Connect with us

Инфо +

Каракачанов: Цар Самоил е Бугарин, македонците ја крадат историјата

Published

on

Македонсците може да се наречат и Марсовци, дали тоа ќе значи и дека Цар Самоил е од Марс?

Со ова тврдење бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов застана во одбрана на тезата дека Македонија се обидува да ја присвои бугарската историја, а македонците и бугарите се еден народ.

Каракачанов потенцира дека бугарското „не“ за преговарачката рамка не е конечно, но Македонија мора да се придржува до спроведување на потпишаниот договор.

За европска интеграција на земјава според буагрскиот вицепремиер е важно да се прекине и јазикот на омраза. Вакавата позиција на Бугарија Каракачанов вели дека нема да се промени ниту по победата на Бајден и промената на американската администрација.

Очекувавме колегијален однос, но добивме задкулисни игри, нагласи Каракачанов.

Истите тези ги потврди и бугарската министерка за надворешни работи на конференцијата во Софија посветена на перспективата на регионот. 

Захариева потенцира дека бугарската поддршка никогаш не била безусловна, но разговорите помеѓу двете земји продолжуваат во обид да се најде излез од ваквата ситуација. 

Македонија

Од прослава во болница: Охриѓанец нападнат во ноќен клуб во Охрид

Published

on

На 01.01.2025 во 04.05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен Д.С.(39) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Земјотрес почувствуван во Тетово

Published

on

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е регистриран синоќа 15 минути по полноќ.

Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во соседна Албанија на 80 километри од Скопје со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.

Земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината.

Continue Reading

Македонија

Ќе имаме бериќетна година – во иста минута се родени две деца, момче на ГАК и девојче на Клиниката во Чаир

Published

on

Оваа 2025 година по се изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото момче на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Тој заедно со неговата сопруга Нора, заменик-министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Мицкоски, како и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, Клиниката за гинекологија во Скопје го посетија првороденото бебе – Јаков.

„Ако денот се познава по утрото, можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по новата година ние го породивме Јаков. На свет дојде жив машки плод со родилна тежина од 3. 190 грама и 50 см. Мајката е Сања Талевска. Јаков по името навестува убава и јака година, која се надевам на сите ќе ни биде плодна и бериќетна“, рече директорката на Клиниката, Ирена Алексиоска-Папестиев.

Таравари додаде дека оваа 2025 година по се изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото момче на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир.

„Чест ни беше што вака заедно и со Министерството за социјална политика и сопругата на премиерот и директорката ги видовме и мајката и детенцето. И двајцата изгледаат убаво, перфектно, задоволни од услугите кои ги добиле од Универзитетската клиника за гинекологија“, рече тој.

На прашањето, дали има некој неформален натпревар со царски рез да се породи бебе само за да биде прво во новата година, Таравари кажа дека воопшто не верува во тоа.

„Воопшто не верувам во тоа, нашите доктори се професионалци. Битно е што повеќе деца да ни се раѓаат, тоа е најважно. Ние имавме група во која што добивавме информации од двете клиники во Скопје. За среќа, во иста минута добивме информација за породено дете и на Гинекологија и во Чаир, така што да се множат вакви вести да имаме што повеќе новородени деца во секоја минута“, рече Таравари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк