Connect with us

Инфо +

Од Фински модел само “Фински не прават будали”

Published

on

Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме, a oваа концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултати. Ова им помага на учениците да учат за одредени теми, и се дава можност учениците да го постигнат својот потенцијал.

Апелирам до учениците и наставниците да ги следат реформите, овој концепт ќр биде детално објаснет на јавноста, истакна министерката за образование, Мила Царовска на денешната прес-конференција за тоа дека предметот историја се става во општествени науки, идентично како и географија, по реакциите на професорите.

Во однос на државната матура, и за тоа дека се уште постојат негодувања кај неформалните средношколски групи и има ученици кои се приклучуваат на бојкотот и не ја следат онлајн наставата, министерката истакна дека полагањето на државната матура е законско обврзано и тоа кажува дека таа е задолжителна.

Македонија

СКАНДАЛ СО ВЛАДИНАТА ФАСАДА Петмина обвинети за злоупотреба, штета од милиони денари

Published

on

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против едно лице и обвинителен предлог против уште четири лица за злоупотреби поврзани со реконструкцијата на фасадата и илуминацијата на зградата на Владата. Според Обвинителството, со нивните постапки била нанесена значителна штета на државниот буџет, во вредност од над 184 милиони денари.

Обвинетиот, управител на градежна компанија, во периодот од февруари до април 2013 година свесно ги прекршил прописите за јавни набавки, со што се товари за кривично дело „Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“.

„Обвинетиот склучил договори за заеднички настап со три правни лица, со цел нивните ресурси да бидат земени предвид при евалуацијата на неговата понуда, но без намера тие навистина да бидат ангажирани во изведбата на работите. Истовремено, спротивно на Законот за јавни набавки, не пријавил други подизведувачи на кои планирал да им отстапи дел од работите“, наведуваат од Обвинителството.

Откако го добил договорот за јавна набавка, управителот не ги почитувал обврските од склучените договори, со што неговата компанија остварила финансиска корист од 470 милиони денари.

Дополнително, според обвинението, подизведувачот кој бил ангажиран за изработка на декоративни фасадни елементи не поседувал соодветна лиценца, а во изведбата користел материјал што не одговарал на проектните спецификации.

Заедно со управителот, обвинети се и тројца поранешни функционери и надзорници, кои, како што тврди Обвинителството, свесно дозволиле штетни и незаконски активности.

„Второобвинетиот, директор на владина служба, не ја исполнил својата службена должност и не реагирал на очигледните неправилности во начинот на изведба и употребените материјали. Иако добивал документација за материјалите, тој не поставил никакви забелешки“, стои во обвинението.

Трето и четвртообвинетите, како одговорни лица во процесот на надзор, не ги исполниле своите обврски и не проверувале дали вградените материјали се соодветни на проектните барања.

„Ова резултирало со значителна штета за државата, бидејќи елементи од несоодветен материјал биле вградени во објектот на Владата“, додава Обвинителството.

Обвинетите ќе одговараат пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Извор: plusinfo.mk

Continue Reading

Македонија

„ИМАМ ИНФО ДЕКА АКУШЕРКА ОД СОСЕДНА ДРЖАВА, ДОАЃА И ПОРАЃА ДОМА ВО СКОПЈЕ“: Д-р Ненад Лазаров со предупредување „не си играјте со својот живот и животот на неродено дете“

Published

on

Сериозно предупредување пристигнува до сите трудници од познатиот доктор Ненад Лазаров.

Тој на неговиот фејсбук профил објави дека имал информација дека акушерка од држава од соседството, доаѓала во СКопје и во домот на трудниците ги породувала.

„Имам инфо дека акушерка од соседна држава доаѓа и пораѓа по дома во Скопје. Колеги од итна помош да бидат внимателни.

Расмислете многу добро дали ви е потребно да ризикувате цел свет да ви се сруши за нешто тотално неразумно и небезбедно, оваа држава има обезбедено родилишта целосно бесплатни, има приватни родилишта, не си играјте со својот и со живот на неродено дете“, напиша тој.

Линк до статусот тука

Continue Reading

Македонија

МАЈКАТА НА ФРОСИНА, ОДЛУЧНА – „МОРАМ ДА СУМ СИЛНА ЗА ДА ИМА ПРАВДА ЗА МОЕТО ЧЕДО И СИТЕ ДЕЦА“: Една е мајка…

Published

on

По трагедијата што ја потресе целата земја, а остави неизмерна трајна болка во семејството на Фросина, нејзината мајка, Камелија Кулакова, денеска ја сподели својата тага. Оваа мајка во себе носи цврстата решеност да се бори за правда. 

Со зборови полни со љубов, но и со болка, таа упати силна порака до јавноста, повикувајќи на сочувство, поддршка и одговорност.

Почитувани родители, млади луѓе-идни родители. Душава ми гори од болка, а срцето ми е распарчено., но морам да ви се обратам. 

Сето ова популаризирање на нашата семејна трагедија е дотурање на сол на нашата рана која никогаш нема да се залечи. 

Јас бев горда мајка. Пораснав три златни деца. Ги воспитував и учев да бидат добри личности. Добри, чесни и доблесни луѓе. Да си ја сакаат татковината. Да си ја почитуваат културата и традицијата. Да сочувствуваат. Да споделуваат радост и тага. Секогаш да се ставаат на другата страна пред да осудат и да ги разгледуваат нештата од сите страни пред секоја своја постапка. 

Тоа е многу тешка задача. Особено во ова време- невреме. 

И што се случи…..

Соништата на Фросина беа и наши соништа. 

И што се случи…..

Огромна празнина, неподнослива болка, траорни слики кои постојано ти поминуваат пред очите и безброј зошто, зошто, зошто, зошто баш Фросина…..

И во еден момент си поислив…. можеше да е друго дете, син, ќерка, сестра, брат, љубена, Љубен, другар. Можеше друго семејство да се распаѓа од болка. А болката не познава политика. Незнае за вера, раса, нација…само едно БОЛКА. 

И тогаш си реков. Морам да сум силна. Морам да сум силна за да има правда за моето чедо и сите деца чии родители, браќа, сестри не ја дочекале правдата за нив. И нема да се скршам. Ќе одам до крај. Ќе бидам мајка, татко, сестра брат….

Меката, светла и моќна енергија на Фросина ме води и ми дава сила. И не само мене, на сите нас.

Заради тоа најискрено ве замолувам да не правите политика од оваа наша семејна трагедија. Бескрајно сум благодарна на сите кои искрено сочувствуваат со нас.Бескрајно сум благодарна на медиумите, на новинарите кои ми помогнаа некои работи да ми станат многу повеќе јасни. Благодарам на сите политичари-ЛУЃЕ, кои застанаа на нашиот пат благодарам на народот кој не подржува, зошто, без притисокот на народот и медиумите патот на правдата немаше ни да започне. 

Затоа сакам да ве прашам. 

Па нели благодарноста е доблест и основно начело на секое општество, цивилизација, религија.

ПРАВДА ЗА ФРОСИНА МОРА ДА ИМА ЗОШТО “СЕКОЈ ЕДЕН МОЖЕ ДА Е СЛЕДЕН”

Почивај во мир сонце мое. 

Нека ти е светол патот. 

Една e мајка

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк