Connect with us

Инфо +

Ќе се затворат сите угостителски објекти до крајот на зимата

Published

on

Комисијата за заразни болести да препорача целосно затворање на сите угостителски објекти до крајот на зимата и со тоа да им помогне да ја оттргнат дамката од угостителската индустрија, да покажат и докажат дека тие ни оддалеку не се последните одговорни жаришта за несразмерно зголемените бројки на заболени од КОВИД-19, апелира Независната угостителска комора (НУК).

НУК предупредува дека угостителската индустрија ќе колабира ако Владата, без да обезбеди безусловна директна финансиска поддршка, ја прифати мерката најавена од Комисијата за затворање на некои економски оператори.

-За да и ја олесниме работата на Комисијата за заразни болести, ако досега не сфати и не научи дека угостителите се најмалку одговорни за зголемениот број заболени од КОВИД-19, и препорачуваме и ја поддржуваме да не дава повторно препораки за цепкање на работното време или нови крпеници кон постојните протоколи, туку да даде препорака за целосно безусловно затворање на сите угостителски објекти, не само на една недела, две или месец дена, до крајот на оваа зима, како би можеле навреме да донесеме одлуки вработените да ги пратиме на зимски одмор, а ние угостителските објекти да ги конзервираме до доаѓањето на пролетта, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски во денешното соопштение.

Утрово очекуваме Комисијата за заразни болести да ја препорача најавената мерка за целосно затворање на некои економски оператори со која, ако Владата ја прифати, а не реагира веднаш паралелно, со директна безусловна поддршка за угостителите, Комисијата директно ја праќа во кома целокупната угостителска индустрија. Со новата препорака на Комисијата очекуваме од Владата итно да донесе одлука со која неискористените средства од претходните сет мерки веднаш ќе се пренаменат за угостителската индустрија во нов безусловен сет финансиска поддршка на угостителите и целокупната угостителска индустрија, потенцира претседателот на НУК.

Скопје

ЃОРЃИЕВСКИ: СЕКОЕ ДЕТЕ ЗАСЛУЖУВА СРЕЌА И РАДОСТ ВО ПРАЗНИЧНИТЕ ДЕНОВИ

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, заедно со Премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Иван Живковски, пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска и претседателката на Советот Светлана Колариќ, денеска посетија неколку домови во општината каде што им подарија новогодишни пакетчиња на дечињата.

„За ова е целата наша заложба – за среќата и најискрените насмевки од дечињата! Овие моменти носат радост, не само за нив, туку и за сите нас кои сме дел од ваквите активности,“ изјави Ѓорѓиевски.

Во текот на посетата, покрај дарувањето, градоначалникот и останатите гости се дружеле со дечињата, посакувајќи им многу здравје, радост, среќа и успеси во новата година.

„Новогодишните и божиќните празници се најубавиот период од годината, особено за најмладите, кои ќе ги паметат подароците под елката, семејните моменти и радоста на дарувањето. Секое дете заслужува среќно детство и убави спомени, а ова е наш мал придонес за нивната среќа,“ додаде Ѓорѓиевски.

Оваа иницијатива е дел од празничните активности на општина Кисела Вода, кои имаат за цел да донесат радост и топлина во домовите на најмладите и нивните семејства. Градоначалникот упати порака за бериќетни и среќни празници, нагласувајќи ја важноста на заедничките моменти и грижата за секое дете.

Continue Reading

Македонија

ВОЗИЛО НА МНР ВО НЕСРЕЌА: Тројца повредени на улица „Ацо Шопов“

Published

on

Рано утрото во неделата (29.12), околу 05:55 во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, патничко возило „Рексон“ , сопственост на Министерствто за надворешни работи, управувано од В.П. на 26 години од Скопје имало сообраќајна незгода.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот и неговите двајца сопатници 30-годишниот А.В. од скопско Инџиково, и 23-годишниот А.Х. од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

ШОК ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО: 200 кг небезбедна храна уништени, 43 локали со сериозни прекршувања!

Published

on

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли.

Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави.

Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица.

Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна.

За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк