1. КДР0102В01061 Советник – внатрешен ревизор, Одделение за внатрешна ревизија, Сектор за внатрешна ревизија(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент) – најмалку 3 (три) години работно искуство во струката Општи работни компетенции – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – стратешка свест – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:00 до 15:00 – Опис за работното време Паричен нето износ на плата: 26.759,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.
2. КДР0102В02050 Виш соработник за евиденција и пријава на штети по осигурување, Одделение за заштита, безбедност и осигурување, Сектор за заштита и контрола(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови – ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Социологија, Организациони науки и управување – најмалку 2 (две) години работно искуство во струката Општи работни компетенции – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – стратешка свест – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:00 до 15:00 – Опис за работното време Паричен нето износ на плата: 24.315,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.
3. КДР0102Г04006 Помлад референт за административно технички работи, Одделение за правни работи, Сектор за општи и правни работи(1) извршител(и) Општи услови – да е државјанин на Република Македонија, – активно да го користи македонскиот јазик, – да е полнолетен, – да има општа здравствена способност за работното место, – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност. Посебни услови – ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование – со или без работно искуство во струката Општи работни компетенции – учење и развој – комуникација – остварување резултати – работење со други/тимска работа – ориентираност кон странките/засегнати страни и – финансиско управување Посебни работни компетенции – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) Распоред на работно време – Работни денови понеделник-петок – Работни часови неделно 40 – Работно време од 07:00 до 15:00 – Опис за работното време Паричен нето износ на плата: 19.297,00 денари НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Македонец(ка) 1.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.
Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството. Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.
Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.
Со Свечена академија која се одржа во Центарот за култура, Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, одбележа „80 години настава на современ македонски јазик“. На настанот, на кој присуствуваа голем број гости, плакети за особен придонес во развојот на современиот македонски јазик им беа доделени на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, градоначалникот Тони Коњановски, Научната советничка во институтот за македонски јазик, проф. Др Веселинка Лаброска, на Aкадемик и претседател на МАНУ, проф.др Живко Попов и Академик проф. Др. Владо Камбовски.
Во своето обраќање пред присутните, претседателката Сиљановска Давкова, нагласи дека, мораме да си го сакаме, негуваме и чуваме македонскиот јазик, затоа што така ќе го сочуваме нашиот заеднички дом, Македонија.
„Македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неразделен квартет. Каква моќна меморија и порака има оваа гимназија. На првиот час се рецитирале Миладинов и Рацин на мајчин јазик, на македонски според стандардите што ги пропишал нашиот значаен, најзначаен лингивист и македонист Блаже Конески. Како претседателка и долгодишна професорка, како некоја која својот живот го посветила на образованието, горда сум на вашите достигнувања. Вие сте вреден и посветен колектив на даскали во најубавата смисла на зборот. Успесите што ги споменав се потврдени со бројни и значајни одликувања, награди и признанија. 80 години се зад нас, но пред нас се нови столетија“, рече претседателката Сиљановска Давкова.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека овие денови, кога накратко, ретроспективно со серија настани поминуваме низ времето зад нас, со највисоки суперлативи можеме да дадеме признание на секој поединец кој се образувал и работел во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, затоа што заложбите за напредок на институцијата никогаш не замреле, напротив, од година во година, станувале се поголеми, а континуираниот успех и денес создава млади и успешни личности, со големи достигнувања во различни области.
„Темелите на успехот се создаваат само со добро знаење, познавање на сопствениот идентитет, јазик, култура, традиција. Знаењето за нашата богата македонска историја е токму она што ги гради нашите човечки вредности, не поучува, обврзува и насочува кон нашиот придонес, како академски граѓани и градители на татковината. Битола е град кој во себе сочувал големо културно – историско наследство, а Гимназијата „Јосип Броз Тито“ е меѓу најважните институции во нашиот град, затоа што токму оваа воспитно – образована институција, е една од првите гимназии во Македонија, во која на денешен ден, пред точно 80 години започна да се изведува настава на македонски јазик. Низ годините низ училишните клупи на ова училиште поминале генерации успешни луѓе, лекари, архитекти, инженери, професори, уметници, научници кои негувајќи ги сопствените јазични вредности, едуцирајќи се и образувајќи ги новите генерации станале вистински промотори на Битола и Македонија, насекаде низ светот. Во основа на сите стекнати знаења, лежи моќта на јазичното изразување кое создава соодветна нарација, го открива непознатото и ги креира убавините кои треба да бидат дел од нашето опкружување. Горди на постигнатите успеси, продолжуваме да бидеме афирматори и промотори на нашиот македонски јазик, кој ни овозможил да започнеме да ги разбираме промените околу нас, но и да бидеме иницијатори на нови позитивни промени. Одбележувањето на еден ваков јубилеј, истовремено ги сублимира впечатоците на многу генерации, потсетува на личниот печат кој секој вработен го оставил во институцијата, посебно подеднакво истакнувајќи ја важноста и на формалното и на неформалното образование“, рече градоначалникот Коњановски, потенцирајќи дека успесите на младите луѓе, продолжуваат да ги негуваат идентитетските карактеристики, да ја градат иднината на нашата татковина, на нашиот град и да ја креираат визијата за прогресивност и успешност.
Директорката на Гимназијата, Лидија Споа, истакна дека училиштето останува столб на заедницата место каде се гради иднината, се почитува минатото и се остава простор за нови идеи и перспективи.
„80 години успех се доказ за нејзината важност и трајност како центар на знаењето, културата и духовното богатство. Оваа гимназија е повеќе од образовна институција. Угледот и успесите на Гимназијата ги потврдува фактот што тука завршиле осумнаесет академици од МАНУ, шест народни херои, градоначалници, ректори, декани, конзули, познати лекари, архитекти, јазичари, правници, уметници, економисти спортисти. Гимназијата е симбол на борбата за културна сувереност и е место каде иднината се проектира низ призмата за сегашноста“, рече меѓудругото директорката Споа.
На Свечената академија, беше изведена претставата насловена „Експериментум Македоникум“, подготвена под менторство на професорките по македонски јазик Даниела Петровска и Симона Петровска, а во истата учествуваа ученици од сите четири години во Гимназијата.
Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг.
Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти сега се сомнева дека зад ова стои саботажа организирана од Русија, пишува „Шпигел“.
Еден од уапсените, според медиумот, признал дека добиле понуда преку апликацијата „Вајбер“ од руски државјанин, кој им нудел по 100 евра за секој оштетен автомобил. Исто така, им било ветено дека ќе добијат правна помош доколку бидат фатени.
Четворицата осомничени – од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија – веќе се ослободени од притвор, но истрагата продолжува. Обвинителството сè уште не открива детали за нивните мотиви, но безбедносни извори предупредуваат дека ова би можело да биде дел од насочена кампања за дестабилизација и политичко влијание во Германија, особено пред предвремените избори на 23 февруари.