Connect with us

Инфо +

„Не се сомневајте во Бога, само верувајте и чудото се случува!“

Published

on

Една баба одгледала 3 внуци кој ги изгубиле мајката и таткото во несреќа. Бабата била верник, па секој вторник, четврток и сабота одела во црква.

Во четвртокот бабата отишла во црква и ги оставила внуците во својот дом, едниот на 13. години, другиот на 4. години и најмалечкиот на 2 години и 8 месеци.

Ги бакнала и рекла: штом заврши службата, ќе си дојдам дома. И таа отишла во црква. 2-годишното бебе што си играло земала игла со која што бабата плетела и ја стави во штекер и бил електрициран! Постарите браќа, во обид да им помогнат на најмалите, го грабнаа детето но и тие и исто така беа електрицирани, тројцата го потрошиле животот обидувајќи се да си помогнат еден на друг. Соседите откриле што се случило и повикале брза помош, но децата веќе биле мртви кога пристигнала помош.
Бабата пристигнала од црква, каде била информирана за тоа што се случило, побрзала во болницата, ги нашла своите деца, веќе покриени со бели чаршафи.

Бабата клекнала на колена и почнала да се моли. „Господи Исусе, не отидов на прошетка, бев во твојата куќа за да ти се поклонам, ги оставив децата на твоја грижа, зошто ова зло ги снајде моите внуци Господ?“ 

 Како што се молеше, децата повторно почнале да дишат, докторите биле вчудоневидени и без одговори бидејќи децата пристигнаа мртви во болницата.
Докторите се обиделе да најдат објаснување, но не можеле и рекле: „Како е можно ова? Децата се вратија во живот!!!“

Низ солзи бабата рекла: „Не се сомневајте во Бога, само верувајте и чудото се случува!“

Македонија

Голема полициска акција во Тетово, има уапсени

Published

on

Според информациите од тетовската полиција, потврдија дека во моментов се одвива голема координирана акција на МВР, која ќе излезе на виделина случај што се случил пред единаесет години.

Се наведува дека има неколку уапсени кои покажале како бил оркестриран целиот настан.
За други детали ќе бидете навремено известени.

Извор: tvklan.mk

Continue Reading

Македонија

Авзиу со порака до Ахмети: Потребно е освежување во првите редови

Published

on

Адем Авзиу поранешен директор на ЕЛЕМ Турс и поранешен државен секретар во Министерството за информатичко општество од редовите на ДУИ. Испрати порака до Али Ахмети, истакнувајќи дека на средбите со граѓаните е потребно „освежување“ на првите редови. Според него, ова не е само лична мисла, туку став што го делат и многу сопартијци. Авзиу сугерира дека е важно да се даде можност на нови лица и различни членови за поактивно учество на овие собири, нагласувајќи ја потребата за свежина и поголема инклузивност во првите редови.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски објави системски мерки: Во план е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која ќе обезбеди топлинска енергија со значително намалување на загаденоста

Published

on

Свесен сум дека загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми што секојдневно го чувствуваме. Честопати се срамам кога гледам како нашиот главен град – градот на слободата, сега е меѓу најзагадените градови во светот. И посебно сум разочаран од тоа што се допушти децении и децении ништо да не се преземе за почист воздух. И ве молам да не ја политизираме оваа тема, затоа што тоа е колективен неуспех на сите политички елити досега кои управувале со државата и градот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски на вечерашниот говор кој што го одржа по повод 80 години од ослободувањето на Скопје.

Во контекст на емисиите на штетни гасови кои што се испуштаат во воздухот, Мицкоски посочи дека ваквиот начин на енергетска зависност од одредени горива одговара само за оние поединци кои дебело профитираат.

Во Скопје доминира чадот и штетните гасови, затоа што на некој со децении му одговара овој начин на затоплување и енергетска зависност од одредени горива од кој дебело профитираат поединци. Во таа насока во голема мера инвестициите во енергетиката треба да се насочат кон енергенси кои не загадуваат“, изјави Мицкоски.

Претседателот на Владата, Мицкоски нагласи дека предвидени се низа системски мерки, се со цел намалување на загаденоста на воздухот.

Затоа денес сакам да објавам дека како Влада планираме големи системски мерки кои ќе придонесат за намалување на загаденоста на воздухот, спроведување на детален план чиј финиш ќе биде чист воздух и здрава животна средина, но и зголемена енергетска ефикасност. Предвидена е стратешка инвестиција на гасна конегертивна централа која треба да обезбеди топлинска енергија со значително и драстично намалување на загаденоста, и тоа ќе обезбеди меѓу другото и зголемена енергија која ќе се користи во стопанството. Ветувам промени и активно работам тие да се случат што поскоро“, дециден беше Мицкоски.

Мицкоски најави строги ограничувања и зголемени контроли кои ќе се вршат кон најголемите индустриски загадувачи и исто така сет на мерки кои ќе овозможат Македонија да биде место каде ќе имаме чиста и здрава околина.
Нагласи дека потребно е разбирање од граѓаните како и заедничка сплотеност за решавање на овој проблем, затоа што чистиот воздух ни е потребен на сите и мора да успееме.

„Воведуваме строги ограничувања за најштетните извори на енергија и ќе ги контролираме најголемите индустриски загадувачи. Обезбедуваме субвенции за граѓаните и фирмите кои ќе користат чисти енергетски решенија. Ќе започнеме програма за масовно пошумување и засилено чистење на јавните простори. Овие мерки се само почеток, бидејќи иднината на Скопје и на Македонија е во чистата и здрава околина. За ваквите чекори потребно е разбирање и заеднички напор и само така ќе успееме“, заклучи Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк