Connect with us

Религија

Денеска е Преподобен Јован

Published

on

Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот Теодор во тој град. Но желен за осаменички живот, молитва и богомислие, Алимпиј се оддалечи на едни елински гробишта надвор од градот, од кои заради честите демонски привиденија луѓето бегаа како од страшилишта. Таму тој забоди крст, па изгради храм во чест на Света Ефимија, којашто му се јави во сон. Крај храмот подигна висок столб, се качи на него и помина таму во пост и во молитва цели педесет и три години. Ни потсмевот на луѓето ни злобата на демоните не можеа да го оддалечат оттаму ниту да го поколебаат во неговата намера. Особено од демоните овој светител претрпе безброј маки. Не само што го застрашуваа со разни привиденија туку и го маваа со камења, не давајќи му мир ни дење ни ноќе долго време. Но Алимпиј мажествено се оградуваше себеси против силата демонска со знакот на крстот и со името Исусово. Најпосле демоните победени го оставија, а луѓето почнаа да го почитуваат и да му доаѓаат барајќи ги неговите молитви, утеха, поуки и исцеленија. Околу неговиот столб се подигнаа два манастири: од едната страна машки, а од другата женски. Во женскиот манастир живееја мајка му и сестра му. Св. Алимпиј ги раководеше монасите и монахињите од својот столб преку сопствениот пример и слово, а им блескаше на сите како небесна светилка, укажувајќи им го патот кон спасението. Овој Божји угодник имаше толкава благодат, што често го озаруваше небесна светлина и над него се креваше светлосен столб до небото. Беше прекрасен и силен чудотворец за време на животот и после смртта. Поживеа повеќе од сто години и се упокои во Господ во 640 година, во времето на царот Ираклиј. Од неговите Свети мошти се чува главата во Кутлумушкиот манастир на Света Гора.

Преподобен Јован Отшелник

Од Сирија. Ученик на Св. Марон (под 14 февруари) и современик на Св. Симеон Столпник. Се подвизуваше под отворено небо, се хранеше со наквасена леќа. Правеше големи чуда, со името Христово дури и мртви воскреснуваше. Царот Лав го праша за мислење за Халкидонскиот Собор. Се упокои мирно во 457 година.

Преподобен Стилијан

Пафлагонец, сонародник и современик на Св. Алимпиј. Имаше преголема љубов кон Господ Исус Христос и заради оваа љубов се предаваше на големи подвизи. Се одрече од с ѐ , само за да има неподелена љубов кон Господа. Пред смртта ангелите се јавија за да му ја земат душата и лицето му заблеска како сонце. Беше голем чудотворец за време на животот и после смртта. Им помага особено на малечките деца и на бездетните родители.

Преподобен Никон

Родум од Ерменија. Поттикнат од Господовите зборови: „…секој којшто остави татко или мајка заради Моето име, ќе прими стопати повеќе и ќе наследи живот вечен“, Никон остави навистина с ? заради Христа и отиде во еден манастир, се замонаши. Кога се восоврши во сите добродетели, го напушти манастирот и тргна да им го проповеда на луѓето Евангелието. Непрестајно викаше: „Покајте се!“ Заради ова и го завикаа Покајание. Како проповедник обиколуваше по цела Анатолија и Пелопонез. Вршеше чуда со името Христово. Мирно премина при љубениот Господ во Спарта, во 998 година.

Свети Инокентиј Иркутски чудотворец

Се упокои во 1731 година. Чудотворните мошти му се открија во 1804 година.

Свети великомаченик Георгиј

На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле или биле нивни закрилници. Така, рамноапостолниот Владимир, во светото Крштение Василиј, изградил во Киев и Вишегород цркви во чест на светиот Василиј Велики; кнезот Изјаслав Први (1054 – 1068), во крштение Димитриј, изградил во Киев храм и манастир во името на светиот великомаченик Димитриј (се слави на 26 октомври/8 ноември); кнезот Јарослав Мудри (1019 – 1054), во светото крштение Георгиј, положил темели на црквата и на машкиот манастир во чест на својот светител закрилник, светиот Георгиј (се слави на 23 април/6 мај), а исто така изградил храм и во името на маченичката Ирина (се слави на 5/18 мај), закрилничката на неговата сопруга. Црквата во чест на светиот великомаченик Георгиј се наоѓала пред вратите на Света Софија (Киевска), на неговата изградба кнезот Јарослав потрошил многу средства, а во изградбата на храмот учествувале голем број градители. На 26 ноември/9 декември црквата била осветена од страна на архиерејот Иларион, Митрополитот Киевски (се слави на 21 октомври), и било востановено секоја година на овој ден да се празнува овој голем настан. По молитвите на свети Георгиј Победоносец, Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј н? и спаси н?. Амин!

Религија

Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви

Published

on

Папата Франциск денеска изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците.

„Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот за Велигден заради единство.

Ова е година на благодатта, можност за сите христијани кои веруваат во ист Бог, повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството кое сите сакаме да се случи“, порача папата.

Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден и во Грегоријанскиот и во Јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.

„Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заеднички датум за Велигден“, рече папата Франциск.

Continue Reading

Религија

Строг пост само на вода – Се празнува Водокрст

Published

on

Ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.

Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.

Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.

Continue Reading

Религија

Многу важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година

Published

on

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

На тој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк