Connect with us

Религија

Денеска е Свети 15 Тивериополски маченици

Published

on

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28 ноември.

Денеска е Св. 15 Тивериополски маченици.

Од 15-те Тивериополски, т.е. Струмички маченици, четворица беа од Никеја. Еден од нив, Тимотеј, стана и епископ на Тивериопол. Друг, Теодор, веќе беше епископ и учествуваше на Првиот вселенски собор во 325 година.

Кога овие четворица дојдоа во Тивериопол, со своите зборови и со чудата, кои се криља на зборовите, многумина привлекоа кон Христа. Тоа се случуваше во времето на царот Јулијан Отпадникот, кој ги гонеше христијаните. Гласот за овие мажи стигна до Солун, па тамошните управници дојдоа во Тивериопол и ги погубија. Нивните мошти се покажаа чудотворни. Подоцна, бугарските цареви Михаил и Симеон пренесоа дел од моштите во Брегалница и ги положија во црквата што ја изградија во нивна чест.

Другиот дел остана во Тивериопол, т.е. Струмица.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Светиот папа Дамаз.

Бил папа од 366 до 384 година. Го повикал Второто Цариградско Собрание на кое, било дефинирано божеството на Светиот дух. На еден од тогашните најголеми ученици, свети Јероним, папата Дамаз му го доверил преводот на Светото Писмо на латински јазик и така настанала гласовитата Вулгата. Овој превод на Светото писмо бил многу значаен, бидејќи сите европски преводи на Библијата, се темелат на него. Папата Дамаз умрел на 80 години, богат со заслуги и успешни дела. Управувал со Црквата 18 години, подготвувајќи ја за големите преселби на народите.

Религија

Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви

Published

on

Папата Франциск денеска изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците.

„Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот за Велигден заради единство.

Ова е година на благодатта, можност за сите христијани кои веруваат во ист Бог, повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството кое сите сакаме да се случи“, порача папата.

Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден и во Грегоријанскиот и во Јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.

„Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заеднички датум за Велигден“, рече папата Франциск.

Continue Reading

Религија

Строг пост само на вода – Се празнува Водокрст

Published

on

Ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.

Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.

Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.

Continue Reading

Религија

Многу важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година

Published

on

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

На тој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк