Connect with us

Инфо +

Прекрасен гест: Систина е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од Ковид-19

Published

on

Известување од Болницата на ФБ :

По апелите во јавноста за помош на Лазе Најдовски, чија ситуација се влошува како последица на Ковид – 19, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е подготвена да го преземе неговото лекување.

Нашата болница ќе направи се што е потребно за неговото здравје.


❗️❗️Дополнително ве известуваме дека „Аџибадем Систина“ е подготвена да го покрие лекувањето на сите деца до 18 години кои се болни од Ковид-19.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Потребен е нов закон за помилување

Published

on

Актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување се состанаа на работна средба, каде што дискутираа за досегашната примена на институтот на помилување и можностите за негово унапредување. Средбата ја иницираше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која истакна дека постојниот закон има недостатоци и дека е неопходна негова ревизија.

„Се согласивме дека е потребен нов закон за помилување, кој ќе ги земе предвид искуствата од примената на актуелниот закон и компаративните примери. Очекувам експертска и широка јавна дебата по ова прашање“, изјави Сиљановска-Давкова.

Средбата, која траеше четири часа, овозможи размена на искуства и ставови меѓу учесниците. Претседателката им се заблагодари на сите за нивниот конструктивен придонес и плодната дискусија.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Инвестираме во подобро водоснабдување за граѓаните

Published

on

Наскоро започнува реконструкцијата на водоводната линија Битола – село Поешево – село Логоварди, проект од големо значење за жителите на овие населени места.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со тимот од одделението за економски развој, денес одржа работна средба со раководството на ЈКП „Водовод“ и стручните лица од претпријатието, каде што се разгледа динамиката за реализација на проектот.

Проектот опфаќа реконструкција на водоводната линија во должина од 6 километри, вклучувајќи замена на старите азбестно-цементни цевки со нови полиетиленски HDPE цевки и куќни приклучоци. Вкупната вредност на проектот изнесува 29.349.605 денари, обезбедени преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Македонија.

Директорот на ЈКП „Водовод“, Андреј Гинов, најави дека работите на терен ќе започнат веднаш по подобрувањето на временските услови, а почетната точка ќе биде улица „Бурса“ („Индустриски пат“).

„Со овој проект, значително ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите во оваа област,“ изјави Коњановски, најавувајќи и други значајни проекти кои ќе се реализираат во соработка со ЈКП „Водовод“ во текот на годината.

Continue Reading

Скопје

Ганиу: Отворена новата библиотека на Меѓународниот Балкански Универзитет

Published

on

Денес свечено беше отворена новата библиотека на Меѓународниот Балкански Универзитет, со капацитет од 300 лица и богата колекција од 10.000 книги. Оваа современа установа ја истакнува важноста на вложувањето во образованието и знаењето, обезбедувајќи простор за учење, истражување и интелектуален развој.

На отворањето присуствуваше градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, кој изрази задоволство што заедницата е дел од проекти кои го поддржуваат образованието и општествениот напредок.

„Оваа библиотека ќе биде вреден ресурс за студентите и ќе претставува референтна точка за соработка и интелектуален напредок,“ истакна Ганиу, упатувајќи честитки до Меѓународниот Балкански Универзитет за нивниот значаен придонес во развојот на идните генерации.

Со отворањето на библиотеката, универзитетот потврдува дека е посветен на мисијата за подобро образование и посветла иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк