Connect with us

Инфо +

Советот не утврди грешка при постапувањето за cообpаќајката кај „Млечен“

Published

on

Советот на јавни обвинители нема да преземе никакви дејствија против обвинителката Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска, која го водеше случајот со сообраќајката кај „Млечен“ во Капиштец, во кој возачот што усмрти двајца доби условна казна.

Оштетената Наташа Димитриевска, чии сопруг и неродено дете загинаа, а и таа се здоби со тешки повреди, утринава на твитер го објави одговорот на Советот за јавни обвинители.

Таа на твитер напиша: Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон.

Е па пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите тие се штитат меѓу себе.


Советот на јавни обвинители побарал мислење од Вишото јавно обвинителство Скопје, кое утврдило дека обвинителката од Основното јавно обвинителство Скопје постапила правилно и согласно законските прописи, а по добиеното такво мислење Советот донел одлука дека нема место за преземање дејствија, се вели во одговорот од Советот за јавни обвинители.

Македонија

Ќе имаме бериќетна година – во иста минута се родени две деца, момче на ГАК и девојче на Клиниката во Чаир

Published

on

Оваа 2025 година по се изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото момче на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Тој заедно со неговата сопруга Нора, заменик-министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Мицкоски, како и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, Клиниката за гинекологија во Скопје го посетија првороденото бебе – Јаков.

„Ако денот се познава по утрото, можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по новата година ние го породивме Јаков. На свет дојде жив машки плод со родилна тежина од 3. 190 грама и 50 см. Мајката е Сања Талевска. Јаков по името навестува убава и јака година, која се надевам на сите ќе ни биде плодна и бериќетна“, рече директорката на Клиниката, Ирена Алексиоска-Папестиев.

Таравари додаде дека оваа 2025 година по се изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото момче на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир.

„Чест ни беше што вака заедно и со Министерството за социјална политика и сопругата на премиерот и директорката ги видовме и мајката и детенцето. И двајцата изгледаат убаво, перфектно, задоволни од услугите кои ги добиле од Универзитетската клиника за гинекологија“, рече тој.

На прашањето, дали има некој неформален натпревар со царски рез да се породи бебе само за да биде прво во новата година, Таравари кажа дека воопшто не верува во тоа.

„Воопшто не верувам во тоа, нашите доктори се професионалци. Битно е што повеќе деца да ни се раѓаат, тоа е најважно. Ние имавме група во која што добивавме информации од двете клиники во Скопје. За среќа, во иста минута добивме информација за породено дете и на Гинекологија и во Чаир, така што да се множат вакви вести да имаме што повеќе новородени деца во секоја минута“, рече Таравари.

Continue Reading

Македонија

Mојата битка и најзначајните настани од 2024 година

Published

on

ТРАДИЦИОНАЛНО – КОЛАЖ ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ НАСТАНИ ВО 2024 ГОДИНА!, напиша министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Почитувани пријатели, позади нас е годината во којашто се случија промените и ВМРО-ДПМНЕ ја презеде одговорноста за Македонија. Погледнете ја мојата битка во 2024 година. Среќна Нова Година“, напиша Николоски.

https://www.facebook.com/share/v/15rY6dwCEj/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading

Македонија

Новогодишната ноќ со 29 кривични дела, приведени 33 лица

Published

on

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја оцени безбедносната состојба во државата за време на новогодишната ноќ како мирна и стабилна. 

На територија на државата се случиле вкупно 29 кривично – правни дела и приведени се 33 лица. Слушени се вкупно 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди.

– Генерално, од кривично-правно аспект на територија на државата се направени 29 кривични дела и приведени се 33 лица од кои 14 се поврзани со трговија со дрога на различни локации. Имало околу 28 сообраќајни незгоди од кои три со тешки телесни повреди, а за среќа немавме сообраќајни несреќи со најтешки последици така што генерално можам да заклучам дека имавме мирна и стабилна безбедносна состојба на теротирија на Македонија и уште еднаш да упатам огромна благодарност до сите полициски службеници кои во текот на вечерта одговорија на висина на задачата, изјави Тошковски присуствуваше на официјалното отворање на скијачкиот центар „Михајлово“. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк