Connect with us

Инфо +

Го нападнал лекарот од Брзата помош кој го повикал да му помогне

Published

on

На 03.12.2020 во 01.55 часот во СВР Скопје, од Итната медицинска помош било пријавено дека нивна екипа била физички нападната на ул.„Втора македонска бригада“, информира МВР.

Според пријавеното, нивната екипа отишла на местото на повик во врска со лице во бессознание, па додека му била укажувана помош, лицето се освестило и физички го нападнало лекарот А.Ф..

Полициски службеници излегле на местото и го обезбедиле С.Л.(57) од Скопје, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, а по целосно документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна пријава

Македонија

Затворен патот Охрид – Ресен преку Галичица

Published

on

Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица од вчера е затворен за сообраќај за сите видови на возила, информираа од ЈП Македонијапат.

Од вчера започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година, потсетуваат од АМСМ.

Continue Reading

Скопје

Автобус на ЈСП излета на патот Раштак-Булачани

Published

on

Автобус на ЈСП утрово излета од патот Раштак-Булачани. Според првичните информации, нема повредени лица, бидејќи во автобусот немало патници.

Засега не е позната причината за несреќата, но извесно е дека можеби ќе треба да се проверува и техничката исправност на возилото. Не така одамна, јавноста памети дека кога автобус на ЈСП влета во жардењери кај „Мавровка“, возачот излезе на прес-конференција и обвини дека возилото било технички неисправно. Обвинителството уште го чека вештачењето.

Скопје1“ за излетаниот автобус на патот кон Булачани побара информации и од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, од кого очекуваме одговори. Детали побаравме и од МВР, особено за тоа, дали случајот е пријавен во полиција.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Толеранцијата е клучот за посреќна и поубава Македонија

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орге Ѓорѓиевски, заедно со домаќинот Висар Ганиу и колегите Александар Стојкоски, Дејан Митески, Валбон Лимани, Блерим Сејдиу и Јовица Илиевски, го одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата со акција за засадување дрвја во општина Чаир.

„Овој ден е потсетник дека мирот и разбирањето треба да ги практикуваме секој ден. Засадувањето дрвја симболизира сплотеност и заедничка одговорност за подобро утре“, истакна Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека оваа активност е доказ за силата на соработката меѓу различни култури и националности, покажувајќи дека заедничките напори можат да донесат позитивни промени.

Акцијата ја испрати пораката дека единството и соживотот се клучни за напредокот, а Македонија, како мозаик од различности, може да биде пример за мир и толеранција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк