Connect with us

Инфо +

Шилегов: Спомениците од Скопје 2014 да се однесат на депонија во Ѓорче Петров

Published

on

Зошто да не ги однесеме сите споменици на едно место? На пример тоа би можело да биде во расчистената депонија во Ѓорче. Ќе изгледа како мементо парк, што ќе можат да го посетуваат сите кои сакаат да се сеќаваат на малото диктаторче. Таков пример имаме од Унгарија, која сите споменици од комунизмот ги однесе во т.н. мементо парк, рече Шилегов.

Тој нагласи дека тоа би било одлично решение со оглед на сериозната поделеност на општеството.

– Мојот став во врска со проектот Скопје 2014 е непроменет, но сметам дека дека треба да имаме разбирање за чувствата на одредени граѓани, затоа дислокацијата ќе ја направиме на начин што никој нема да биде навреден, додаде Шилегов.

Скопскиот градоначалник ги сака диносаурусите, а му пречат спомениците на Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Солунските атентатори…

Македонија

Граѓаните можат да бидат спокојни, порача директорот на АНБ

Published

on

„Како тие би знаеле дали јас сум предупредил некого или не? Тоа се класифицирани информации, не можам да ви дадам детали. Ние сме во тек со сите случувања и превентивно и реактивно. Како за претходните, така и за оваа ситуација сме биле оперативно насочени кон превенција на насилен екстремизам, а ќе бидеме и понатаму. Имаме одлична соработка со сите безбедносни органи. Граѓаните можат да бидат спокојни“, изјави Бојан Христовски, директор на Агенција за национална безбедност.

По обвинувањата од опозицијата дека, овие служби потфрлиле затоа што не ја известиле навреме полицијата, директорот на Агенцијата за национална безбедност прашува, како тие можат да знаат дали навистина било така?

Оргиналниот прилог на Телма ТВ

Миснитерот за внатрешни работи Панче Тошковски тврди дека има докази за вмешаност во инцидентите на кадри од ДУИ, оттаму, рече и дека се срами кога ги слуша нивните барања за негова оставка. И од владејачката коалиија „Вреди’ обвинија дека инцидентите биле предизвикани по околните улички од страна на кадри на ДУИ, а дека прославата на скопскиот плоштад „Скендер бег“ била уредно пријавена во МВР од страна на општина Чаир и таму ситуацијата била мирна.

Continue Reading

Македонија

КОН МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ДОАЃААТ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Попоски ги соопшти деталите

Published

on

Во текот на денешното попладне, како и во текот на претстојната ноќ, територијата на Македонија ќе биде зафатена од нова многу голема влажна воздушна маса, која е во склоп со студената воздушна маса од север, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Во ваква ситуација, ќе има нови обилни врнежи, кои во западните, југозападните  и во северозападните предели од државава ќе бидат од дожд и снег во пониските места, понекаде и влажен снег, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. На планините значително ќе се зголеми снежната покривка (се очекува нов снег од над 60/70 цм), додека на повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 сантиметри, понекаде и до 40 цм, додека снежна покривка во погоре споменатите предели ќе се формира и во повеќето градови, понекаде со висина од 10 до 20 цм, локално и повеќе.

Ќе дува ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси.

Што се однесува до Скопскиот регион, таму очекуваме врнежи од дожд, повремено од дожд и снег во делови од Скопската котлина, додека во повисоките предели од котлината, како и на околните планини ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 6 степени, во Скопје температурата ќе се искачи до околу 3 степени.

Апелираме, доколку патувате низ планинските превои, да бидете крајно внимателни со своите возила, поради очекуваните нови обилни врнежи од снег“, вели тој.

Continue Reading

Балкан

Денот на албанското знаме со рафали прослевен и во Љубљана

Published

on

Денот на албанското знаме со рафали прослевен и во Љубљана.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види и слушне дека денот на албанското знаме со рафали и пукотници е прославен и во членката на ЕУ, Словенија

https://x.com/jankuc96/status/1862463057923858920?s=46&t=vTyGSpkk2_wOQuFz-saisg

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк