Connect with us

Инфо +

Јакимовски до Каракачанов: Да не бегаш на бел коњ преку Страцин како што бегале во 1943

Published

on

По изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека ќе испрати полк во Македонија да ги отстранат сите споменици кои не одговараат на историската вистина, преку фејсбук му одговори лидерот на Гром, Стевчо Јакимовски.

„Ах што не сум министер за одбрана! Ни премиер ни претседател фермам. Еве што би му рекол на оној што го краси мирот – Красимир Каракачанов: Путин иде на чело на вечниот полк и Србите исто маршираа во Ниш, а вие Бугарите може само да имате инжинерски полк.
Кога ти е толку мерак да рушиш таму кај што твоите предци „какале“ дојди на чело на полкот.

Ќе дојдеш ама пази да не поминеш како командантот на главнината на 52-та бугарска дивизија после битката кај Чупино брдо. Моите соселани го виделе како во галоп јури преку Живкова рупа. Не галопирал од бес туку од зорт. Зошто Михајло Апостолски ги направил салата и нему како командат не му преостанало ништо друго освен да бега и тоа на белиот коњ, по што самите Бугари потоа го стрелале на Страцин.
nullИнаку битката кај Чупино брдо се одиграла на 14 Јуни 1943 година помеѓу 3-та Македонска ударна бригада; 6-та Јужно моравска бригада и во битката учевствувале дел од Косовските батаљони. Големиот стратег Апостолски долго го подготвувал овој судир и ги фатил во потковица бугарските фашисти и потоа следувал масакар.
Во 2007 година присуствував на чевствувањето на денот кога се одиграла битката. Беше дојден еден преживеан борец од Врање. Тој одржа пригодна реч во која што рече: „Ние бевме во составот на таканаречените Осоговски батаљони, вкупно бевме 2900 борци, а против нас во зоната на нашето делување беше 52-та Бугарска дивизија со вкупно 12 илјади војници“. Но, како што рече тој: „Ја имавме таа среќа да бидеме под директна команда на Михајло Апостолски, па така бевме тактички добро подготвени и многу мобилни. За пример ќе ви кажам во едно попладне од Црна трава во Србија до врвот Лисец кај Кратово изведовме убрзан марш од скоро 50 км. Негде пред зори со бајонети во заби доползевме до бугарските позиции и започнавме да се колеме со бајонети. Ех, се сеќавам во таа битка пред зори тешко ја ранија со бајонет вашата хероина Вера Јоциќ“. Се сеќавате нели на песната „Очи“ од Ацо Шопов таа се однесува на Вера Јоциќ: Три дена на раце те носевме збрана, со тага и болка на погледот срцен, и секоја капка на твојата рана ко крвава жар ни капеше в срце…!
И тогаш Каракачанче сте мислеле дека сте многу силни оти сте биле побројни и по вооружени ама Генерал Апостолски ве дигна на клоци. Затоа пак ќе ви кажеме не се мангупирајте многу зошто Македонката како што знаеше да го роди најголемиот војсководец во историјата на човештвото Александар Македонски, да ги роди Сандански и Делчев така ќе роди и нов Апостолски.
п.с. Сдсмовчиња! Престанете да мјаукате и удрете на маса еднаш, сите ќе ве поддржиме

Македонија

Општина Тетово: Наставата прекината поради дојави за бомби

Published

on

Општина Тетово, во соработка со СВР Тетово и надлежните институции, внимателно ја следи ситуацијата со дојавите за бомби во средните и основните училишта во градот.

Со целосен приоритет на безбедноста на учениците и наставниот кадар, донесена е одлука за привремен прекин на наставниот процес во сите образовни институции, сè додека надлежните органи не потврдат целосен мир и сигурност.

Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците на смиреност и воздржаност, бидејќи безбедносните институции активно работат на расчистување на ситуацијата и заштита на јавниот ред.

За сите дополнителни информации, јавноста ќе биде информирана навремено од надлежните органи.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Партнерски однос со централната власт за посилни општини

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орге Ѓорѓиевски, оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамките на 24-та седница на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Средбата беше во согласност со Меморандумот за разбирање помеѓу ЗЕЛС и Владата, со цел редовно усогласување на финансиските политики за локалната самоуправа.

„Наш приоритет е да обезбедиме поголема финансиска стабилност на општините, зголемување на блок и наменските дотации, како и подобрување на распределбата на средства за надлежностите што ги презедовме од централната власт. Ова е во согласност со Европската повелба за локална самоуправа и ние инсистираме на нејзино почитување“, истакна Ѓорѓиевски.

Посебен фокус беше ставен на распределбата на средствата од Унгарскиот кредит, за што Ѓорѓиевски се заблагодари на Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Исто така, беше отворено прашањето за зголемување на приходите на општините од споделените даноци, со барање персоналниот данок да се зголеми од 6% на најмалку 30%, а делот од ДДВ од 6% на 10%.

Во разговорите беше потенцирана и потребата од зголемени дотации за пожарникарството, образованието и детската заштита, бидејќи анализите покажуваат дека општините трошат повеќе средства од своите буџети отколку што добиваат преку постојните дотации.

Министерката Димитриеска-Кочоска изрази подготвеност за соработка и изнаоѓање заеднички решенија за сите предизвици со кои се соочуваат локалните самоуправи.

Continue Reading

Македонија

Апелација денеска го осуди Васил Јованов со 3 години и 10 месеци затвор за претходно дело

Published

on

Апелациониот суд Скопје на нејавна седница одржана на 05.02.2025 година ја одби жалбата на обвинетиот Васил Јованов, додека ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје. Судот го преиначи решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, во делот на кривичната санкција, утврдувајќи нова казна затвор за обвинетиот.

Според пресудата, за кривичното дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, обвинетиот Васил Јованов ќе биде осуден на казна затвор во траење од една година. Додека за истото дело во продолжение, утврдено според член 215 став 1 в.в. член 22 од Кривичниот законик, ќе му биде изречена казна затвор во траење од три години. Како резултат на ова, Јованов е осуден на единствена казна затвор од три години и десет месеци.

Од Апелациониот суд информираат дека оваа одлука ќе биде објавена во целост на веб страната на судот, согласно Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Исто така, Судскиот совет ќе спроведе внатрешна проверка за евентуални пропусти во претходните судски постапки, особено во однос на 20-годишниот Васил Јованов, кој е осомничен за предизвикување на трагичната сообраќајна несреќа на пешачки премин во која загина Фросина Кулакова. Претседателот на Судскиот совет, Камбовски, најави формирање на комисија која ќе ги испита забелешките изнесени во јавноста.

Во исто време, Обвинителството ја проширува истрагата и врши проверки во однос на улогата и влијанието на родителите на Васил Јованов. Скопската полиција ќе ги истражи нивните можни инволвираности, вклучувајќи дали им давале пари за да точи гориво или ако знаеле дека нема возачка дозвола, зошто му дозволиле да го управува возилото.

Во минатото, Јованов беше вклучен и во друга сообраќајна несреќа, пред две години, за која се спогоди со оштетената, уплатил казна и избегнал кривична одговорност.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк