Connect with us

Инфо +

Денеска ја славиме Светата Тесалоникија, со Авкт и Таврион

Published

on

Светиот маченик Јерон со дружината

Роден е во градот Тијана кападокиска од добра и благочестива мајка, Стратоника, којашто беше слепа. Јерон со голема синовска љубов ? служеше на својата слепа мајка и беше мошне ревносен христијанин. Од овие две причини не сакаше да оди во војска и ги натепа и ги испрати оние што беа пратени да го земат. Му беше жал да ја остави неговата беспомошна мајка и му беше тешко и да помисли дека како војник ќе биде принуден да им се поклонува и да им принесува жртви на идолите. Најпосле заедно со уште некои христијани беше фатен и одведен пред кнезот во Мелитина. Кога беа на пат, една ноќ на Јерон му се јави некој во бела облека и му рече: „Еве, Јероне, ти јавувам за спасението: нема да војуваш за земниот цар, туку наскоро ќе извршиш подвиг за Царот небесен и кај Него ќе преминеш и од Него ќе примиш слава и чест“. Од таа вест срцето на Јерон се исполни со неискажлива радост. Кога стигнаа во Мелитина сите ги фрлија во затвор. Овде Јерон со голема ревност ги утврдуваше во верата затворените, молејќи се никој од нив да не отпадне, но сите да ги предадат драговолно своите тела на маки и смрт за Христа. Пред кнезот сите едногласно ја изјавија својата вера во Господ Христос, само еден роднина на Јерон, по име Виктор, отпадна од верата. На Јерон му ја отсекоа раката, па го биеја и го мачеа со различни маки, дури најпосле заедно со останатите не го убија. Одејќи на губилиште, тие триесет и тројца маченици го пееја псалмот: „Блажени се непорочните што одат по патот на законот Господов.“ Да ги спомнеме по име и овие чесни маченици чиишто имиња се запишани во Книгата на Животот: Исихиј, Никандар, Атанасиј, Мамант, Варахиј, Калиник, Теоген, Никон, Лонгин, Теодор, Валериј, Ксант, Теодул, Калимах, Евгениј, Теодох, Острихиј, Епифаниј, Максимијан, Дулкитиј, Клавдијан, Теофил, Гигантиј, Доротеј, Теодор, Кастрихиј, Аникит, Темелиј, Евтихиј, Иларион, Лиодот и Амонит. Некој Хрисант ја откупи отсечената глава на Јероним и чесно ја погреба, а подоцна над неа подигна црква во името на Свети Јероним. Отсечената рака на маченикот ? ја однесоа на неговата слепа мајка. Свети Јероним со дружината пострада и премина во славата Христова во 298 година.

Тропар
Сила Ти даде на телото човеково о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон Тебе ита. Мелитински маченици од Јерон предводени, со љубов од Бога напоени, поитавте кон Небесните дворови, молете се за оние кои преку вас ќе поверуваат дека маките во овој свет се ништо, споредно со блаженствата на Царството Небесно.

Светата маченичка Тесалоникија, со Авкт и Таврион

Оваа девица беше ќерка на еден идолски жрец Клеон, човек богат и надмен. Заради верата во Христа татко ѝ ја избрка од куќата и од градот. Двајцата чесни граѓани Авкт и Таврион го укорија Клеон за нечовечното однесување кон ќерка му, заради што тој ги обвини како христијани. Беа луто мачени и обезглавени заради Христа. Потоа ја мачеа и ја убија Тесалоникија. Пострадаа во македонскиот град Амфипол, близу денешната Кавала. Така овие маченици се удостоија со бесмртното царство страдајќи чесно.

Преподобен Лазар Галасиски

Над куќата во којашто е роден се јави столб од светлина. Од своето село Магнезиј отиде на поклонение на Светите места во Ерусалим и таму се замонаши во манастирот на Св. Сава Осветен. По десет години се насели во гората Галасиска и се подвизуваше како столпник. Беше чудотворец за време на животот и после смртта. Царот Константин Мономах многу го уважуваше. На старост се пресели во вечноста, на крајот од 9 век.

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк