Connect with us

Инфо +

Докторите порачуваат: Неуморно се бориме за здравјето и животот на сите пациенти

Published

on

Здравствените работници неуморно го даваат својот максимум во третманот и грижата за пациентите. Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти.

Во видео обраќање, д-р Милена Стевановиќ, д-р Дејан Докиќ, д-р Калина Гривчева-Старделова, д-р Илир Демири, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири порачуваат да бидеме нивната поддршка. Тие апелираат да ги почитуваме мерките за да може да им помогнеме и на нив, кои изминативе 9 месеци се во првите борбени редови.

„Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка.“, порачуваат докторите.

Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца, негрупирањето како и честото миење на рацете се клучните мерки во справувањето со ковид-19 кризата. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски.

Македонија

Ограбена менувачница, полицијата превзема мерки за расчистување на случајот

Published

on

МВР информира дека вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 04-ти овој месец, па до вчера, до 08.00 часот, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на ул. „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола.

Информациите се дека биле одземени пари во различни валути и апоени.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Автомобил излета од пат, повредени две лица

Published

on

На 08.01.2025 во 19.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат с.Ропаљце – с.Матејче, општина Липково, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.А.(29) од с.Лопате, кумановско, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Х.М.А.(28) од Скопје, констатирани во Општата болница Куманово, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Continue Reading

Македонија

Семејна драма во тетовско: Син ја заштитил мајка од напад

Published

on

На 08.01.2025 во 19.20 часот во Полициското одделение Камењане, 44-годишна жена од тетовско село пријавила дека нејзиниот вонбрачен сопруг Б.Т.(43) од истото село агресивно се однесувал кон неа и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од нивниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк