Connect with us

Инфо +

“Мајка ми ја отпишаа од живите бидејќи имаше над 70 години!”

Published

on

Рекоа, чекајте да дојде доктор и да ви земе податоци. Чекавме, 4 саати, доктор НЕ ДОЈДЕ, само се јавија да ни соопштаат дека починала“.
Неколку дена по смртта на мојата мајка, конечно собрав сила да ја опишам голготата низ која поминавме, пишува една скопјанка во Фејсбук групата „Ковид 19 – искуства и совети“.

Во продолжение, ви го пренесуваме нејзиното сведоштво во целост:

„76-годишна жена, пациент на дијализа, позитивна на ковид, со пад на сатурација, висока температура и наод на плуќата, за што доктор претходно порача ИТНА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА, по извршената дијализа во ковид центарот во ‘8-ми Септември‘, оставена е во ходник сама без никаква медицинска нега.

Чека да ја донесеме дома. Зошто? Затоа што немало кревет за неа, креветот се чувал за некој помлад. Нормално, дома без соодветна терапија ситуацијата драматично се влошува. Утредента во полукоматозна состојба доаѓа брза помош (секоја им чест), но и тие уплашени, кажуваат дека не знаат каде да ја носат, во болница не им ги примале пациентите, особено постарите.
На наше настојување докторката решава да се обиде да ја примат во ‘8-ми Септември‘ како нивен пациент. По 30-минутно чекање во комбето, докторката се враќа и ни кажува дека нема да ја примат, едноставно над 70 години не примаат во ‘8-ми Септември‘. Сакаат да ја вратат дома, а сатурацијата е 60. На наше очајно инсистирање, сепак брзата помош се решава да се обиде на клиника. И таму чекање 30 минути во комбето, за на крај сепак да се смилуваат и да ја примат на гастро. Рекоа, чекајте да дојде доктор и да ви земе податоци. Чекавме, 4 саати, доктор НЕ ДОЈДЕ, само се јавија да ни соопштаат дека починала.

Чувајте се сите, а особено чувајте ги вашите постари сакани. Државата едноставно не им дава шанса да преживеат, а зошто, не знам. Можеби да го растеретат пензискиот фонд?! Па и тие луѓе можат да поживеат уште 10-20 години, но и покрај тоа што цел работен век плаќале здравствено осигурување, на нив им е скратено основното право, правото за лекување, оставени се на немилост, само затоа што се стари, а системот оптеретен.

Разбирам дека е оптеретен здравствениот систем, но исто така и очигледно е дека министерот за здравство, кој слободно може да си ја смени титулата со министер за смрт (затоа што со овие бројки на смртност така и ќе биде запаметен) ниту е способен, ниту може да се справи со ситуацијата во која се најдовме.

Би било добро да си се врати во болница и да го работи тоа што најдобро го знае, а раководството со здравствениот систем да го препушти на некој поспособен. И на крај, две прашања ќе ме мачат: Дали мајка ми ќе преживееше ако место да ја исфрлеа во ходник, да ѝ дадеа навремено соодветна венска терапија и кислород? Дали ако Илија Филипче се зарази со ковид ќе го примат во ‘8-ми Септември‘, бидејќи, нели, тој има над 70 години?!

И го повикувам Венко Филипче да излезе и јавно да објави дека во ‘8-ми Септември‘ е забрането да примаат пациенти над 70 години. Јавноста мора да знае, особено постарите каде да се обратат во случај на компликации од вирусот“, пишува скопјанката.

Инфо +

Мисајловски вели дека има правни проблеми со набавката на хеликоптерите за армијата

Published

on

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави ревизија на договорот за хеликоптери од „Леонардо“, вреден 249,5 милиони евра, поради технички прашања. Поранешната министерка Славјанка Петровска тврди дека договорот е правно обврзувачки и ќе биде реализиран според планот.

Најголемиот договор на Министерството за одбрана под ревизија

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, објави дека договорот за набавка на осум транспортни хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“, вреден 249,5 милиони евра, е под ревизија. Иако договорот ќе се почитува, се проверува техничкиот ангажман потпишан од поранешната министерка Славјанка Петровска и италијанскиот министер Гуидо Кросето, кој, според Мисајловски, не е заверен во архивата на Министерството за одбрана.

  • Станува збор за договор кој беше склучен набрзина пред изборите. Техничкиот ангажман не е заверен и тоа мора да го решиме правно за да бидеме покриени,“ изјави Мисајловски.

Петровска: „Договорот е правно валиден и обврзувачки“

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, го отфрли сомнежот за правната валидност на договорот, истакнувајќи дека тој е резултат на долгогодишна работа на интегрирани експертски тимови.

  • „Договорот е склучен со компанијата „Леонардо“ и заверен во архивата. Италијанската влада ја гарантира неговата примена. Техничкиот ангажман е одобрен од двете влади и е правно обврзувачки,“ нагласи Петровска.

Детали за договорот со хеликоптери

Договорот за хеликоптерите опфаќа повеќе компоненти:

  • Осум транспортни хеликоптери од типот AW149 и AW169M, кои ќе се испорачуваат во периодот од 2026 до 2028 година
  • Логистичка поддршка
  • Обука за персоналот
  • Изградба на современ инфраструктурен објект

Мисајловски нагласи дека исплатата на 35 милиони евра е предвидена за јануари 2024 година, откако аванс од 39 милиони евра веќе бил исплатен при склучувањето на договорот.

Потребна транспарентност

Мисајловски уверува дека Министерството за одбрана ќе продолжи со реализацијата на договорот, но дека се потребни дополнителни правни чекори за негово целосно почитување. Од друга страна, Петровска останува на ставот дека договорот е целосно легитимен и ќе биде имплементиран во согласност со договорените рокови и обврски.

Continue Reading

Македонија

Колкави плати земаат полицајците низ земјите во ЕУ?

Published

on

Полицијата игра клучна улога во одржувањето на јавниот ред и безбедноста на граѓаните со сите земји. Со цел да се поддржи оваа суштинска активност, европските влади секоја година издвојуваат значителни средства.

Во 2022 година, јавната потрошувачка за одржување на редот и законот во Европската унија изнесуваше 1,7 отсто од БДП. Врз основа на проценките од калкулаторот за плати на официјалната статистичка служба на ЕУ, Евростат, „Euronews Next“ ги анализираше платите на полицајците во ЕУ и Велика Британија и дојде до заклучок дека Шпанија е најслаба меѓу „големата четворка“ во Европа во плаќањето на оваа важна дејност.

Во 2023 година, месечните бруто плати за полицајците се движеа од 699 евра во Бугарија до 5.761 евра во Данска. Овие податоци се однесуваат на 35-годишен полицаец со повеќе од 10 години искуство, завршено високо образование и 36-часовна работна недела.

Освен во Данска, платите на полицајците надминале 4.000 евра и во три други земји. Германија, Луксембург и Белгија ја следат Данска со заработка од околу 4.200 евра, додека полицајците во Холандија заработиле 3.881 евро, а во Ирска 3.576 евра.

Меѓу четирите најголеми економии на ЕУ, шпанските полицајци повторно имаа најниски плати во 2023 година – 2.271 евро.

Во Франција полицаец со горенаведените квалификации заработил 3.395 евра, додека во Италија таа сума изнесувала 2.537 евра.

Во пет земји од ЕУ, полицајците заработиле помалку од 1.250 евра. Платите биле нешто под оваа сума во Унгарија, Полска, Романија и Хрватска, каде што надминале 1.050 евра, додека полицајците во Бугарија имале најниски плати – само 699 евра.

Continue Reading

Македонија

Две сообраќајки за неколку часа на патот кон Тетово – камион на “Македонија Пат” учествувал во едната од нив

Published

on

Новинарот Фуркан Салиу вечерва преку социјалните мрежи пишува за две сообраќајни несреќи на исто место – Тетово, неколку километри по првата патарина, во која сета среќа е што нема жртви.

“Во 18:20 моите колеги се упатуваат кон Тетово со моето возило. На неколку километри после првата патарина, на темно место, без никаква сигнализација удираат во камион кој што пробал да закочи да не удри во застанат камион на Македонија Пат.

Камионот на Македонија Пат предходно се судрил со друго возило. Тоа се случило во 16:00 часот.

Била повикана полиција. Полицијата доаѓа после 21:00, откако се случува втората сообраќајка. Во меѓувреме на местото на настанот нема ниту соодветна сигнализира, на кривина во дел каде што нема ниту осветлување.

Тоа што вечерва нема жртви е чиста среќа.

Доаѓа возило на брзата помош, ги носи моите колеги во Воена болница и ги остава таму. Ги замолуваат да се упатат во градска затоа што докторот е на операција”, пишува Салиу.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк