Connect with us

Истражување

Правнуката на Петар Поп-Арсов: „Укинувањето“ на историја е навреда за секој Македонец

Published

on

Сара Поп-Арсова, историчарка и правнука на еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација и автор на нејзиниот прв Устав, Петар Поп-Арсов, со осуда за „реформата“ на министерката за образование Мила Царовска, која предвидува укинување на посебноста на наставниот предмет историја и негово вметнување во нов заедно со географија и со граѓанско општество.

„Моето име е Сара Поп-Арсова. Имам чест, но и одговорност да го носам презимето на еден од најголемите македонски револуционери – Петар Поп-Арсов. Ваквиот аманет го детерминира мојот животен пат и ме наведе моите студии да ги започнам на Филозофскиот факултет на Институтот за ссторија.

Последниве неколку дена на јавноста ѝ е претставен новиот образовен концепт кој предвидува интегрирање на неколку општествено-хуманистички науки и неколку природни науки во еден предмет. Оваа ‘реформа’ може да има страшни и трајни последици на идните генерации. Во период кога Македонија се наоѓа во ситуација во која треба секојдневно да го ‘докажува’ својот идентитет, решението не е бришење на предметот историја и негово интегрирање со останатите ‘општествени предмети’.

Интересно е што овие реформи доаѓаат во период кога многу јасно се зборува за ‘заедничката’ историја со нашите источни соседи. Апсолутно се гледаат надворешните притисоци како стојат зад оваа одлука на чие чело застана Царовска. Брзото носење на какви било реформи, особено во образованието, нема да резултира со позитивен фидбек, напротив, учениците ќе имаат дупки во основните знаења што ќе се одразува на нивното образование и ќе им направи потешкотии во понатамошното студирање. Ваквата реформа не само што е навредлива за секој Македонец, туку сметам дека е огромен минус и за идните генерации кои што нема да добијат онаква претстава за историјата како што треба и како што заслужуваат. Јас, како и сите останати Македонци, имаме предци кои се бореле за автономија на Македонија и го дале својот живот за татковината. Покрај тоа што изгубивме многу голем дел од нашата ‘македонштина’, губењето на историјата би била капка која ќе ја прелие чашата“, смета Поп-Арсова.https://eadsrv.com/ads/tpld/html5.php?md5=zhou83JuzbDa5xJkVpoB7MUtsvtDKeE3w8rFNYnUGuJCUZQxYel-dPMd3VoNlvSo31jSd0pyswHYN2NZhK4noKdk_jI3UFH3Jc6HqKxh99k4KSlpAI7qfU3_lu0m98c0BVBPc3MjtPNTJIY4BmlplT1CDFW4TI4kuXE3MFKbDpCqC7aGau7yYeKbaFYZJT6vxmWy5ImpdpyyvT39qLi69z97X5jeXimws1gstg0VB_nHoBL4QCyjklQKwdueoJKcMHg0P85QfHsx6MSesodYd6Gvsdz9WXRJzT7ap3gxUyikSYrCbbhZvUYyEkl-oG8AFA1xF1iRLCMbVDqgGInpi26q7opAoiz2aecakY6MmaMdj8oj6B0hmRB-jnqvfG6Je5EINsesDwicPZpx4qoTL0bnp6ss_L8dcUArzphg8gPMSGIYtMoc6QzAj6OFWnRK6zezRQC-yWc2JuIUDi8KURepBG_oSQUAz4SssbT7yd1gLS2JeRGJvJypRx5zaeP-nP0fyPByLfg,

Истражување

АНАЛИЗА: Во кој маркет е најефтината Coca Colа

Published

on

Врз основа на нашето истражување и посетата на неколку маркети, заклучивме дека цените на Coca Cola варираат од маркет до маркет. Затоа, одлучивме да ги прикажеме различните цени, со цел да ви помогнеме при изборот каде можете да ја купите по најповолна цена.

Continue Reading

Истражување

АНАЛИЗА: Каде е најевтино Кафе Браво 200 грама?

Published

on

Според нашето истражување направено на 05-06.11.2024 година во повеќе маркети, направивме анализа за тоа каде може да се купи најефтино Кафе Браво од 200 грама.

Continue Reading

Истражување

Секој четврти БИ РАБОТЕЛ ОД ДОМА И ЗА ПОМАЛА ПЛАТА

Published

on

Околу 23 проценти од вработените во Србија би прифатиле намалување на платата за да ја задржат можноста да работат од дома, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од платформата Осигуреник, во соработка со Инфостуд, пренесува „Бета“.

Истражувањето откри дека 65 проценти од помладите испитаници би барале нова работа доколку нивниот работодавач ја укине можноста за работа од дома, додека повозрасните испитаници не се подготвени за таков ризик.

Приближно 26 проценти од вработените во Србија имаат можност за работа на далечина.

Околу два проценти работат исклучиво од дома, шест проценти одбираат таков начин на работа без ограничувања, а 18 проценти можат да работат од дома само во одредени ситуации.

Во истражувањето учествувале 744 менаџери и сопственици на компании и 2,710 вработени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк