Connect with us

Религија

Св. Никола, заштитник на патниците, децата и сиромашните – еве како го слават Македонците

Published

on

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, a го сла­ват и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција.

Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој све­тец. Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства на 19ти со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот. Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци.

Овој све­тец имал мно­гу воз­буд­ли­ва жи­вот­на при­казна, ко­ја со ве­ко­ви ги фас­ци­ни­ра хрис­ти­ја­ните. Ро­ден во ма­ло­а­зис­ки­от град Па­тара, прис­та­ниш­те на ме­ди­те­ран­ски­от брег на де­неш­на Тур­ција, све­ти Ни­ко­ла жи­ве­ел во 4 век, мно­гу пред рас­ко­лот по­ме­ѓу пра­вос­лав­на­та и ка­то­лич­ка­та цр­ква од 1054 го­дина.

Не­го­ви­те бо­га­ти ро­ди­те­ли Те­о­фан и Нина, си­нот Ни­ко­ла го до­би­ле во вре­ме на вла­де­е­ње­то на рим­ски­от цар Ва­ле­ри­јан (253 – 260 го­дина), ал­чен чо­век што по­ра­ди страс­та за зла­то­то ор­га­ни­зи­рал во­ен по­ход на Пер­сис­ко­то цар­ство. Пер­сис­ки­от крал Ша­пур го за­ро­бил во бит­ка­та кај Едеса, го по­ни­жу­вал во за­лож­ниш­тво­то и, на кра­јот, го убил си­пај­ќи му ис­то­пе­но зла­то низ гр­лото, ка­ко сим­бол на не­го­ва­та алчност.

Би­деј­ќи Ва­ле­ри­јан бил прв (и ос­та­нал единствен) рим­ски цар што е за­ро­бен во борба, не­го­во­то за­лож­ниш­тво и смрт пре­диз­ви­ка­ле бран нес­та­бил­ност во Рим­ска­та им­пе­рија.

Во так­во нес­та­бил­но оп­кру­жу­ва­ње рас­тел мла­ди­от Ни­кола. Ко­га не­го­ви­те ро­ди­те­ли ум­ре­ле во го­ле­ма­та епи­де­мија, Ни­ко­ла го раз­де­лил це­ло­то нас­ле­де­но бо­гат­ство. Уште ка­ко де­те се ис­так­ну­вал со доб­ро вос­пи­та­ние по­ра­ди што ста­нал оми­лен и пред Бо­га и пред лу­ѓето. Го од­гле­ду­вал чич­кото, ар­хи­е­пис­ко­пот Па­таре, под чие буд­но око Ни­ко­ла нап­ре­ду­вал во цр­кве­на­та хи­е­рар­хија. По смрт­та на чич­ко му, Ни­ко­ла е из­бран за ар­хи­е­пис­коп мир­ли­киј­ски. Бил и еден од ар­хи­е­пис­ко­пи­те што се по­ви­ка­ни пред ца­рот Кон­стан­тин на са­бо­рот во Ни­ке­ја во 325 го­дина. 

Све­ти Ни­ко­ла ум­рел на 19 де­кем­ври 343 го­дина. Пог­ре­бан е во со­бор­на­та цр­ква Мир­ли­киј­ска мит­ро­по­лија, а кон кра­јот на 11 век не­го­ви­те мош­ти се пре­не­се­ни во Бари, во ма­нас­ти­рот Све­ти Јо­ван Пре­теча.

Од све­ти Ни­ко­ла до Де­до Мраз

По цр­ве­ни­от плашт и бе­ла­та бра­да пот­се­ту­ва на де­нес мо­дер­ни­от при­каз на Де­до Мраз. Во по­но­во време, бла­го­да­ре­ние на рек­ла­ми­те и пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво, нај­поз­нат е ка­ко Де­до Мраз (Сан­та Клаус, скра­те­но од Сан­та Ни­ко­ла­ус – све­ти Ни­кола). До­де­ка на пра­вос­лав­ни­те ико­ни е при­ка­жан ка­ко ви­сок чо­век во препоз­нат­лив цр­вен плашт, со епис­коп­ска мит­ра на гла­ва­та и со стап во рацете, ка­ко ги да­ру­ва де­ца­та со по­да­ро­ци од вре­ќата, пот­ро­шу­вач­ко­то оп­штес­тво тоа мал­ку го „за­чи­нило“. Црве­ни­от плашт ос­та­нал, ка­ко и дол­га­та се­да брада, но се до­да­де­ни ирва­си­те што ги вле­чат сан­ки­те со кои Де­до Мраз го оби­ко­лу­ва све­тот во те­кот на Бад­ни­ко­ва­та ве­чер.

Вер­ски­те ана­ли­ти­ча­ри пот­се­ту­ва­ат де­ка све­ти Ни­ко­ла е нај­ран све­тец и е сла­вен во це­ла Ев­ропа, без мно­гу пов­рза­ност со сов­ре­ме­ни­от Де­до Мраз, ис­так­ну­вај­ќи де­ка де­неш­ни­от Де­до Мраз е не­ре­ли­гис­ка и нех­рис­ти­јан­ска ко­пи­ја на све­ти Ни­кола, но де­ца­та се­ед­но му се ра­ду­ваат.

При­чи­на­та за не­го­ва­та по­пу­лар­ност тре­ба да се ба­ра во са­ма­та лич­ност на све­ти Ни­кола, кој це­ло­то бо­гат­ство нас­ле­де­но од ро­ди­те­ли­те го раз­де­лил на си­ро­маш­ните, ста­ри­те и на не­моќ­ните. Со ед­на бов­ча тр­гнал на пат со вер­ба во Гос­под, па се сме­та за чу­дот­во­рец. Во жел­ба да ос­та­не ано­ни­мен, па­ри­те не им ги да­вал на лу­ѓе­то в раце, ту­ку им ги ста­вал в џеб за да се из­не­на­дат ко­га ќе ги нај­дат. Ток­му по­ра­ди не­го­во­то доб­рот­вор­ство про­из­лег­ла ле­ген­да­та за Сан­та Клаус, од­нос­но за Де­до Мраз, кој во­о­чи Бо­жик би им ос­та­вал по­да­ро­ци на де­ца­та во чо­рап пред ог­ниш­тето.

Во на­род­но­то па­ме­те­ње овој лик ос­та­нал ка­ко заш­тит­ник на пат­ни­ците, по­себ­но на оние што па­ту­ва­ат по вода, но и по тоа што ка­ко за вре­ме на жи­во­тот та­ка и по смрт­та ги по­ма­гал си­ро­маш­ните, ги заш­ти­ту­вал зат­во­ре­ни­ци­те и неп­ра­вед­но осу­де­ните, ги от­ку­пу­вал ро­бо­ви­те и ги пуш­тал на сло­бода.

Имен­ден праз­ну­ваат: Ни­кола, Нино, Ни­ко­лина, Коле…

Во жи­во­тот на на­ши­от чо­век по­себ­но зна­чај­но мес­то има све­ти Ни­ко­ла Мир­ли­кис­ки – Чу­дот­во­рец, ко­го мно­гу се­меј­ства го сме­та­ат за свој до­ма­шен заш­тит­ник и со до­маш­ни служ­би и со мно­гу оби­чаи го праз­ну­ва­ат не­го­ви­от спо­мен. Иа­ко по­ве­ќе се праз­ну­ва де­нот на не­го­во­то упо­ко­ју­ва­ње 19/6 де­кем­ври (праз­ник поз­нат ка­ко зим­ски Св. Ни­ко­ла или Св. Ни­ко­ла – зи­мен), се­пак вни­ма­ние му се по­све­ту­ва и на де­нот на пре­не­су­ва­ње­то на мош­ти­те на све­ти Ни­ко­ла од Мир (во Ли­кија) во Ба­ри (Ита­лија) на 22/9 мај (праз­ник ме­ѓу на­ро­дот поз­нат ка­ко ле­тен Св. Ни­кола).

Религија

Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви

Published

on

Папата Франциск денеска изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците.

„Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот за Велигден заради единство.

Ова е година на благодатта, можност за сите христијани кои веруваат во ист Бог, повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството кое сите сакаме да се случи“, порача папата.

Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден и во Грегоријанскиот и во Јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.

„Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заеднички датум за Велигден“, рече папата Франциск.

Continue Reading

Религија

Строг пост само на вода – Се празнува Водокрст

Published

on

Ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.

Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.

Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.

Continue Reading

Религија

Многу важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година

Published

on

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

На тој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк