Connect with us

Инфо +

Колку долго може да трае имунитетот на ковид-19: Научниците дадоа одговор

Published

on

Имунитетот на коронавирусот може да трае со години, а можеби дури и со децении, се тврди според новото истражување на еминентни научници од лабораторијата, според кое луѓето кои се опоравиле од COVID-19 развиле трајни нивоа на Б и Т-клетки.

Овие клетки се неопходни за организмот да се бори против вирусот и можат да бидат присутни во организмот многу долго време.

Истражувачите анализирале примероци на крв од 185 пациенти на возраст од 19 до 81 година, кои биле позитивни на коронавирус на почетокот на пандемијата и откриле дека повеќето од нив имаат доволно имунолошки клетки за да се борат против вирусот и да спречат повторна инфекција.

Покрај тоа, антителата се покажаа издржливи, со исклучително ниска стапка на опаѓање, што значи многу години, и потенцијално децении заштита од коронавирус, пренесува Форбс.

Иако оваа студија сè уште не е разгледана, Њујорк Тајмс ја нарекува „најсеопфатна студија за реакцијата на имунитетот на коронавирусот“.

Вреди да се потсетиме дека неодамна научниците открија дека луѓето кои го преживеале вирусот САРС, кој е исто така предизвикан од коронавирусот, сè уште носат важни имунолошки клетки 17 години по инфекцијата. Истражувачите исто така се надеваат дека проучувањето на антитела може да помогне во развој на лекови за спречување или лекување на КОВИД-19.

извор: srbijadanas.com

Continue Reading

Инфо +

Твит на денот: “Кога ќе примиш вakцина од Србија”

Published

on

Урнебесен твит: “Кога ќе примиш од вakцина од Србија”

Премиерот наш е познат по јаките говори на Српски повеќето би се согласиле дека е некој вид на Кумановски дијалект со Струмички ама тоа вие одлучете :

Continue Reading

Инфо +

“Поздрав до Каракачанов да види што има во Мала Преспа”

Published

on

Видео од 2010 кое донесе премногу емоции на социјалните мрежи

Continue Reading

Инфо +

Се фрла пред автомобилите и подоцна бара пара од возачите за оштета, а доколку не ги добие вика полиција!

Published

on

Редакцијата на Струмица Денес доби информација од очевидец кој вчера присустувал на необичен настан во Струмица.

Како што вели тој, се работи за струмичанец кој намерно се фрлил пред автомобил и истиот барал пари од возачот за наводната повреда на неговите гради.

Откако возачот одбил да му ја даде сумата која ја бара, повикал полиција и пред нив почнал да глуми дека е многу повреден и му треба итно преглед во болница, но и на самиот преглед не е констатирано никакви повреди а возачот на автомобилот поминал без никакви проблеми.

Како што добивме информација, ова не е прв пат да се случува во Струмица.

Таков случај имало пред пред 2 месеци повторно во близина на истото место. Затоа внимавајте, некои луѓе прават се’ да дојдат до финансиски средства, без разлика на кој начин тоа ќе го направат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2020 Булевар.мк

error: