Connect with us

Инфо +

Единствениот градоначалник во земјата на кого работниот ден му почнува во бел мантил

Published

on

Работам се што треба – и да подадам вода, и да сменам инфузија, и да поткренам пациент, и да прегледам“, вели прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, волонтер на Инфективното одделение во прилепската болница. Тој е единствениот градоначалник во земјата на кого работниот ден му почнува во бел мантил. Секое утро во 7 часот во скафандер, под маска и визир се упатува кон Инфективното одделение во општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. Таму волонтира до 10 часот, потоа заминува кон општината каде го чекаат многубројни обврски. Кога обврските во општината ќе завршат, повторно го облекува скафандерот. Се враќа во болницата во 19 часот, каде волонтира уште неколку часа. Следниот ден – ист распоред, иста маршрута, и иста желба – да им помогне на болните од Ковид -19, да им помогне на лекарите, мединските сестри, техничари… Волонтирањето продолжува и во деновите од викендот.

Мора да се помогне

Вака, веќе 12 дена изгледа секојдневието на Илија Јованоски, градоначалник на општина Прилеп, по професија лекар – специјалист ортопед. Кога на 11-ти ноември Јованоски најави дека ќе почне да волонтира, неговите сограѓани не беа изненадени, бидејќи во градот е познат лекар, хуманист, секогаш подготвен да помогне. Во разговор за ДВ, реномираниот ортопед објаснува кој бил пресудниот момент да „скрши нога“ и да се стави на располагање на Инфективното одделение во болницата.

„Како градоначалник на Прилеп и шеф на Општинскиот кризен штаб, јас и мојот тим постојано укажувавме на мерките за заштита, на неоходноста од носење маски, дистанца… Вложивме многу напори, одржавме многу прес -конференции, а гледам бројките растат и стануваат загрижувачки. Решив со личен пример најдиректно да се вклучам во битката против болеста. Лекар сум, знам во вакви времиња колку е важна и помошта за пациентите, и помошта за колегите. Не сакав да се наметнувам. Најпрво разговарав со директорот на болницата и со колегите од Инфективното одделение, и им ја понудив мојата помош, која со задоволство беше прифатена“, објаснува Јованоски.

Одлуката е вредна за почит, со оглед дека и самиот спаѓа во возрасна група која е поранлива на вирусот.

„Знам дека припаѓам на ризичната група од возраст над 60 години, каде е поголема можноста да добијам инфекција или да заболам. Но, тоа е пресметан ризик. Како општествено одговорен граѓанин и како лекар кој се обврзал на Хипократовата заклетва, решив да се ставам на располагање на моите колеги, од секој аспект. Се чувствувам здрав и сметам дека можам да издржам“, дециден е Јованоски.

На познат терен

Во прилепската општа болница тој е на познат терен. Пред да стане градоначалник таму бил директор, а бил и заменик директор во периодот од 1995 до 1998 година. Во лекарската кариера зад себе има околу 6.000 операции. Но, денес работи сѐ што налага состојбата и потребите.

„Работам се што треба – и како болничар, и како медицински техничар и како лекар. И да подадам вода, и да сменам инфузија, и да поткренам пациент, и да го прегледам“, вели Јованоски.

Има пофални зборови за ангажманот на раководството на болницата и за севкупниот медицински персонал, бидејќи битката со Ковид-19 не е само на Инфективното одделение, туку и на одделението за уво, нос и грло, на очно, дел на гинеколошкото, и во еден тракт од интерното одделение. Вели дека со ангажман на болницата биле зголемени и капацитетите на Дневниот центар каде 50-тина пациенти во полесна состојба добиваат терапија и инфузја, па сега е обезбедена и дополнителна просторија за тие потреби во одделението за физикална терапија.

„Сите работат многу, преоптоварени се, персоналот не може секаде да стигне. Во првите денови од моето волонтирање забележав дека поради таа оптовареност и презафатеност,недостига медицинска нега. Помогнав да се ангажираат осум негователки, по две во смена, посветени на нега на немоќни пациенти. Работат во смена од 12 часа. Надоместокот за нивната работа ќе биде обезбеден од донации на економски субјекти од општината, за битката со Ковид-19“, вели Јованоски.

Со оглед дека и други субјекти се понудиле за помош, се надева дека на тој начин наскоро ќе биде обезбедена и нова бројка на потребни монитори на кои се следи состојбата на пациентите – работата на срцето, притисок, пулс, сатурација…

Јованоски дома не треба да објаснува зошто голем дел од денот го поминува во болницата и зошто е битна секоја помош на здравстените работници. Тоа подеднакво добро го знае и неговата сопруга Виолета, која работи како лекар трансфузиолог во истата болница.

„И двајцата сме секојдневно изложени, така што – нема место за паника“, вели Јованоски.

www.dw.mk

Македонија

ТРАМП СЕРИОЗНО САКА ДА ГО КУПИ ГРЕНЛАНД Државниот секретар на САД вели дека нема простор за шегување

Published

on

Претседателот Трамп го објави она што има намера да го направи, а тоа е да го купи. Ова не е за стекнување земјиште заради стекнување земјиште. Ова е наш национален интерес и треба да се реши, рече американскиот државен секретар Марко Рубио.

Американскиот претседател Доналд Трамп е сериозен во намерата да го купи Гренланд, изјави државниот секретар Марко Рубио, откако Данска беше потресена од неговите закани дека ќе ја преземе автономната данска територија.

Во интервју, Рубио ја омаловажи заканата од САД да користат воена сила против Данска, сојузник на НАТО, но за забелешките на Трамп за Гренланд рече: „Ова не е шега“.

– Претседателот Трамп го објави она што има намера да го направи, а тоа е да го купи. Ова не е за стекнување земјиште заради стекнување земјиште. Ова е наш национален интерес и треба да се реши – рече Рубио.

Осврнувајќи се на гаранциите на НАТО за Данска, Рубио рече:

– Ние имаме договор за одбрана со нив за да го заштитиме Гренланд доколку биде нападнат – изјави Рубио за радиото SiriusXM.

Continue Reading

Македонија

ПРИСВОИЛ НАД 25 МИЛИОНИ ДЕНАРИ И ЗАТАИЛ ДАНОК ОД 6 МИЛИОНИ Бизнисмен од Василево не пријавувал добивка пет години

Published

on

Како што информираат од Управата за финансиска полиција, К.Х. во периодот од 2019 до 2024 година свесно и со намера ја присвоил акумулираната добивка од 25.174.878 денари, намалувајќи ја основната главнина на фирмата и избегнувајќи пресметка и плаќање на законските давачки.

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против К.Х., сопственик и управител на конфекциската компанија „Хелена ДООЕЛ“ од Василево, Струмица, поради сомнение за даночно затајување во вредност од над 6,1 милиони денари.

Како што информираат од Управата за финансиска полиција, К.Х. во периодот од 2019 до 2024 година свесно и со намера ја присвоил акумулираната добивка од 25.174.878 денари, намалувајќи ја основната главнина на фирмата и избегнувајќи пресметка и плаќање на законските давачки.

„Осомничениот не извршил отпис на застарени побарувања од купувачи во износ од 13.973.029 денари, а дополнително присвоил текстилни производи вредни 9.959.394 денари, без да ги евидентира во сметководствената евиденција како кусок. Со тоа, избегнал плаќање на данок на добивка и ДДВ во значителни суми“, информираат од Финансиската полиција.

Од Управата додаваат дека пријавениот пет години не поднел завршни сметки до Управата за јавни приходи (УЈП) и Централниот регистар, што дополнително ја прикрило незаконската активност.

„Со ова, пријавениот избегнал пресметка и уплата на данок на добивка во износ од 2.094.156 денари, како и данок од неотпишаните побарувања во висина од 1.397.303 денари. Дополнително, за неевидентираниот кусок на производи, не платил данок на додадена вредност од 1.792.691 денари и данок на добивка од 872.079 денари. Вкупно, Буџетот на Република Северна Македонија е оштетен за 6.156.229 денари“, нагласуваат од Финансиската полиција.

Случајот е предаден на Основното јавно обвинителство во Струмица, кое треба да одлучи за следните правни чекори.

Continue Reading

Македонија

Дневен хороскоп за петок, 31-ви јануари 2025-та

Published

on

ОВЕН
Фокусирајте се на вашиот внатрешен потенцијал и можноста да го манифестирате најдоброто јас. Опуштете се и оставете стравовите да останат во заднината додека се стремите кон хармонија. Запомнете дека вашата улога е позначајна отколку што сфаќате. Смело тргнете напред и не двоумете се да ја претворите вашата ранливост во сила.

БИК
Денеска ќе имате можност да ја искористите вашата интуиција во стремежот кон постигнување на долгорочни цели. Верувајте им на вашите чувства за да го пронајдете вистинскиот пат. Тешкотиите на коишто наидовте досега ќе бидат надминати, затоа напредувајте со самодоверба. Запомнете дека имате моќ што ги надминува вашите очекувања.

БЛИЗНАЦИ
Денеска потсетете се на огромниот потенцијал што го поседувате и кој е дел од вашата суштина. Наместо да се стремите кон совршенство од самиот почеток, дозволете си да започнете со полесни напори и да уживате во патувањето. Способноста да се комбинираат логиката и креативноста е клучот за вашиот успех. Искористете ја оваа рамнотежа за да создадете нешто магично.

РАК
Ќе имате можност да замислите живот исполнет со хармонија, каде радоста се шири меѓу сите. Вистинското изобилство не доаѓа од алчност, туку од дарежливост и споделување. Верувајте ѝ на вашата интуиција, која ќе ве води до скриените богатства. Вашата великодушност ќе привлече позитивна енергија кон вас и кон оние околу вас.

ЛАВ
Насочете ја својата енергија кон позитивни мисли и зборови кои ќе ви го збогатат денот. Ослободете се од грижите и верувајте во вашата интуиција, која ќе ве води низ секоја препрека. Постапувајте со смирена самодоверба што ја поседувате. Вашата иднина носи возбудливи можности.

ДЕВИЦА
Денеска е ден за откривање нови хоризонти и можности. Како семе кое посегнува по сонцето, и вие можете да се ослободите од ограничувањата и да го ослободите својот потенцијал. Изразете ја вашата единствена суштина и гледајте како трансформацијата ве води до позначаен и поисполнет живот.

ВАГА
Денеска вашите заемни односи се светлината што го осветлува вашиот пат. Гледајте ја љубовта како сила што ве води низ сложениот лавиринт на секојдневниот живот. Наместо да се фокусирате на рамнотежата меѓу давање и земање, ценете го изобилството од поддршка и љубов што веќе ги имате. Создадете подлабоки врски кои ве исполнуваат со радост и значење.

ШКОРПИЈА
Денеска ќе почувствувате како вашата внатрешна сила расте и ќе ви го трансформира животот. Моментот е погоден за акции водени од инспирација и решителност. Додека ја користите оваа енергија, не заборавајте да си дадете време за одмор и размислување. Сега се отвораат нови можности пред вас и ве охрабруваат да продолжите напред.

СТРЕЛЕЦ
Денеска дозволете си да блеснете со својата автентичност и уживајте во животот без непотребни грижи. Вашата креативна енергија тече како река, внесувајќи свежина и нови можности. Верувајте му на вашето чувство за магијата што ве опкружува и визуелизирајте го животот што го посакувате. Верувајте дека веќе сте на пат да го постигнете тоа.

ЈАРЕЦ
Денеска треба да покажете решителност и да ја покажете силата што ја поседувате. Сепак, можеби ќе треба да се прилагодите на неизбежните промени. Флексибилноста ќе ви овозможи да најдете нови начини да го изразите својот потенцијал. Искористете ја оваа енергија за да ги постигнете вашите цели.

ВОДОЛИЈА
Денот е погоден за ослободување од токсичност и за наоѓање мир во себе. Дозволете си да уживате во малите радости и лесно да гледате на животот. Среќата доаѓа кога ќе одберете да ја создадете во вашиот внатрешен свет. Во оваа атмосфера на спокојство ќе најдете инспирација за нови идеи.

РИБИ
Денеска сте особено креативни, затоа искористете го моментот за да го развиете својот потенцијал. Грижете се за себеси и работете само на вашите најважни цели. Внимателно поедноставете ги вашите задачи и дадете приоритет на она што навистина е важно за вашата иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк