Connect with us

Инфо +

Бојко Борисов ги искара Дац и Александар

Published

on


Фејсбук преписка меѓу Бојко Борисов и Дац и Александар

Скопје, 14 декември 2020 (МИА) – Да бидеме чесни едни кон други, решението е во дијалог и разбирање, објави бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук, одговарајќи им на македонските уметници Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, кои претходно му се обратија преку оваа социјална мрежа, упатувајќи му поздрав со песната „Целувката на Ана“.

– Ви благодарам за честитката! Во овие нелесни времиња важно е да се поддржуваме едни со други. Исто како и во минатите годините, ние секогаш го правевме тоа за нашиот прв и најблизок сосед! И токму затоа што сме најблиски, не треба да дозволиме да се одалечуваме. Пријателството меѓу нас е силно. И најсилните врски се најемотивни, напиша Борисов во фејсбук-објавата.

Сепак, според бугарскиот премиер, таквата блискост не значи дека треба да се откажеме од нашите ветувања и да се навредуваме.

– Како пријатели треба да бидеме искрени едни со други. Така ќе одиме напред. Ако се инаетиме, проблемите ќе останат. Решението е дијалог, солидарност, разбирање. За едно подобро утре! Ние сме подготвени да помогнеме. Истото сакаме да го видиме и кај нашите соседи и пријатели, наведува Борисов во објавата.

Претходно, Дац на својот профил на Фесјбук во свое и во име на Алекснадар Митевски упати објава до Борисов.

– Ви пишувам на мојот јазик затоа што знам дека добро се разбираме и за нашите два јазика немаме потреба од преведувач. Господине Борисов, кај нас првиот комшија е како роднина. Кај него одиш да побараш помош во секое време, а и тој го прави истото кога ќе му затреба нешто. Дали ти требало шеќер, брашно, леб, клешта, помош да се пренесе нешто… тука е првиот комшија. Ако не си во добри односи со првиот комшија, ќе треба за едно штрафче да одиш спрат подолу или погоре, но тој не ти е прв комшија, затоа што веќе си има свој прв комшија, наведува Дац во објавата.

Тој натаму посочува дека е сигурен оти истото е случај и во Бугарија, па ќе го разбере за што зборува.

– Ние сме срдечни луѓе, полни со љубов, кои знаат да сакаат кога се сакани. Има и од оние другите, но такви има секаде. Лесно е да се мрази, тешко е да се сака, затоа што љубовта и пријателството бараат разбирачка, а ние мора да се разбереме.

Господине Борисов, со Александар направивме еден проект кој се вика “Љубовен пасош”, каде пееме љубовни песни од целиот регион. Досега имаме македонска песна, грчка песна, српска, босанска, влашка, руска, турска, бугарска… Мисијата на нашето дуо е да шириме љубов преку музиката. Сите тие се прекрасни песни, испеани со многу љубов, а за песната и љубовта – нема граници, посебно ако не ни треба превод за да ги разбереме зборовите. Нашите два јазика се слични и оттаму вие без проблем ја слушавте нашата преработка „Корона чао”, дури и ја споделивте на вашата ФБ страница, додава Дац.

Тој натаму во објава му посочува на Борисов дека колку повеќе јазици разбира е човек, дотолку е побогат.



– Еве, слушнете ја „Целувката на Ана”, песната која неодамна ја отпеавме во оригинал на бугарски јазик, како дел од „Љубовниот пасош” и да не дозволиме наместо од првите комшии, да се симнуваме спратови подолу за било каква помош. Затоа што тие, долу или горе, веќе имаат свои први комшии, наведува Дац во објавата

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк