Connect with us

Инфо +

296 новозаболени од Ковид-19 и 18 починати изминативе 24 часа

Published

on

Министерството за здравство информираше дека последново деноноќие регистрирани се 296 нови случаи на Ковид-19 од 1.253 тестрања.

Новите случаи според градови се регистрирани во: Скопје-90, Куманово-19, Дебар-9, Штип-13, Прилеп-23, Тетово-14, Струга-9, Велес-16, Битола-9, Охрид-15, Кавадарци-12, Гостивар-4, Гевгелија-7, Струмица-17, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир , Хисар-2, Валандово-3, Виница-2, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-2, Ресен-9, Неготино-9.

Изминатово деноноќие од вирусот починале 18 лица. Двајца пациенти од Скопје (59 и 54г), тројца од Штип (49, 82 и 68г), еден пациент од Прилеп (81г), еден од Тетово (64г), еден од Струга (65г), еден од Велес (65г), еден од Битола (61г), еден од Охрид (84г), еден од Кавадарци (75г), двајца пациенти од Гостивар (73 и 52г), еден од Струмица (57г), еден од Крива Паланка (75г) и двајца пациенти од Кичево (82 и 68г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и 511 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 81.721, бројката на оздравени пациенти е 59.231, на починати е 2.445, а бројот на активни случаи изнесува 20.045.

Направените 1.253 теста се преку: ИЈЗ-492, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена-199, Биотек-118, МАНУ -111, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -14, лабораторија Лаор –46, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-0, ГАК-0, Синлаб-24, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -47, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0.

Досега во С. Македонија се направени вкупно 393.629 тестирања на Ковид -19.

Македонија

Поради ПЕТАРДИ малолетник од заврши во болница

Published

on

На 04.01.2025 година во СВР Куманов лекар од Општа болница Куманово пријавил дека кај нив со повреди бил донесен малолетник. 

Според пријавеното малолетникот со повредите се здобил од пиротехнички средства- петарди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Давкова ставила вето на Законот со кој се предидуваа двојазични лиценци во градинките

Published

on

Претседателката Гордана Силјановска Давкова не го потпишала Указот за стапување на сила на Законот за заштита на децата.

За овој потег Давкова го информирала и Собранието и претседателот Африм Гаши.

„Го поздравуваме непотпишувањето на Указот од страна на претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова со што се отвораа оваа можност и бараме власта да се повлече од намерите поради спорните одредби кои ги содржи.Членот 9 и Членот 10 од Предлог Законот за измена којшто го предложи Владата значи воведување двојазични лиценци од областа на детската заштита. Спорно е што овој сегмент е регулиран со друг закон кој ја уредува употребата на јазиците, но и Уставот на државата.

Освен што се спорни одредбите во овој Закон, спорна е и целата процедура којашто насила се туркаше во македонското собрание. Предлог Законот од матичната Комисија за социјална политика, млади и демографија власта го префрли за расправа и дискусија во Комисијата за енергетика. Претседателот на Собранието го прекрши Деловникот само за да ја заобиколи надлежната Комисија за социјална политика, којашто е блокирана поради неприфаќање на Законот за посебните права на бранителите“ велат од СДСМ.

Continue Reading

Македонија

Тепачка во затворот во Идризово

Published

on

Осуденик од тетовско Јеловјане од затворот Идризово вчера бил физички нападнат од двајца осуденици од Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Повредениотбил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош и повторно бил вратен во КПУ Идризово.

– Вчера во 15:33 часот во Полициската станица Гази Баба од Казнено поправната установа Идризово било пријавено дека истиот ден околу 06:30 часот во установата осуденикот А.А. (27) од с.Јеловјане, тетовско, според пријавеното, бил физички нападнат од други двајца осуденици Т.Е. (32) и М.Ш. (50) двајцата од Скопје, посочуваат од МВР во дневниот билтен.

Од МВР посочуваат дека бил извршен увид од увидна екипа од ПС Гази Баба и се работи на расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк