Connect with us

Инфо +

Еве како реагирал Тито кога возачот му ја треснал вратата и му ги фати прстите на раката

Published

on

Кога Јосип Броз Тито ја посетил Шведска далечната 1976 година, му се случила болна незгода.

При посетата на тогашниот премиер Олоф Палме, Тито при излегување од автомобилот се фатил за работ како би станал, а возачот случајно во тој момент ја треснал вратата и му ја приклештил раката на Тито.

Маршалот викнал, а возачот брзо му ја ослободил раката. Сепак, Тито, и покрај болките, продолжил како ништо да не се случило.

На снимката се гледа како подоцна на своите домаќини им прераскажал што му се случило, гестикулирајќи со повредената рака.

Македонија

Директорот на детската болница, Реџеп Мемеди: Стапката на смртност кај децата во изминатите години беше трипати повисока

Published

on

Директорот на детската болница, Реџеп Мемеди, реагираше на неофицијалните информации со политички тенденции, кои според него не ја ценат животот на децата, туку директорската позиција.

„Децата се нашите најмили, животот на секое дете вреди повеќе од сè друго, но заради вистината и за запознавање на јавноста, принуден сум да објавам официјални статистички податоци од Детската клиника“, напиша Мемеди.

Тој објави табела каде јасно се гледа дека во изминатите години, кога е познато кој бил на власт, смртноста во Детската клиника била до трипати повисока во споредба со оваа година, или како што вели Мемеди, „Имало просечно до 9 смртни случаи месечно“.

За овие официјални информации и други, следната недела Мемеди ќе се обрати на јавноста преку електронските медиуми со прес-конференција.

„Во овие 4 месеци, откако сум вршител на должност директор на Универзитетската клиника за детски болести, при скенирањето на состојбата на Клиниката, наидов на многу проблеми кои со години биле натрупувани и нерешени! Некои од нив се со висок ризик, кои итно ги адресиравме и сега сме во фаза на нивно решавање. Јавноста ќе биде информирана навреме за сите активности што ги спроведуваме на Детската клиника“, заврши Мемеди.

Continue Reading

Македонија

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски доби признание за посебен придонес во едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја прими благодарницата за особениот придонес во развојот на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост, доделена од Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија. На значајната конференција, која ја одбележува 75-годишнината од организираното образование, рехабилитација и вработување на лица со попреченост, Ѓорѓиевски истакна дека ова признание е потврда за посветеноста и напорите на Општина Кисела Вода да обезбеди подобар живот за сите свои граѓани.

Општина Кисела Вода, која е препознатлива по својата инклузивна политика, има реализирано низа значајни проекти и иницијативи за подобрување на секојдневието на лицата со попреченост. Меѓу нив се издвојуваат отворањето на дневниот окупационен центар во соработка со невладината организација „Крик“, поддршката на Здружението за деца со церебрална парализа, и збогатувањето на библиотеката со книги на Брајово писмо за децата со оштетен вид од училиштето „Димитар Влахов“.

Ѓорѓиевски нагласи дека во основните училишта се опремени сензорни соби за поддршка на учениците со различни потреби, додека во зградата на општината се поставени патеки за слепи лица. Исто така, Општината вработува лица со Даунов синдром и со попречен вид, што го докажува нивниот стремеж кон вистинска инклузија и еднакви можности за сите.

„Посебно сме горди што годинава, со наша поддршка, се реализираше инклузивната претстава ‘Малиот принц’ со учество на лица со церебрална парализа, а бевме и домаќини на логопедско-дефектолошкиот конгрес“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека Општина Кисела Вода продолжува да се издвојува како пример за инклузивна заедница.

Ова признание за градоначалникот и за Општина Кисела Вода претставува потврда дека се движат во правилната насока, а тој најави дека напорите за инклузија и поддршка нема да престанат, со цел да се обезбеди подобар живот за секое дете и човек во општината.

Continue Reading

Македонија

Исчезната е жена во околината на Јурумлери – последен пат е видена на автобуска станица

Published

on

Исчезната е жена во околината на населено место Јурумлери.

Според членови на семејството кои се во потрага на нивната мајка, жената последен пат е видена на автобуската станица во Јурумлери, на себе имала зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми на нозете.

Засега, оставен е контакт, доколку некој ја забележи веднаш да го исконтактира семејството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк