „непрепознатлив за 20 години или помалку“ ако сегашните трендови продолжат.

Мерц, пак, истакнува дека Европа има капацитет и ресурси сама да ја заштити својата демократија и безбедност, нагласувајќи ја независната улога на континентот во глобалната политика.

Continue Reading

Балкан

Вучиќ предлага сите земји од Западен Балкан истовремено да влезат во ЕУ

Белград – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека единствена стратегија за стабилен Западен Балкан е сите кандидати од регионот да станат членки на Европската Унија истовремено. Изјавата ја даде на форумот „BELTALKS: Белградски економски разговори“, организиран од GLOBSEC.

„Ако прифатите еден, двајца или тројца од нас, што ќе правиме со останатите? Како ќе ги решиме отворените прашања? Дајте сите да се чувствуваме добро“, рече Вучиќ, додавајќи дека само Европа без внатрешни граници може да гарантира стабилност и напредок за народите во регионот.

Претседателот истакна дека со овој колективен пристап србите, Бошњаците, Албанците и Хрватите ќе се чувствуваат подобро и дека токму тоа ќе го пренесе на средбите во Брисел со Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.

Во врска со кризата околу Нафтената индустрија на Србија, Вучиќ наведе дека државата ќе ја штити својата економија и инвестициски рејтинг, наведувајќи три можни решенија, вклучително и интервенција на државата.

На крајот од говорот, Вучиќ предупреди дека светот се движи кон нова голема војна во следните осумнаесет месеци, но истакна дека Србија ќе продолжи да се однесува воздржано и одговорно, и покрај притисоците од соседите.

Continue Reading

Свет

Трагедија во Русија: Воен транспортен авион Ан-22 се урна, сите патници загинаа

Москва, 9 декември 2025 – Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново, соопшти руското Министерство за одбрана. Во авионот се наоѓале седум лица, сите загинале, јави дневниот весник „Комерсант“.

Во моментот се спроведува операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје.

Се работи за авионот „Антонов Ан-22“, развиен во 1960-те години за време на советската ера. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска. Ан-22 е наменет за транспорт на голем воздушен товар и за падобрански операции.

Министерството за одбрана соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет по извршени поправки, а причините за несреќата се предмет на истрага.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг