Connect with us

Uncategorized

Денеска ги славиме Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул

Од Седумдесеттемина. Свети Стахиј му беше помошник на Св. Андреј Првоповикан. Свети Андреј го постави за епископ во Византија. Ја устрои Црквата во Аргиропол и со своето стадо управуваше верно и ревносно. По седумнаесет години епископство се упокои мирно во Господ. Амплиј и Урван исто така соработуваа со Св. Андреј и од него беа поставени за епископи, и тоа Амплиј во Лида или Диоспол Јудејски, а Урван во Македонија. Обајцата пострадаа маченички за Господ Исус Христос. Наркис беше поставен од апостолот Филип за епископ во Атина. Св. Апелиј беше епископ во Ираклија Тракиска. Аристовул, брат на Варнава, ја проповедаше Христовата вера во Британија и таму се упокои мирно.

Тропар
О достославни ученици Христови, вие Бисерот го најдовте, радоста со родот човечки ја споделивте, со неа исполнети маките и прогоните за трици ги сметавте, Стахие, Амплие, Урване, Наркисе, Апелие и Аристовуле, ние денес преку вас на Христа Му благодариме, што вистината ја сокри од мудрите, а нас со неа кон спасение нe приведе.

Светиот маченик Епимах

Родум од Мисир, во Мисир се подвизуваше, во Мисир маченички и го заврши овоземниот живот. Подражавајќи го Св. Јован Крстител уште како млад се оддалечи во пустината. Заради неговата голема љубов кон Бога Светиот Дух го поучи во секоја вистина, за тоа како треба да се подвизува. Но Епимах дозна дека неверниците ги мачат и ги убиваат христијаните во Александрија заради Христа. Па сиот распален од ревност кон верата отиде во градот и ги урна идолите. Кога незнабожците почнаа да го мачат заради ова, тој возвикна: „Удирајте ме, плукајте ме, ставете ми трнов венец на главата, дајте ми трска во рацете, напојте ме со жолчка, распнете ме на крст и потоа прободете ме – тоа го претрпе мојот Господ, тоа и јас сакам да го претрпам“. Во толпата народ што го гледаше мачењето на Свети Епимах имаше и една жена со слепо око. Таа плачеше горчливо од жал гледајќи го бездушното мачење на Божјиот угодник. И кога мачителите го стружеа телото на Светиот Христов маченик, од него прсна крв и една капка од крвта падна на слепото око на онаа жена. Одеднаш жената прогледа и слепото око ѝ стана здраво како другото. Тогаш жената возвикна: „Голем е Бог во Којшто верува овој страдалник!“ По ова на Свети Епимах му ја отсекоа главата и неговата душа се пресели во вечната радост, околу 250 година.

Светиот маченик Никола Хиоски

Побожно момче и голем ревнител за Христовата вера. Роден е во селото Киријах на островот Хиос, каде што беше мачен од Турците и го заклаа во 1754 година, кога Му ја предаде својата света душа на Бога.

Преподобните Спиридон и Никодим

Монаси и просфорници во Печерскиот манастир. Спиридон беше неписмен а го знаеше наизуст целиот Псалтир и вршеше чуда за време на животот. Се упокои во 1148 година.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг