Connect with us

Инфо +

“Македонците се неписмени, прочитале само по 4 страници историја”

Published

on

Вториот човек на бугарската влада вицепремиерот Красимир Кaракачанов со нова провокација во која Македонците ги прави неписмена нација

“Кој прочитал повеќе од пет страни историја знае дека не постои македонски идентитет одделен од бугарскиот пред 1944 година”, вели Каракачанов.

Шефот на бугарската одбрана уште еднаш повтори дека Бугарите и Македонците зборувале ист јазик.

Тој вели дека му кажал на Заев дека три години не сториле ништо, и кога дошол моментот за решение веќе било доцна.

“Не можеш да ја јадеш раката која те поткрепува и која ти е подадена со едно братско благородство во буквална смисла, братско затоа што ние сме еден народ и говориме еден јазик. Што и да ми зборуваат и објаснуваат за идентитетот, идентичноста која што била многу древна. Секој нормален човек кој што прочитал повеќе од пет страници историја поврзана со Македонија, знае дека таква идентичност одделно македонска, одделно од бугарската нема пред 44-та година, изјави Каракачанов.

За Каракачанов сега проблем е и што во Македонија немало бугарски медиуми, да ја шират пропагандата на источниот сосед.

Бугарски медиуми во Македонија нема. Има српски, има секакви, но бугарски нема. И Скопје продолжува да тврди дека биле нормално, демократско и плуралистичко општество. За 30 години откако Македонија е независна држава, таму не се решил ниту еден бугарски медиум да извади лиценца и да се распространи. По кабловските мрежи нема бугарски телевизии, по трафиките нема бугарски весници. И тие тврдат дека го промениле односот кон Бугарија, вие верувате ли? Јас не им верувам, изјави Каракачанов.

Дека Македонија ќе мора да ги прифати бугарските уцени преку анекс договор, порача и претседателот на источниот сосед, Румен Радев.

Вели државава морала да сфати дека патот кон ЕУ не минувал преку европските метрополи, со барање да се прави притисок кон Бугарија, туку преку Софија.

“Ние сме две држави, ние сме браќа, и договорот беше добронамерен. Но, кога се виде дека минува една година како тој не се почитува, јас во 2018-та кажав дека треба нов анекс. Тогаш имаше една единствена политика, поткрепа за Македонија”, изјави Радев.

Каракачанов повторно кажа дека нема да се прави компромис со антибугарската политика и не го интересирало што дел од европските партнери имале поинакви ставови од Софија.

www.expres.mk

Македонија

Отровно растение од Тексас дојде во Неготино: Ако го забележите, веднаш алармирајте ги еколозите од “Ековита”

Published

on

Отровно растение кое потекнува од Америка и најчесто го има во Тексас, било забележано и во Неготино. Станува збор за Solanum elaeagnifolium, познато и како сребренолисна ноќница, кое доста бргу се ширело, а било отровно за добитокот и за луѓето.

Конзумирано во помали количини можело да предизвика дијареа и невролошки проблеми, а пак поголема количина можела да предизвика и смрт. Исто така, било погубно и за земјоделските култури и значајно влијаело врз намалување на приносот.

За растението кое било забележано во Неготино, во близина на регионалниот пат во индустриската зона, алармира здружението ,,Ековита”. Од таму појаснуваат дека се работи за растение со цветови кои цветаат од април до август, високо од десет сантиметри до еден метар, а стеблата му биле покриени со мали боцки.
Ова е прв случај сребренолисната ноќница да биде забележана во Тиквешијата, и освен во Неготино, отровното растение било регистрирано и кон влезот во Кавадарци. Во Европа од неодамна било регистрирано во Италија и Грција.

Околу тоа како дошло во Македонија, претпоставка е дека е пренесено преку калниците на камионите кои превезувале роба од Грција и кои минувале по патот во индустриската зона во Неготино.

-Пред пет години ме привлече убавината на еден цвет, со плавкаста боја, кој го сретнав во соседна Грција каде често одам на саеми. Но, кога дознав за какво растение се работи, сфатив дека работата е сериозна, бидејќи истото е огромна опасност и сериозно ги загрозува екосистемот и земјоделството.

Многу се изненадив кога кон крајот на летото истото растение, Solanum elaeagnifolium, сосема случајно го сретнав и во Неготино. Жена од градот го видела, се воодушевила од убавиот цвет, па го искорнала и го посадила дома без да знае за какво опасно растение се работи!
Го има покрај пат на улицата Индустриска во градот. Станува збор за жариште од околу десет метри квадратни, но сосема доволно да за направи огромни штети. Сега, во овој период од годината растението е суво, на него има мали плодови како патлиџани, кои на почеток се со темно зелена боја, а потоа поради мрзнење веќе се сосема отемнети.

Се вклучи сијалицата за опасност, и започнуваме со мапирање на областите каде го има. Откриено е и на влезот кон Кавадарци, а можеби го има и во други делови на земјата.

Опасноста од него е огромна, бидејќи е многу отровно, па кога се жнее, може случајно да заврши помеѓу сено или детелина и да предизвика смрт кај добитокот кој се храни, за ,,Фокус” појаснува дипломираниот инженер, биологот Сашко Тодоров од ,,Ековита”.

Тој додава дека веќе изработиле проект за справување со растението кој го презентирале пред претставници од Амбасадата на Шведска, од каде добиле финансиска поддршка, односно активноста ќе се реализирала преку регрант на Здружението Екосвест, финансиски подржан од Амбасадата на Шведска. Како координатор на проектот Екомисија била Кристина Тодорова, која е дипломиран агроном.

-Веќе сме во постојани консултации со херболог, значи првин одиме со мапирање на зафатените области, потоа растението ќе се отстранува, мора да се уништи сето семе. Хербологот ќе процени кои хербициди ќе бидат најефикасни за прскање.

Се работи за доста отпорно растение, кое бргу се шири, не му се потребни никакви посебни услови, прилагодливо е на секаква клима, и доколку навлезе во нива, претставува сериозна закана по културите, но и по животот на добитокот.

Апелирам до населението, не само во Неготино и Тиквешијата, туку низ цела Македонија, доколку го забележат, веднаш да се јават во здружението Ековита, за да можеме да ја мапираме областа и да пристапиме кон уништување на растението.

Сега нема цвет, но на пролет кога почнува да цвета уште полесно ќе биде забележливо, посебно поради убавината на цветот.

Околу тоа колку е опасно за пчелите, немаме точни информации, бидејќи тие не ги опрашуваат овие видови на растенија.

Би повторил, ако не реагираме на време, може да дојдеме до трајни еколошки и економски штети, појаснува биологот и додава дека по два месеца ќе има повеќе детали околу целиот процес.

Во меѓувреме, граѓаните кои ќе го забележат растението, би било пожелно да го фотографираат и да ги испратат фотографиите и детали за локацијата на страницата на здружението ,,Ековита”, со цел навремено да се реагира.

Continue Reading

Инфо +

Со 1,5 милиони евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитет на воздухот

Published

on

(29.01.2025) Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) започна имплементација на проект за усогласување на националното законодавство за квалитет на воздухот со европските регулативи. Проектот, кој започна во ноември 2024 година, е поддржан од ЕУ ИПА 2 Програмата со вкупен буџет од 1,5 милиони евра и ќе трае две години.

Преку оваа иницијатива ќе се транспонираат европските директиви (2008/50/EC, 2004/107/EC и 2016/2284/EC) во националното законодавство. Како резултат, ќе се подготви целосно нов закон за квалитет на амбиентен воздух, како и неколку подзаконски акти што ќе обезбедат усогласеност со барањата на ЕУ. Дополнително, ќе се изработат планови за имплементација на овие директиви, вклучувајќи и финансиски анализи за нивното спроведување.

Во рамките на проектот, ќе се подготват национални плански документи за заштита на амбиентниот воздух, кои ќе содржат конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во координација со надлежните институции. Исто така, ќе се работи на подобрување на националниот инвентар за емисии, како и на изработка и спроведување на план за мониторинг на тешки метали, полициклични ароматични јаглеводороди и испарливи органски соединенија.

Како дел од проектот, ќе се воспостават зони и агломерации за мониторинг на загадувачките супстанци, а истовремено ќе се зајакнат административните капацитети за спроведување на мерките. Ова ќе овозможи поефикасно управување со квалитетот на воздухот и негова подобра регулација во согласност со европските стандарди.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Зајакнување на Македонско-Турската Стратешка Соработка

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со Фуат Октај, претседател на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Турција, при што беа афирмирани традиционално одличните македонско-турски односи.

„Очекуваме проширување, интензивирање и продлабочување на соработката во интерес на граѓаните на двете држави“, истакна Сиљановска-Давкова.

Таа ја изрази својата поддршка за формирањето на Високиот совет за турско-македонска стратешка соработка, оценувајќи го како неопходен правно-институционален механизам кој ќе гарантира успешна и долгорочна билатерална соработка.

Оваа средба претставува уште еден значаен чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во духот на заеднички интереси и пријателство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк