Connect with us

Инфо +

Бил Гејтс предупредува: Ова ќе биде многу тешка зима поради коронавирусот

Published

on

Основачот на “Мајкрософт”, милијардерот и филантроп Бил Гејтс во онлајн верзијата на познатото телевизиско шоу “Дејли шоу” ги предупреди гледачите на многу тешка зима поради коронавирусот.

Милјардерот објасни дека поради фактот што луѓето поминуваат повеќе време во затворено во зима, вирусот всушност поактивно се размножува.

Тој, исто така рече дека забележал дека луѓето имаат одреден замор со примена на сите правила поврзани со спречување на ширење на вирусот.

Водителот не избегна да го праша како ги коментира тврдењата на многумина дека всушност постои желба Бил да развие своја вакцина, како би можел по масовната вакцинација да влијае на луѓето низ целата планета.

Гејтс најпрво се насмеа, а потоа се обиде да даде сериозен одговор на ова прашање, каде меѓу другото рече дека вакцините му донеле многу придобивки на човештвото

Гејтс му честиташе и на Џо Бајден откако американските медиуми го прогласија за победник на изборите.

Честитки за новоизбраниот претседател Бајден и потпретседателката Харис. Благодарение на изборните службеници и активисти за кампања кои неуморно работеа за да обезбедат рекорден број Американци да гласаат во толку предизвикувачко време за нашата земја. Со нетрпение очекувам да работам со новата администрација и лидерите од двете страни во Конгресот за да се стави пандемијата под контрола, да се ангажираат партнери низ целиот свет за прашања како што се сиромаштијата и климатските промени и да се решат нееднаквостите, напиша Гејтс
Познатиот американски бизнис магнат, филантроп, писател и претседател на Мајкрософт, поседува богатство кое се проценува на повеќе од 61 милијарди американски долари. Овој 56-годишен бинзисмен се наоѓа на четвртото место на најмоќни мажи во светот.

За разлика од автомобилите кои не му се премногу интересни, Бил Гејтс е страствен колекционер на уметнички дела, вредни книги и сопственик на неколку слики, чија вредност достигнува неверојатни 36 милиони амрикански долари. Станува збор за сликата „Lost on the Grand Banks“, која американскиот бизнисмен ја купи во 1998 година.

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк