Connect with us

Инфо +

Со 179 000 следбеници на инстаграм се кандидирала на избори, смешно е колку гласови добила

Published

on

Македонија

Уапсен тетовец баран за тешки кражби

Published

on

policija

На 27.01.2025 на ул.,,Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.Ќ.(32) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување казна затвор од три години, четири месеци и 26 дена за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната.

Continue Reading

Инфо +

Тетовско село утре ќе биде без струја

Published

on

Утре, на 29 јануари 2025 година, во периодот од 11:00 до 12:00 часот, дел од тетовското село Јегуновце ќе биде без струја. Прекинот ќе ги опфати детската градинка во селото и делови од фабриката Југохром.

Continue Reading

Европа

ЕВРОПА МОРА ДА СЕ БРАНИ Шолц и премиерката на Данска ги осудуваат сите територијални амбиции

Published

on

Останува на Европа да ја дефинира иднината на нашиот континент и мислам дека треба да преземеме поголема одговорност за сопствената безбедност, за зајакнувањето на нашата одбранбена индустрија, а и да ја зголемиме нашата поддршка за Украина, да се спротивставиме на руското и на кинеското влијание, да инвестираме во нови технологии, да ги зголемиме нашата конкурентност и нашата економска сигурност, наведе премиерката на Данска, Мете Фредериксен.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, на денешната средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц, во Берлин, упати апел за пообединета Европа, посветена на посилна одбрана.

– Потребна ни е посилна и порешителна Европа која сѐ повеќе ќе стои сама за себе, способна да ги брани и да ги промовира Европа и европските интереси. Останува на Европа да ја дефинира иднината на нашиот континент и мислам дека треба да преземеме поголема одговорност за сопствената безбедност, за зајакнувањето на нашата одбранбена индустрија, а и да ја зголемиме нашата поддршка за Украина, да се спротивставиме на руското и на кинеското влијание, да инвестираме во нови технологии, да ги зголемиме нашата конкурентност и нашата економска сигурност – наведе Фредериксен.

Шолц истакна дека ги осудува сите територијални експанзионистички амбиции.

– Неповредливоста на границите е основен принцип на меѓународното право. Принципот мора да важи за сите – истакна Шолц.

Ниту Фредериксен ниту Шолц не ги спомнаа територијалните барања на американскиот претседател, Доналд Трамп, за преземање на контролата врз огромната ретко населена и главно автономна данска територија, Гренланд.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк