Connect with us

Инфо +

Новиот вид на коронавирус пронајден кај две лица во Норвешка

Published

on

Патниците, кои не се идентификувани, дошле во Норвешка во средината на декември, а здравствените работници ќе ги следат нивните контакти.

Новиот вид на короанвирус е детектиран кај две лица кои допатувале во Норвешка од Велика Британија, соопшти денес Норвешкиот институт за јавно здравје.

Патниците, кои не се идентификувани, дошле во Норвешка во средината на декември, а здравствените работници ќе ги следат нивните контакти.

Норвешка воведе остри патни рестрикции на почетокот на месецот за патници од Велика Британија поради појава на новиот вид на коронавирус, за кој се смета дека е попренослив од претходните видови.

Македонија

Македонската дипломатија и лобирање, ГО ЗАГРИЖИ БОРИСОВ? „Дознав дека се одвиваат ПРОЦЕСИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Published

on

Досега преговорите се одвиваат добро. И колку е потивко, толку подобро. Нека поминат сите теми па после ќе разговараме, изјавил лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на третиот ден од почетокот на преговорите меѓу ГЕРБ и ДБ за нова бугарска влада. Вчера неговите луѓе од ГЕРБ се сретнале и со претставници на партијата БСП.

-Јас сум оптимист затоа што она што го гледам во меѓународниот план едноставно не обврзува како народ, како држава, како народ, да издадеме редовна влада, кажал Борисов.

На прашањето кога ќе биде средбата со претставници на ИТН, лидерот на ГЕРБ одговорил:

-Вчера имав долг разговор со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, добар пријател. Од разговорот разбрав дека во текот на овие години во Брисел, во нашите партнерски земји во НАТО се одвиваа многу процеси за Македонија и се изгуби многу време. Бев изненаден од објаснувањата што требаше да ги дадам. Значи ние сме должни да формираме влада и да застанеме многу цврсто на нашите позиции, кажал поранешниот бугарски премиер во изјава за бугарските медиуми.

Македонската влада смета дека треба да се почека Бугарија да добие стабилна политичка влада и да се лобира за евентурално ново решение. Челници на владеачката ВМРО-ДПМНЕ неколку пати претходно изјавуваа дека планот за одложени уставни измени звучи логичен и наидува на разбирање кај голем дел од соговорниците во ЕУ.

Претходната влада на СДСМ и ДУИ ја договори и ја објави Преговарачката рамка со ЕУ во јули 2022 година, со која е предвидена актуелната обврска на земјава. Со предложените уставни измени на Преамбулата и на Амандманот 36 се предлага после бошњачкиот народ, да се додадат бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.

Continue Reading

Инфо +

Утре без струја делови од Тетово и тетовски села!

Published

on

Утре, на 19.12.2024, делови од Тетово и неколку села во тетовскиот регион ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа. Прекинот ќе трае во различни временски интервали, а засегнатите граѓани се повикуваат да се прилагодат на најавената состојба.

Дел од ул.Радован Цониќ прекин од 09:00 до 15:00 часот

БОГОВИЊЕ: дел од с.Боговиње прекин прекин од 09:00 до 14:00 часот

ПАЛАТИЦА: дел од с.Палатица прекин од 09:00 до 14:00 часот

Continue Reading

Македонија

Тој веќе не е дел од ДУИ: Беџети го повика Груби да се врати и да се соочи со правдата

Published

on

Организацискиот секретар на ДУИ, Блерим Беџети јавно го повика Артан Груби да се врати во земјата и да се пријави пред органите на правдата. Тој во гостувањето на ТВ21 рече дека Груби веќе не е дел од ДУИ и дека се повлекол од партијата, пред партиските органи да донесат таква одлука.

„Артан Груби јавно го повикувам, во име на партијата и во мое лично име, да се пријави пред органите на правдата, за да се соочи. Значи, станува збор за случајот со Држана лотарија, а не за црната листа на САД, тоа е нешто друго. Како секој граѓанин, и како носител на јавна функција, ако е чист како што кажува или пак прекршил закон, тоа треба да се констатира во органите. Се надевам дека поскоро ќе се соочи, тој, и многу други – изјави Беџети.

Тој рече дека ДУИ ги почитува, ги прифаќа и има сериозен пристап кон одлуките на Стејт Департманот за црната листа.

Во врска со бегството на Груби од Македонија, Беџети рече дека не знае детали, но го повика поранешниот сопартиец да се врати.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк