Connect with us

Инфо +

Ќе се прогласи ли недела за неработен ден?

Published

on

Средствата ќе им бидат исплатени на граѓаните согласно законското решение. Ние од тоа не се откажуваме, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за исплатата на 6.000 денари од четвртиот пакет финансиска поддршка од Владата која, меѓу други категории граѓани, им следува и на самохрани родители.

На новинарско прашање како и кога ќе се разгкедаат околу 70 илјади приговори ако е рокот поминат, таа одговори дека поминале роковите за приговори доколку некој не влегол во системот на четвртиот пакет на финансиска помош, комисија сега ги разгледува жалбите и во следниот период ќе биде донесен заклучок кои ќе бидат прифатени.

-Законскиот рок за разгледување на приговорите според информациите од Генералниот секретаријат е во период од 10 дена. Значи, доколку ние го даваме тој рок од 10 дена за да може да се усвојат дел од приговорите, секако дека Владата ќе изнајде начин за овие средства да бидат трансферирани на сметките на граѓаните, рече Шахпаска, но не прецизираше како ќе бидат опфатени приговорите по рокот.

Законот се менува во Собрание, меѓутоа согласно жалбениот период и периодот на приговори, рече, секако дека постои начин и алатка како тоа ќе се премости.

За исплата на 6.000 денари за самохраните родители барањата се поднесувале, рече, преку центрите за социјална работа, а МТСП понатаму нив ги процесира до Генералниот секретаријат на Владата каде што треба да тече исплатата.

Во однос на законската одредба недела да биде неработен ден, министерката одговори дека се завршени консултациите за ова прашање за кое се дискутира месец и пол и очекува на почетокот на идниот месец измените на Законот за работни односи да бидат во собраниска процедура. Постојат дилеми во одредени области, рече, и затоа им било потребна темелна анализа за да ги соочат аргументите за и против на сите заинтересирани страни.

-МТСП ја изработи драфт-верзијата, ја предочивме на сите членови односно партнерите во социјалниот дијалог, се уште во општеството има интерес за ова законско решение – за и против, меѓутоа ние не се откажуваме. Верувам дека по Нова година законското решениеќе ќе влезе во собраниска процедура и ќе биде изгласано во интерес на оние заради кои го носиме. Дилемите се околу тоа кој треба да биде опфатен со недела неработен ден, односно кои дејности во државата треба да функционираат – здравството, полицијата, социјалната служба, центрите за детска заштита, старските домови, противпожарните служби, комуналните служби. Тоа се витално важни дејности без кои оваа држава не може да функционира, рече Шахпаска одговарајќи на новинарски прашања по отчетот за сто дена од мандатот.

Македонија

Починато лице кај старо Роналдо во Тетово

Published

on

Вечерва е пронајдено починато лице во близина на старо Роналдо во Тетово веднаш до обложувалницата Моцарт.

За повеќе информации чекаме од СВР Тетово

https://www.facebook.com/share/v/12BtiZpJRB2/?mibextid=TRmnTU

Continue Reading

Македонија

Коњановски и Битола со силна поддршка за Ана и Алексеј на детската Евровизија во Мадрид

Published

on

Во организација на основното училиште „Даме Груев“ и со поддршка од општина Битола, синоќа во Кристалната сала на Офицерскиот дом се одржа голем собир за поддршка на македонските претставници на детската Евровизија, Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски.

Со знамиња, транспаренти и навивачки реквизити, бројни битолчани, вклучувајќи го и градоначалникот Тони Коњановски, професорите и учениците од училиштето „Даме Груев“, каде што учат Ана и Алексеј, со ентузијазам го проследија нивниот настап. Македонските претставници настапија со песната „Маратон“, која плени со својот уникатен сценски перформанс и музичка изведба.

„Ова е посебен момент за Битола. За прв пат на детската Евровизија имаме претставници од нашиот град, кои со својот талент и посветеност покажаа како се претставува Македонија на европската сцена. Горд сум на Ана и Алексеј и им посакувам што поголем успех,“ изјави градоначалникот Коњановски, кој пред заминувањето во Мадрид ги прими младите музичари во својот кабинет за да им даде поддршка и мотивација.

Настапот на Ана и Алексеј беше следен со громогласен аплауз и овации од присутните во Офицерскиот дом, кои преку директниот пренос ја споделија нивната енергија и гордост. Настанот претставуваше вистински празник на музиката и младешката креативност, а Битола уште еднаш покажа дека стои зад своите талентирани млади.

Continue Reading

Македонија

Снежна бајка во Невеска: Бисерот на егејска Македонија

Published

on

Село Невеска, лоцирано во срцето на Лерин, егејска Македонија, претставува бисер на природната и културната убавина, особено во зимските месеци.

Во снежните денови, селото се претвора во бајковит пејзаж, со традиционалните камени куќи опкружени со бело покривало, кое како да го запира времето. Високите борoви и букови дрвја, прекриени со мраз и снег, создаваат глетка од незаборавна убавина. Низ тесните калдрмисани улици, сè уште се слуша шепотот на историјата, додека тивко паѓа снегот, омекнувајќи го секој звук.

Селото е опкружено со планински падини, совршени за зимски прошетки и истражување. Одредени точки нудат неверојатен поглед на околните ридови и долини, кои зиме изгледаат како бескрајна бела покривка. Традиционалните куќи и камените ѕидови се украсени со снег, а чадот од оџаците додава топлина и живот во ова снежно ремек-дело.

Невеска ја доловува суштината на македонското планинско наследство, спојувајќи го спокојството на природата со историјата и културата на регионот. Ова село во зимска облека е како создадено за да инспирира уметници, фотографи и љубители на природата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк