Connect with us

Инфо +

Комити: Без Вардар, не може ни Македонија, затоа што Вардар е нашиот идентитет, ако треба сите на улица!

Published

on

„Дирекно се замешавме уште кога Драгче Томовски беше во Вардар, некаде 97-ма, заведени од пропагандите дека Уфа Медиа е подобрата опција отколку Макпетрол…

Со најдобра намера скандиравме Уфа Медиа! Уфа Медиа! па ни дојде S.V.R.S.A, и покојниот Брацо Вујчиќ (нека почива во мир), а со него Боро и Гризли…Па чекај после неколку години не ни чинеа, па се пожаливме кај Град Скопје и ПУИГ, а потоа го повикавме Кометал и Трифун Костовски, тогашниот Градоначалник на Град Скопје…

Се погоди Трифун да дојде кога имаше многу политички непријатели, и во време на Економската криза која драстично влијаеше на бизнисите надвор од Македонија и особено во Виена – Австрија…

Се деси Стража, и ние бевме поводот а не и реалната причина за неговото заминување. На нас ни призна, но ние не реагиравме откако излезе пред медиумите и не оцрни дека си оди поради радикалната реакција на Комитите…

Кометал тогаш нам ни го предаде колективниот член кој значеше 51% од ФК Вардар, па заедно со ‘нашите’ 24,5% имавме 75,5% од клубот и Мода и Спорт на Орце Камчев 24,5%.

Нам не ни беа потребни затоа што увидовме и се уверивме дека ние не можевме да го издржиме финансиски водењето на клубот, па веднаш свикавме Собрание на клубот на кое во Хотел Карпош нашиот удел преку “Одборот за Спас на ФК Вардар” го поклонивме на ПУИГ, кои за волја на вистината и не присуствуваа на Собранието. Па во тој вакум се појави Бојан Захариев и Драги Сетинов како спасители кои имаат спонзор сопственик на голем ланец обложувалници од Србија…се покажа тој и уште неколкумина во низа Фантомски спасители. По нив драматично го вративме клубот во Град Скопје и Пуиг, на кои безусловно им го поклонивме нашиот управувачки пакет. Тогаш се зарековме – “Никогаш повеќе не се мешаме во раководењето!”

По релативно краткото раководење нивно, клубот го презема Сергеј Самсоненко на концесија од 10 години.

Проблемите започнаа кога клубовите кои ги водеше ги доживејаа најголемите успеси, ЖРК Вардар финалист на ЛШ, РК Вардар Европски Шампион и конечно ФК ВАРДАР се пласираше во групната фаза на Лига Европа. Во тие славни моменти и од тогаш наваму во неколку наврати беа тестирани нашето трпение и нерви, со Фенербахче “доделувањето” на Јужна, а потоа во низа неколку најави топло ладно, си одам не си одам, за на крај “си одам” но ќе подмирам се до Деќември 2020, и со салдо нула го враќам клубот на основачите – Град Скопје и ПУИГ пред завршувањето на концесијата.

На Шилегов и СДСМ им сметало нашето име, став, дела и особено скандирањето “Никогаш северна само Македонија”…Па добро нели е подобро да скандираме на стадион и во сала отколку пред нивните седишта, канцеларии и домови?

ВМРО доколку победат на избори нема да дозволат Вардар да пропадне. Па што значи ако изгубат, ќе тријат раце за време на неговата агонија?

Самсоненко бил на удар од власта, и неговата поранешна десна рака Ратко Карпушевски наводно го измамил за милионски суми и Офицерскиот Дом во центарот на Скопје и Плоштадот Македонија! Па зошто тоа не се провери и тој случај да се реши?

Орце Камчев бил рекетиран од Боки 13-ка и се пушти информација дека токму рекетираните пари биле наменети за Вардар. Па ете, каде е таа ‘луј витон’ женска ташничка во која се парите наменети за ФК Вардар?

Зошто за се мора да има услови кои немаат допирна точка со нашиот Вардар?

Зошто едноставно не се обединат сите околу еден од последните Бастиони на Македонскиот непокор – ФК ВАРДАР?

Без Вардар Скопје не може, не може ни Македонија, затоа што Вардар е нашиот идентитет и неисцрпен извор на надеж дека може да не биде, да останеме свои на своето…

Ние останавме смирени, рационални и доследни на своето ветување за не мешање во раководењето, и без особен притисок оставивме тие кои вложуваат и финансираат да раководат. Нашето име остана чисто. Покажавме зрелост и испративме порака до сите евентуални инвеститори дека во нас имаат поддршка и безусловна љубов кон тоа свето име Вардар, кое за нас е се, а истовремено за нив е пред се бизнис проект а потоа се останато.

Историски гледано покажавме како треба, покажавме срце но и мудрост, лојалност и посветеност, но повторно тоа не е доволно, и повторно притисокот е на нас, а не кон оние кои во една нормална држава треба легално да одговараат и да даваат отчет за сработеното или несработеното. Разбираме и зошто, затоа што нашата љубов е бесконечна и вечна, а интересот има рок на траење.

Заминувањето на нашата легенда – Тетовче за нас е силен сигнал дека Самсоненко не планира да ги подмири своите обврски, и веројатно поради разни цели од кои најмалку спортски е спремен да си игра со името Вардар од далечната Русија.

Му благодариме на Сергеј и на оние за кои се верува и нагаѓа дека стојат позади него, и без оглед на историските успеси на Ракометниот клуб, нивните имиња ќе бидат запишани со црни болдирани букви во историјата, која ние навивачите на Вардар ќе ја пишуваме, доколку не го исполнат ветеното!

За крај Вардар нема да згасне, затоа што ние ќе го оживееме и заедно ќе се издигнеме, но од сите нас зависи колку тоа ќе трае и дали ќе ги доживуваме сите овие перипетии повторно.

Ако треба сите на улица !!!

Ако треба Скопје ќе го блокираме !!! Сите раскрсници, булевари, улици и патишта кои до него доаѓаат и од него излегуваат !!!

Апел до Власта и Опозицијата, апел до сите засегнати, Апел до Дијаспората и сите кои сме останати тука – ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ЗАЕДНО ДА ГО СПАСИМЕ ВАРДАР !!!“, се вели во обраќањето на најверните вардарови навивачи.

https://www.facebook.com/KomitiZapad87/posts/3554173567970236

Македонија

МВР: Лажни се дојавите за бомби во училиштата

Published

on

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.

Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.

Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.

Continue Reading

Македонија

ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ БИТОЛА ОДБЕЛЕЖА „80 ГОДИНИ НАСТАВА НА СОВРЕМЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“

Published

on

Со Свечена академија која се одржа во Центарот за култура, Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, одбележа „80 години настава на современ македонски јазик“. На настанот, на кој присуствуваа голем број гости, плакети за особен придонес во развојот на современиот македонски јазик им беа доделени на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, градоначалникот Тони Коњановски, Научната советничка во институтот за македонски јазик, проф. Др Веселинка Лаброска, на Aкадемик и претседател на МАНУ, проф.др Живко Попов и Академик проф. Др. Владо Камбовски.

Во своето обраќање пред присутните, претседателката Сиљановска Давкова, нагласи дека, мораме да си го сакаме, негуваме и чуваме македонскиот јазик, затоа што така ќе го сочуваме нашиот заеднички дом, Македонија.

„Македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неразделен квартет. Каква моќна меморија и порака има оваа гимназија. На првиот час се рецитирале Миладинов и Рацин на мајчин јазик, на македонски според стандардите што ги пропишал нашиот значаен, најзначаен лингивист и македонист Блаже Конески. Како претседателка и долгодишна професорка, како некоја која својот живот го посветила на образованието, горда сум на вашите достигнувања. Вие сте вреден и посветен колектив на даскали во најубавата смисла на зборот. Успесите што ги споменав се потврдени со бројни и значајни одликувања, награди и признанија. 80 години се зад нас, но пред нас се нови столетија“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека овие денови, кога накратко, ретроспективно со серија настани поминуваме низ времето зад нас, со највисоки суперлативи можеме да дадеме признание на секој поединец кој се образувал и работел во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, затоа што заложбите за напредок на институцијата никогаш не замреле, напротив, од година во година, станувале се поголеми, а континуираниот успех и денес создава млади и успешни личности, со големи достигнувања во различни области.

„Темелите на успехот се создаваат само со добро знаење, познавање на сопствениот идентитет, јазик, култура, традиција. Знаењето за нашата богата македонска историја е токму она што ги гради нашите човечки вредности, не поучува, обврзува и насочува кон нашиот придонес, како академски граѓани и градители на татковината.
Битола е град кој во себе сочувал големо културно – историско наследство, а Гимназијата „Јосип Броз Тито“ е меѓу најважните институции во нашиот град, затоа што токму оваа воспитно – образована институција, е една од првите гимназии во Македонија, во која на денешен ден, пред точно 80 години започна да се изведува настава на македонски јазик. Низ годините низ училишните клупи на ова училиште поминале генерации успешни луѓе, лекари, архитекти, инженери, професори, уметници, научници кои негувајќи ги сопствените јазични вредности, едуцирајќи се и образувајќи ги новите генерации станале вистински промотори на Битола и Македонија, насекаде низ светот.
Во основа на сите стекнати знаења, лежи моќта на јазичното изразување кое создава соодветна нарација, го открива непознатото и ги креира убавините кои треба да бидат дел од нашето опкружување. Горди на постигнатите успеси, продолжуваме да бидеме афирматори и промотори на нашиот македонски јазик, кој ни овозможил да започнеме да ги разбираме промените околу нас, но и да бидеме иницијатори на нови позитивни промени.
Одбележувањето на еден ваков јубилеј, истовремено ги сублимира впечатоците на многу генерации, потсетува на личниот печат кој секој вработен го оставил во институцијата, посебно подеднакво истакнувајќи ја важноста и на формалното и на неформалното образование“, рече градоначалникот Коњановски, потенцирајќи дека успесите на младите луѓе, продолжуваат да ги негуваат идентитетските карактеристики, да ја градат иднината на нашата татковина, на нашиот град и да ја креираат визијата за прогресивност и успешност.

Директорката на Гимназијата, Лидија Споа, истакна дека училиштето останува столб на заедницата место каде се гради иднината, се почитува минатото и се остава простор за нови идеи и перспективи.

„80 години успех се доказ за нејзината важност и трајност како центар на знаењето, културата и духовното богатство. Оваа гимназија е повеќе од образовна институција. Угледот и успесите на Гимназијата ги потврдува фактот што тука завршиле осумнаесет академици од МАНУ, шест народни херои, градоначалници, ректори, декани, конзули, познати лекари, архитекти, јазичари, правници, уметници, економисти спортисти. Гимназијата е симбол на борбата за културна сувереност и е место каде иднината се проектира низ призмата за сегашноста“, рече меѓудругото директорката Споа.

На Свечената академија, беше изведена претставата насловена „Експериментум Македоникум“, подготвена под менторство на професорките по македонски јазик Даниела Петровска и Симона Петровска, а во истата учествуваа ученици од сите четири години во Гимназијата.

Continue Reading

Македонија

Вандализам во Германија: Балканци затнале 270 ауспуси со пур-пена

Published

on

Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг.

Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти сега се сомнева дека зад ова стои саботажа организирана од Русија, пишува „Шпигел“.

Еден од уапсените, според медиумот, признал дека добиле понуда преку апликацијата „Вајбер“ од руски државјанин, кој им нудел по 100 евра за секој оштетен автомобил. Исто така, им било ветено дека ќе добијат правна помош доколку бидат фатени.

Четворицата осомничени – од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија – веќе се ослободени од притвор, но истрагата продолжува. Обвинителството сè уште не открива детали за нивните мотиви, но безбедносни извори предупредуваат дека ова би можело да биде дел од насочена кампања за дестабилизација и политичко влијание во Германија, особено пред предвремените избори на 23 февруари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк