Connect with us

Инфо +

Угостителите револтирани од мерките : “Не сме виновни ние”

Published

on

Не се криви угоститеските објекти што докторка у сред пандемија прави семинар!
Не се криви што не се затворија граници на време!
Не се ни криви за викендите во Банско!
Не се ни криви за гужвите во трговски центри за БлекФрајдеј!
НИКАКО не се криви ни за ИЗБОРИ и кампањи во време на пандемија!!!
Не се криви ни за гужви пред Банка!
Не се криви ниту за гужвите во ЈСП!
Ниту се криви за карантините во Охрид, Маврово…за споен викенд, кога требаше да нема мрдање од Скопје!
Не се криви ни за селекцијата што ја прави дебилна комисија!!!
Не се криви ни за свадбите и веселбите што се правеа по дворови!
Не се криви ни за кластерите после верските празници.
А само УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ ја плаќаат цената од неспособноста на надлежните органи!!!

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3537492276326842&id=100001983130338

Македонија

Велес шест дена со високи концентрации на опасните ПМ10 честички во воздухот

Published

on

 Во изминатите шест дена концентрациите на ПМ 10 честички во воздухот во Велес покажуваат дека се над максимално дозволените. Ова се податоци од Државниот автоматски мониторинг за квалитет на воздух на Министерството за живитна средина и просторно планирање, кои се регистрираат на единствената мерна станица во Велес поставена  во новиот дел од градот во населбата Тунел во дворот на детската градинка.

Граѓаните на Велес се револтирани што не се мерат концентрациите и во стариот дел од градот, каде сметаат дека има уште поголемо загадување. Тие со години бараат да им се врати мерната станица „Велес 2“ која беше лоцирана кај Топилницата, а која по нејзиното затворање беше преселена во Струмица. Граѓаните на Велес забележуваат и што единствената мерна станица во градот не ги регистрира концентрациите на уште поопасните по здравјето ПМ 2,5 честички.

Денеска во новиот дел на градот концентрациите на ПМ 10 честичките се скоро двојно повисоки и изнесуваат 97 мг/м3 воздух. Инаку, во изминатите денови овие вредности се движат од 67,50 мг/м3 до 84,57 мг/м3 воздух.

Граѓаните се жалат на проблеми со отежнато дишење  поради загадениот воздух поради што е нарушено нивното здравје. Дел од граѓаните посебно повозрасните носат заштитни маски.

Градоначалникот Марко Колев деновиве одговарајќи на новинарско прашање за решавање на проблемот со загадувањето  и констатацијата дека Велес нема општински инспектор за животна средина, појасни дека Општина Велес сепак има Одделение за заштита на животната средина кое постојно го следи квалитетот на воздухот и реагира.

Воедно информира дека и самиот увидел дека дел од домаќинствата горат несоодветни материјали како пластика, ќумур и други материјали кои го загадуваат воздухот и дека со овој проблем освен Велес се соочени и останатите градови во земјава. Тој најави дека треба да се воведат санкции за овие домаќинства кои го загадуваат воздухот во градот.

-Апелирам до граѓаните да не користат материјали за затоплување кои го загадуваат воздухот, порача Колев.

Тој информира дека во таа насока за намалување на загадувањето, Општина Велес прави напори за замени на фасадите со топлотни и затоплување со  грејни тела како  инвертер клими , а кои не го загадуваат воздухот,а општината  доделува и субвенци за нивна набавка.Воедно на сите свои јавни установи и училишта,општината веќе  има поставено фотоволтаични панели за сопствено производство на електрична струја.

Колев истакна дека поради  зголеменото загадување низ велешките улици со зголемениот сообраќај на возила, а  поради затворање на мостот на Вардар кај Башино Село деновиве било извршено вонредно миење на велешките улици.
Тој воедно најави дека ако  за тоа дозволуваат временските услови без минусни температури, а  за да не дојде до нивно замрзнување,  дека  деновиве ќе се изврши и дополнително второ миење на главните  градски улици во Велес.

Continue Reading

Инфо +

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ ОД ОБЛАСТА ГОРА ВО СОБРАНИЕТО НА КОСОВО

Published

on

Во организација на Горанското друштво од Македонија, во ресторанот ФАФА во општина Чаир се одржа средба со кандидатите од пратеничката листа на Социјалдемократската Унија на Косово во пресрет на парламентарните избори на Косово што ќе се одржат на 9 февруари 2025 година.

На средбата присуствуваа пратеничката од Косово Дуда Баље, Беан Хаџиасан директор за Секторот за урбанизам, катастар и заштита на животната средина на општина Драгаш, Дамир Мазникар службеник во Дирекцијата за матична евиденција на општина Драгаш, доктор Мираљем Рахте од Здравствениот дом во Драгаш и Шефкет Исмаили претседател на здружението на граѓани “Заено за Брод” во Брод, Косово.

Кандидатката за пратеник во Собранието на Косово и носител на кандидатската листа 127 Дуда Баље ги претстави идните проекти и проблеми со кои се соочува Косово и областите Гора и Призренска Жупа.

Членовите на Горанското друштво укажаа на повеќе проблемите со кои се соочуваат во областа Гора, посебно ја нагласија потребата од итна изградба на инфраструктура во село Брод.

Членовите на Горанското Друштво од Македонија изразија благодарност до кандидатите од листата на Социјалдемократската Унија на Косово за нивната досегашна работа и изразија надеж за остварување на нивните барања за село Брод. Претседателката на Социјалдемократската Унија на Косово Дуда Баље им се заблагодари за присуството и вети дека доследно ќе ги застапува нивните интереси во Собранието на Косово!

Continue Reading

Македонија

ВО ЗАТВОР СЕ ОДЗЕМЕНИ 70 МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ Пандов вели дека за 100 полициски службеници се водат дисциплински постапки

Published

on

Суспендиран е затворскиот полицаец, којшто го пренел телефонот до Васил Јованов во притворското одделение во Шутка, но истрагата нема да заврши тука, уверува директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов во интервју за вечерашната „Топ тема“.

Според него, јасно е дека во шемите се вклучени повеќе лица.

Само во вонредна контрола денеска пронајдени се и одземени 70 мобилни телефони.

– 32 постапки се водат во обвинителство, при тоа има заповедници во овие 32, има командири, од секаков калибар вработени. Над 100 дисциплински постапки се покренати во овој период – рече Пандов.

Тој потврди дека на возачот кој ја прегази Фросина Кулакова му е одземен мобилниот телефон кој, како што рече, му бил однесен во кутија колачи во ќелијата.

– Затворскиот полицаец што ја однел кутијата без да ја провери, е суспендиран. Од другата ќелија рекле дека на некој во ќелијата на Васил Јованов му паднал шеќерот, нешто во што никој не верува затоа што тоа се стари шеми – истакна Пандов.

Главното решение, според него, е оформување на две интервентни единици кои не се поврзани со овие затвори.

– Неопходни се нови вработувања. Во дадениов случај ве уверувам дека без тие нови вработени реално многу тешко се работи, кај Утковски во Шутка на дневна основа од затворот Куманово и затворот Штип доаѓаат околу 15 затворски полицајци кои се на испомош затоа што бројката е под минимумот – рече директорот на Управата за извршување санкции.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк