Connect with us

Инфо +

Колку се заработува во Германија и кои се најплатените професии

Published

on

Во 2019 година Германците заработуваа во просек речиси 4,000 евра месечно бруто. Какви се платите во различните гранки? И кој заработува најдобро? Еве неколку интересни бројки.


Просечниот месечен приход на еден германски граѓанин во текот на 2019 година бил 3.994 евра бруто, пред да се одземат даноците, здравственото осигурување, осигурување од невработеност, социјалниот данок и други давачки. Од тоа произлегува дека просечниот годишен бруто приход во Германија изнесувал близу 48.000 евра. Не треба да се заборави дека многу работодавачи исплаќаат и дополнителни бонуси – божикни или летни додатоци. За споредба, во 2010 година, просечниот месечен бруто приход беше нешто над 3.200 евра.


Минатата година просечната плата на жените беше околу 20% помала од онаа на мажите. Во целина, платите се зголемија повеќе во 2019 година отколку во претходните две години. Сепак, според експертите, овој нагорен тренд ќе заврши годинава заради кризата со коронавирусот. Покрај корпоративните банкротства и растечката невработеност, и приходите на Германците ќе се намалат, а тоа ќе влијае на пензиите, чиј раст оди заедно со растот на бруто-платите.
Во зависност од индустријата, разликите во платите во Германија се доста големи.


Во секторите банкарство и осигурување, информатика и комуникации, како и енергетика, просечната месечна плата е во опсег од 5,137 евра до 5,393 евра бруто. Уште подобри пари се заработуваат во производството на нафта и сродните активности, каде просечните плати се помеѓу 6.000 и 7.000 евра пред оданочување. Приходите се многу пониски во хотелската и ресторанската индустрија, каде просечно се заработуваат 2,451 евра бруто месечно. Не се многу подобри ни оние што се занимаваат со посредување при вработување. Во овој сегмент се заработува просечно 2.460 евра бруто.



Добра заработка без факултет?

Висината на платата зависи и од компанија која вработува. Поголемите компании обично плаќаат повеќе. Покрај тоа, приходот зависи и од специјализираното знаење – на пример во областа на информатичката технологија, но и од одговорностите што ги презема работникот.

Универзитетската диплома вообичаено е фактор што фаворизира поголеми приходи, но има и исклучоци. Во Германија има и луѓе без високо образование кои заработуваат многу добро. Во повеќето случаи, тие поминале двојна обука во рок од две или три години. Еве ги позициите каде можете добро да заработите и без високо образование:
Регионален шеф на синџир на продавници може да достигне годишна плата од 73,000 пред даноци.

Вработени во продажба во фармацевтската индустрија заработуваат над 68.000 евра бруто годишно. И во ИТ секторот, многу луѓе без високо образование заработуваат добро. Како и даночните советници – околу 60,000 бруто годишно.

– Повеќе на темата: Колкави се трошоците за живот во Германија

На врвот сепак се оние со високо образование во специфични бранши. На прво место лекарите. Главен лекар заработува над 117,000 евра бруто годишно – речиси 10,000 евра месечно.

Над 80,000 евра годишно заработуваат менаџерите во фондовите, како и лекарите- специјалисти. Помеѓу 5,000 и 7,000 евра бруто месечно можете да заработите во овие професии: патентно инженерство, банкарски консалтинг, правни советници, информатика со раководни должности.

Сојузниот завод за статистика исто така пресмета какви материјални и финансиски резерви имаат жителите на Германија. Во 2018 година, едно домаќинство во Западна Германија имало вкупни материјални резерви во просек од околу 180,000 евра, а во Источна Германија – околу 88.000 евра.

Македонија

Гаши: Потребни ни се длабоки промени во правосудството

Published

on

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска на брифинг нагласи дека се бараат законски можности во консултација со експерти и институции да се направат законски измени и реформа во правосудството кое што, како рече, ќе биде квалитетно.

– Прво да констатираме дека темата е покомплексна и сакаме долгорочно да биде решен проблемот. Во консултации со повеќе експерти и институции и сакаме да дојдеме до решение кое ќе биде одржливо и ќе биде долгорочно решение. Не сакам да дадам мое мислење во моментов, но сакам да ги испочитуваме сите институции, да дојдеме до заедничко мислење, па потоа да пристапиме со заеднички став да го решиме проблемот, рече тој.

На новинарско прашање дали се потребни промени во Судскиот совет, Гаши нагласи дека веќе на сите им е јасно дека ни се потребни длабоки реформи во правосудството.

– Мислам дека тоа е веќе јасно. На сите граѓани им е јасно дека ни се потребни длабоки реформи во правосудството. Само треба да внимаваме тие да бидат содржајни и реформи кои одат кон подобро, затоа што неколку пати сме пробале избрзувајќи не сме донеле решенија кои се одржливи и подолгорочни. Затоа, овојпат сакаме да внимаваме и пристапот е поинаков, рече Гаши.

Continue Reading

Македонија

Европол уапси над 400 лица, продавале лажни лекови во 30 земји

Published

on

Меѓународните истражители уапсија 418 осомничени како дел од операцијата насочена кон трговија со лажни лекови и недозволени супстанци во 30 земји, соопшти денеска телото за спроведување на законот на Европската унија, Европол.

Повеќе од 400.000 пакувања „нелегални фармацевтски производи“, речиси 175.000 ампули и над 4,5 милиони таблети биле запленети за време на рациите спроведени меѓу април и ноември минатата година, се вели во соопштението на Европол.

Вкупните заплени на операцијата наречена „Shield V“ се во вредност од повеќе од 11 милиони евра (11,4 милиони долари), се вели во извештајот.

Операцијата беше предводена од француските, грчките, италијанските и шпанските власти, а координирана од Европол.

Лажните лекови со кои се тргува во ЕУ се во пораст, што носи огромна цена за поединецот и општеството, велат од агенцијата.

Според Европол, во рамките на операцијата биле истражени вкупно 52 организирани криминални групи.

Агенцијата забележа дека „социјалните медиуми и онлајн пазарите, и на темната мрежа“ се централни во трговијата со „фалсификувани фармацевтски производи“.

Службениците за спроведување на законот заплениле широк спектар на лекови, вклучувајќи лекови против болки, лекови за рак, допинг супстанции, хормони и психотропни лекови.

Continue Reading

Македонија

Хирург од Битола доби осумдневен притвор

Published

on

На М.С. (64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола кој беше приведен од полицијата поради сомневање дека примил поткуп, доби осумдневен притвор на барање на Јавното обвинителство.

„Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите, соопшти битолското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство“, објави Обвинителството.

Полицијата вчера извести дека кај хирургот биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. М.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк