Осумнасет лица починаа по компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие, а од 3353 тестирања регистрирани се 1.168 нови случаи на ковид-19, вели Министерството за здравство.
Починати се пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84), двајца од Куманово (66 и 80), еден пациент од Штип (54), еден од Тетово (73), двајца од Битола (82 и 73), еден од Охрид (84), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66), еден од Струмица (55) и еден пациент од Кратово (74). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
513 нови позитивни се регистрирани во Скопје, во Куманово-68, Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-5, Делчево-3, Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, Ресен-4, Неготино-7.
Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје хоспитализрани се 41 нов пациент поради компликации од коронавирусот, а пријавени се 35 оздравени пациенти кои се пуштени дома. Според Министерството за здравство, вкупно 393 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на Инфективните оддели во Скопје. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 563 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 131 болен, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот кои болнички се лекуваат во Ковид-центрите е 694.
Во болниците во внатрешноста има околу 80 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти на позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациент, во Велес се лекуваат 71 болен, а во Куманово 70 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 96 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 39, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежат 22 пацинети, во Кочани 22, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.
Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата се 46.062, оздравеа 26.981, починаа 1.281, а активни случаи се 17.800.
Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна: • Скопје 20.253, активни 8.254 • Куманово 3.005, активни 821 • Дебар 412, активни 97 • Штип 2.127, активни 486 • Прилеп 2.100, активни 878 • Тетово 3.120, активни 1051 • Струга 1.070, активни 285 • Велес 1.390, активни 742 • Битола 1.300, активни 669 • Охрид 1.117, активни 497 • Кавадарци 864, активни 400 • Гостивар 1.688, активни 526 • Гевгелија 557, активни 214 (27 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 98 на Богданци и 12 се странски државјани) • Струмица 1.338, активни 641 • Крива Паланка 327, активни 108 • Радовиш 341, активни 130 • Крушево 65, активни 36 • Кочани 994, активни 319 • Пробиштип 289, активни 95 • Демир Хисар 144, активни 68 • Македонски Брод 126, активни 22 • Пехчево 82, активни 22 • Берово 275, активни 76 • Валандово 135, активни 44 • Виница 267, активни 133 • Делчево 340, активни 182 (88 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) • Кратово 123, активни 78 • Свети Николе 636, активни 179 • Кичево 925, активни 413 • Ресен 332, активни 119 • Неготино 320, активни 215 (26 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија) Направените 3.353 теста се преку: ИЈЗ-904, ЦЈЗ Скопје-112, Авицена-387, Биотек-431, МАНУ -260, Жан Митрев (Филип Втори)-287 , Систина со ПЦР метода -296, лабораторија Лаор –82, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-91, Инфективна клиника-10, ГАК-0, Синлаб-145, Ремедика-27, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -301, УК Пулмологија со алергологија –2 , лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 289.534 тестирања на ковид -19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје): • Чаир – 500 • Гази Баба – 1151 • Аеродром -1256 • Карпош – 1070 • Центар – 1028 • Кисела Вода – 1021 • Ѓорче Петров – 680 • Бутел – 430 • Шуто Оризари – 144 • Студеничани – 41 • Сарај – 108 • Арачиново -26 • Илинден – 199 • Сопиште – 59 • Чучер Сандево – 83 • Петровец –82 • Зелениково -54 • Странец – 149 • Нераспределен- 173
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВИТЕ ПРАВИЛА ЗА ПАТУВАЊЕ во ЕУ: Нема повеќе преминување на границата како порано, наскоро ќе се воведе систем кој менува се од корен
Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) ќе почне да се применува следната година, а веќе на големо се зборува за тоа како ќе изгледа во пракса, како и кои се причините за одбивање на барањето.
Постојат неколку причини зошто вашето барање за овластување за патување ETIAS, кое ќе се применува од мај 2025 година, може да биде одбиено.
– Патничките документи што ги користевте можеби се пријавени како изгубени или украдени.
– Можеби сте прогласени за безбедносен ризик, потенцијален илегален имигрант или висок ризик од епидемија.
– Не доставивте дополнителни информации или документација што се бара од вас за обработка на апликацијата во дозволениот рок или не присуствувавте на закажаното интервју.
– Претходно ви беше одбиен влез и престој во земја на ЕУ, а е снимено и предупредување.
– Постојат разумни сомневања за веродостојноста на информациите што сте ги дале или изјавите и документите што сте ги понудиле.
ETIAS е кратенка за Европски систем за информации и овластување за патување. Целта на системот е да собира информации за патниците кои моментално патуваат без визи во Европската унија и да се осигури дека поединците кои претставуваат загриженост за безбедноста се идентификувани пред да им биде дозволено да патуваат во земјите на Шенген.
Главната цел на ЕУ е да ја подобри надворешната и внатрешната безбедност на граѓаните преку поседување централизиран систем за издавање одобренија за патување на посетителите на ЕУ и следење на нивното патување во Шенген зоната.
Како што рече директорот на Националната асоцијација на туристички агенции (ЈУТА), Александар Сеничиќ, кој учествува во работата на надлежната Европска комисија, постапката нема да биде комплицирана и трети лица ќе можат да го пополнат формуларот за други, предмет на одредени правила.
За потсетување, на сите граѓани од земја која не е членка на ЕУ, на кои моментално не им е потребна виза за посета на земја на ЕУ за краткорочен престој, им треба ETIAS за влез. Граѓаните на ЕУ и оние кои поседуваат дозвола за престој, картичка или документ издаден од која било земја на ЕУ се ослободени.Курир.рс
Метеорологот Славчо Попоски, предупредува на обилни врнежи од снег на Стража.
-Почитувани, внимавајте доколку патувате кон планинскиот превој Стража, во моментов има обилни врнежи од снег кои формираат снежна покривка, а снегот се задржува и на коловозот!, информираше тој.
Лерин е покриен со снежна покривка, создавајќи зимска идила која изгледа како слика од бајка. Спокојството на снежните улици и мирисот на зимскиот воздух создаваат совршен амбиент за уживање во природата. Домови со пуштени огани и згужвани чадори даваат чувство на топлина во овој студен, но магичен зимски ден.