Connect with us

Инфо +

Д-р Софијанова: Детската клиника ќе ги отвори вратите за татковците и за миленичињата

Published

on

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова најви дека детската клиника ќе стане „Father friendly“ и „Pet friendly“ болница,. Таа најави дека ќе го среди неонаталниот и педијатрискиот транспорт за да се овозможи побрз транспорт на дечињата од регионалните центри во Детската болница во Скопје.

-Јас сум европски ориентиран човек и верувам дека ќе ја срушиме стигмата да се дозволи престој на татковците со децата во Клиниката.Предност им се давала секогаш на мајките најмногу поради доењето и потребата на бебето и детето од мајката, но ќе се потрудиме да не ги дискриминираме и татковците.

Има самохрани татковци до кои сакам да упатам посебна почит за вложувањето што го даваат за да ги израсната децата. Ќе се потрудам сега од оваа позиција која ја имам да ги променам работите. Со министерот Филипче ќе имаме креативни разговори, тоа што Вие го предложивте сега ќе го ставиме на агенда за делување, објасни Софијанова во Утрински Брифинг.

Македонија

Сања Божиновска: Тимот на Министерството постигна одличен успех во распределбата на ваучери

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, го пофали својот тим за брзата и ефикасна распределба на ваучери во Скопје. Според Божиновска, и покрај утринските гужви, министерството успеало да додели над 1400 ваучери до 16 часот, со што значително се намалиле редиците и времето на чекање на локациите.

„Од утринска гужва до брза реализација! Тимот на Министерството направи неверојатна работа! Сега на локациите нема повеќе чекање!“, изјави министерката.

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити: Артан Груби и неговите соработници ја инсталираа коцкарската мафија во Македонија

Published

on

Изет Меџити, критичар на актуелните политики и потезите на владата, остро реагираше на последните настани поврзани со коцкарската индустрија и влијанието на политичките фигури врз оваа област. Во својата реакција, Меџити посочи кон Артан Груби, кој според него, заедно со своите соработници, е длабоко инволвиран во коцкарската мафија, потпомогната од бугарски и српски интереси.

Меџити тврди дека Груби и неговиот соработник Крешник Бектеши неодамна изнеле неточни обвинувања со цел да ги сокријат нивните активности во коцкарската индустрија. Тој ја обвини владата дека, наместо да се бори против оваа појава, го зајакнала присуството на мафијата во Македонија.

„Еве го договорот меѓу Државната лотарија и компанијата Мегавин, каде што стои потписот на Прпарим Бајрами, директен партнер на бугарските криминални структури“, изјави Меџити, потенцирајќи дека токму Бајрами, човек близок до Груби, воспоставил коцкарско партнерство со бугарски компании.

Меџити нагласи дека коцкањето, како проблем што ги погодува младите, е сериозно прашање кое бара морална одговорност, а, како што тврди тој, одговорноста лежи кај функционерите на ДУИ кои, и покрај менувањето на владите, постојано се на власт.

„Од 2017 до 2024 година, различни партии владееја, но ДУИ беше константна. Исто така, ДУИ е таа што го зајакна коцкањето во нашето општество, за што треба да одговараат“, порача Меџити.

Continue Reading

Македонија

СЕ АСФАЛТИРА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ПОМЕЃУ ТРГОВСКИОТ КОМПЛЕКС “БЛИС” И “ЛИДЛ”

Published

on

Денес започнаа активностите за асфалтирање на дел од улицата кај новиот маркет „Лидл“ и трговскиот комплекс „Блис“, која се изведува согласно склучениот договор за “Изградба на коловоз, улично осветлување, водоводна и канализациона мрежа на улица кај Дулие – Општина Битола”.

Претходно поради новата улица се направени измени и во самиот кружен тек, а се работи и на тротоарите околу кружниот тек, а согласно одобрението сообраќаен проект за траен режим за улицата “ 8 ми септември”.
Изведувач на градежните работи е фирмата Стентон Градба, а вредноста е во висина од 18.897.776,00 денари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк