Connect with us

Инфо +

“Исклучиво со моја лична борба се изборив со Ковид-10, здравствениот систем за жал потфрли”

Published

on

Почитувани колеги и пријатели,

Сигурно се запрашавте зошто ме нема со објави подолго време. Некои од вас дури ми пишале пораки во месинџер со прашања дали сум добар и зошто ме нема, зошто не коментирам и немам објави на мојот зид?

Да, јас бев заразен со вирусот, ја осетив лично сета јачина на SARS CoV-2 вирусот, осетив лично како се развива оваа инфективна болест, осетив лично што значи да дишеш преку стакленца, осетив лично што значи да земаш и да издувуваш воздух преку уста исто онака како што дувате за да угасите свеќа.

Осетив што значи дишење на врел воздух низ ноздрвите, осетив како е чувството на луѓето кои се под вода “да гњуриш под вода, а да ти е крај на резервите со кислород”, осетив како им е на рибите и цицачите кога се на суво, осетив дека не смееш да земеш воздух со цела уста отворена затоа што на средина на здивот те пара болка низ белите дробови, таква болка која е како најостар нож или скалпел кој го сече по должина и ширина белодробниот паренхим, осетив како изгледа притисокот на белите дробови кои сакаат да експлодираат во одреден момент, осетив дека ти се заматува видот и гледаш низ најгуста магла, осетив што значи недостаток на моторика, осетив какво е чувството кога сакаш да изговориш збор, а немаш сила да ја отвориш устата, осетив што значи да слушаш гласови, а не можеш да ги отвориш очите за да видиш кој е околу тебе, осетив што значи да живееш континуирано два-три дена со 187 откуцувања на срцето, осетив дури и како е со 208 срцебиења на минута, осетив што значи да се обидеш да станеш од кревет со сатурација на кислород во крвта помала од 90, 86, 83…го осетив вирусот лично на себе, ја осетив неговата жестина и “желба за да се репликува” и да ги пробие моите клеточни мембрани, осетив како моите “војници” моноцити и лимфоцити се борат против него, осетив што значи јак имунолошки одговор, ја осетив оваа кинеска проклетија, ја осетив многу добро на себе!

Денес е 15-ти ден откога ги добив првите симптоми на Ковид-19 и 13-ти ден откога го добив позитивниот резултат од земениот назофаринкс брис со кој преку PCR беше потврдено постоење на SARS-CoV2 вирус кај мене.

Болеста почна со благи симптоми со покачена телесна температура, но по три дена нагло прогресираше и се манифестираше со висока температура, масивно кашлање и отежнато дишење, како и со намалување на нивото на SpO2 и со тахикардија.

Иако имам 30 годишно клиничко искуство, сепак овојпат јас бев пациент и за давање на правилна терапија се консултирав со некои мои колеги, со лекари интернисти, микробиолози, пулмолози и со инфектолози, а така заеднички делувавме согласно EVMS CRITICAL CARE COVID-19 MANAGEMENT PROTOCOL и само поради тој правилен пристап инфективната болест ја поминав со средно тешка клиничка слика, а како човек кој случајно професионално се заразил на работното место со вирусот SARS-CoV-2 јас го имав сериозно развиено инфективното заболување, но напоменувам дека исклучиво со правилен пристап од моја страна и со исклучиво моја лична борба се изборив против КОВИД-19, а тоа требаше да го направи системот или поточно дел од здравствениот систем, кој на жалост потфрли.

Сакам да ви соопштам дека после 15 дена тешка животна борба со вирусот и после примени лекарства кои се точно и прецизно дозирани како антибиотска терапија “per os” и преку инфузиони раствори, денес можам да соопштам дека се осеќам добро, а сите резултати идат во прилог на здравствено подобрување за кое ќе биде потребно уште некое време за мое целосно оздравување од болеста.

Последните три дена сум без покачена телесна температура, без повраќања и проливи, нивото на сатурацијата на кислород во крвта и другите витални животни параметри ми се во ред, а од завчера е прекината антибиотската терапија и сум ставен само на витаминска и имунотерапија, како и на лекарства за превенција на системски тромбоемболизам со сеуште будна присмотра и секојдневна контрола.

Сакам да напоменам без оглед дали сте здравствен работник или не, сами никако да не се лекувате, да не пиете превентивно или самоиницијативно антибиотици иако сте позитивни на вирусот, антибиотиците азитромицин и панцеф кои “под-дефолт” се препишуваат од дел од матичните лекари и вие ги земате не се витамини, а ниту пак се лекови за превенција од коронавирусот, а доколку нема индикација за да се пијат истите вие не треба да ги пиете на почеток на болеста, затоа што во вториот стадиум на болеста доколку развиете компликации, ќе немате можност со што да се лекувате против бактериските инфекции кои можат да ви се накалемат и да не сте на болничко лекување во КОВИД центрите.

Примената на антибиотиците мора да биде во консултација со лекар кој мора задолжително да ве прегледа (без оглед дали ви е матичен или не) и за тоа морате да имате сериозни индикации за да ги примените, а кои претходно мора да ги докажете со лабораториски преглед и наод на РТГ.

Лекот е Лек, но Лекот е и СМРТ доколку го користите неправилно, запаметете го ова, а над 80% од компликациите кај оваа болест настануваат баш поради ова, поради ненавремено или предвремено делување со антибиотици и затоа без да се навредат матичните лекари, тие мораат да стават стетоскоп (част и чест на поединци) и да ги слушнат и прегледаат пациентите, а не само да се повикуваат на протоколи кои им се напишани на хартија!

Сакам да ја искористам оваа можност да изразам лична благодарност до сите вас, до сите колеги и пријатели кои во изминатиот период ми пишувавте и ми пружавте несебична и морална поддршка за да издржам и истраам, да се изборам до крај со вирусот и за тоа сум ви крајно благодарен.

Изразувам голема и длабока почит и огромен респект кон целокупниот медицински персонал кој работи во Ковид центрите, со посебна благодарност до др.Трајковска Вани од ГОБ 8ми Септември, др. Нико Беќаровски, др.Данил Петровски и др. Илиевска-Јуруков од Клиниката за Токсикологија и Ургентна Интерна Медицина Скопје, др.Митко Илиевски од Универзитетски институт за Радиологија Скопје, до прим.др.Жарко Караџовски кој секојдневно по два пати се интересираше за моето здравје, до колешката Лилјана Николовска за брзо изработениот тест и за дадените совети како правилно да постапам, а повикувајќи се на протоколите од страна на др. Nenad Lazarov, проф.др.Nikola Panovski , доц.др. Elena Petrova KostovaGordana Dimeska#ДраганЈовановски, но и до моите пријатели на чело со Sasho Marinceski, како и до сите новинари на чело со Mence Toci, а и до сите познати и непознати кои секојдневно имате пишувано со вашите пораки за поддршка.

Како што напишав претходно, за една недела очекувам комплетно да бидам оздравен и искрено со нетрпение чекам да се вратам повторно онаму каде сум најпотребен на првата линија на фронтот во директна борба со овој вирус кој е во моментов најголемиот непријател на човештвото.

За крај, апелирам до сите вие кои ќе осетите и најмали симптоми, исто онака како што и јас ги имав и напишав на почетокот, да не доаѓате на работа и воедно веднаш сами да се изолирате дома!

Одговорноста кон семејството, пријателите и колегите на работа, а и кон сите оние кои сакате да ги заштитите од евентуална трансмисија на вирусот се докажува само на ваков начин, треба да се изолирате, да закажете да ви се земе брис и да седите дома во изолација се до добивање на резултатот…се друго е равно на самопредавство и свесно заразување на другите околу вас!

Чувајте се, мало невнимание и се може да се случи, вирусот е исклучително непредвидлив.
Јас од срце ви посакувам на сите добро здравје и ве замолувам да се чувате, да ги носите маските онаму каде што треба, држете физичка дистанца, затоа што овој вирус не е обичен вирус, овој вирус сака да ве здроби, овој вирус сака физички и психички да ве уништи, но вие морате да останете силни, морате да бидете емотивно јаки и да покажете големо психичко здравје, а на сите за крај ќе ви кажам само едно,

#ВеСакамСите!

Ваш Ивица.

https://www.facebook.com/ivica.apostolov/posts/4291839757509221

Македонија

Пожарникари од Крива Паланка денеска спасиле кученце кое паднало во бунар длабок 8 метри

Published

on

Денес во Крива Паланка се случила необична драма. Едно мало куче, играјќи, ненадејно пропаднало во длабок бунар. Мештаните биле во паника и веднаш повикале во помош пожарникарите. Овие храбри херои, опремени со специјална опрема, се спуштиле во длабината на бунарот и со внимателно и нежно движење го извлекле уплашеното куче на безбедно. Сите присутни сведоци на оваа акција не можеа да сокријат радост и благодарност кон пожарникарите, кои со својот подвиг ја докажаа вистинската човечност

Continue Reading

Европа

ВО ГЕРМАНИЈА ВО ЈАНУАРИ МИЛИОНИ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ – на овие вработени ќе им биде зголемена заработувачката

Published

on

Од јануари 2025 година во Германија е на сила нова минимална саатница. Ова носи промени и за малите бизниси. Колку можете да заработите и да работите сега ако работите со мал бизнис или мини бизнис?

Без разлика дали станува збор за дополнителен приход за ученици и студенти или за дополнување на пензија: малите бизниси сега се широко распространети. 3,39 милиони луѓе во моментов имаат таканаречена дополнителна работа во Германија. А за нив има повеќе пари од јануари 2025 година.

Границата на платите за малите бизниси се зголемува на 556 евра месечно

Благодарение на зголемувањето на законската минимална саатница од 12,41 евра на 12,82 евра на час, работниците на мини работни места можат да заработат малку повеќе, а сепак да ги задржат придобивките од мини работните места.

Поточно, лимитот за месечна плата во 2025 година е зголемен од 538 евра на 556 евра. Пресметано годишно, тоа одговара на максималната можна заработка од 6.672 евра.

Важно е да се знае: и покрај повисоката минимална саатница, максималниот број на работни часови за мали работни места останува непроменет. Дури и со новата граница на платите, во 2025 година се можни околу 43 часа месечно.

Да бидам попрецизен: дозволено е да работите 43 1/3 часа (43 часа и 20 минути) месечно за да не ја надминете границата за мали работни места (43 1/3 x 12,82 € = 556 €).

Ако вашиот работодавец плаќа повисока саатница, ви е дозволено да работите само помалку часови месечно за да се менаџирате и да работите во мал бизнис.

Затоа, препорачливо е точно да пресметате колку часови месечно ви е дозволено да работите за да го задржите статусот на вашиот мал бизнис.

Кога мини-работа станува миди-работа?

Ако месечната плата заработена од една или повеќе мали работни места редовно надминува 556 евра месечно во 2025 година, мини-работата ќе стане средна работа. Таканаречената лизгачка зона е меѓу 556,01 и 2.000 евра поради зголемувањето на минималната плата.

За 2024 година важи преоден опсег од 538,01 до 2.000 евра.

Со Midijob, вработените имаат сеопфатна заштита во здравственото, пензиското осигурување, осигурувањето за невработеност и грижата, но не мора да плаќаат целосни придонеси за социјално осигурување.

Целосната заработка сепак ќе се земе предвид за подоцнежно пензионирање. Во мини бизнис, сепак, подлежите само на пензиско осигурување.

Феникс Магазин

Continue Reading

Балкан

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ – Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

Published

on

И Србија, како и другите земји, се соочува со проблеми во автомобилската индустрија, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој претходно денеска присуствуваше на седницата на Владата.

-Проблеми има и во Германија и во цела Европа, а овие проблеми веќе ги гледаме во секоја автомобилска компанија во земјава, а ќе ги има повеќе. Не може Германија да отпушти 70.000 работници, а овде се да биде таман, а ние соработуваме само со најголемиот дел од германската индустрија – рече претседателот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк