Connect with us

Инфо +

СВ. ПРОРОК НАУМ И СВ. ФИЛАРЕТ МИЛОСТИВ: Едниот светец остави книга со пророштва, а од моштите на вториот се случија чуда

Published

on

енеска е 1 декември (по стар стил) и се слават Св. пророк Наум и Св. Филарет Милостив.

Наум родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, отаде Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона и ѝ ја прорече пропаста на Ниневеја. Од пророштвото на Јона Ниневејците се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст.

Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше. Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.

Филарет е од селото Амниј во Пафлагонија. Во почетокот Филарет беше мошне имотен човек, но делејќи им големи милостини на сиромасите многу осиромаши. Сепак, тој не се уплаши од сиромаштијата туку со надеж во Бога, Кој рече: „Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани“, продолжи да твори милосрдие не обѕирајќи се на негодувањето на својата жена и на децата.

Додека еднаш ораше на нива, му дојде еден човек и се пожали дека штотуку му умрел волот во јаремот, а дека не би можел да ора со еден вол. Филарет извади еден вол од својот чифт и му го даде. Му го даде и својот последен коњ на некого што беше повикан да оди во војна со коњ. Го даде и телето од последната крава, а кога забележа дека кравата рика по раздвоеното теле, му довикна на човекот што го даруваше, па му ја даде и кравата. И остана престарениот Филарет без храна во празната куќа. Но тој Му се молеше на Бога и во Бога се надеваше. И Бог не го остави праведникот да биде посрамен во надежта своја. Во тоа време царуваше Ирина со својот млад син Константин.

Според тогашниот обичај, царицата испрати луѓе по целото царство да ја бараат најдобрата и најугледната девојка со којашто би го оженила нејзиниот син цар. По Божја Промисла тие луѓе дојдоа на конак во куќата на Филарет, ја видоа неговата внука Марија, ќерката на неговата ќерка Ипатија, прекрасна и кротка, и ја одведоа во Цариград. Девојката му се допадна на царот и тој се венча со неа, а Филарет и целото негово семејство ги пресели во престолнината и им даде голема чест и богатство. Но, Филарет не се погордеа со таквата ненадејна среќа, туку благодарен кон Бога, продолжи тогаш да врши добри дела уште повеќе од порано. И остана во тоа до смртта.

Во својата деведесетта година ги викна децата да ги благослови и ги поучи да се држат за Бога и за законот Божји и со прозорлив дух, како некогаш Јаков, му прорече на секого како ќе го проживее овој век. Потоа легна во манастирот Родолфија и Му ја предаде својата душа на Бога. Пред смртта лицето му заблеска како сонце, а по неговата смрт од него излезе необичен благоухан мирис и од неговите мошти се случија чуда. Овој Божји праведник се упокои во 797 година. Неговата сопруга Теозва, како и сите негови деца и внучиња, поживеаја богоугодно и се упокоија во Господа.

Македонија

Од прослава во болница: Охриѓанец нападнат во ноќен клуб во Охрид

Published

on

На 01.01.2025 во 04.05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид, бил примен Д.С.(39) од Охрид, кој се здобил со тешки телесни повреди откако во ноќен клуб на спортскиот центар во Охрид, бил физички нападнат од едно лице, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Земјотрес почувствуван во Тетово

Published

on

Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е регистриран синоќа 15 минути по полноќ.

Сеизмолошката опсерваторија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во соседна Албанија на 80 километри од Скопје со Рихтерова магнитуда од 3,3 степени.

Земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината.

Continue Reading

Македонија

Ќе имаме бериќетна година – во иста минута се родени две деца, момче на ГАК и девојче на Клиниката во Чаир

Published

on

Оваа 2025 година по се изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото момче на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир, кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Тој заедно со неговата сопруга Нора, заменик-министерот Јовица Андовски, сопругата на премиерот Мицкоски, како и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, Клиниката за гинекологија во Скопје го посетија првороденото бебе – Јаков.

„Ако денот се познава по утрото, можам да кажам дека ќе имаме навистина плодна и бериќетна година, затоа што само една секунда по новата година ние го породивме Јаков. На свет дојде жив машки плод со родилна тежина од 3. 190 грама и 50 см. Мајката е Сања Талевска. Јаков по името навестува убава и јака година, која се надевам на сите ќе ни биде плодна и бериќетна“, рече директорката на Клиниката, Ирена Алексиоска-Папестиев.

Таравари додаде дека оваа 2025 година по се изгледа ќе биде бериќетна година, бидејќи во иста минута се родени две деца – првото момче на Клиниката за гинекологија, а второто девојче неколку секунди подоцна на Клиниката во Чаир.

„Чест ни беше што вака заедно и со Министерството за социјална политика и сопругата на премиерот и директорката ги видовме и мајката и детенцето. И двајцата изгледаат убаво, перфектно, задоволни од услугите кои ги добиле од Универзитетската клиника за гинекологија“, рече тој.

На прашањето, дали има некој неформален натпревар со царски рез да се породи бебе само за да биде прво во новата година, Таравари кажа дека воопшто не верува во тоа.

„Воопшто не верувам во тоа, нашите доктори се професионалци. Битно е што повеќе деца да ни се раѓаат, тоа е најважно. Ние имавме група во која што добивавме информации од двете клиники во Скопје. За среќа, во иста минута добивме информација за породено дете и на Гинекологија и во Чаир, така што да се множат вакви вести да имаме што повеќе новородени деца во секоја минута“, рече Таравари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк