Connect with us

Инфо +

„Тик Ток фраерот“ заработи казна и одземање на возилото

Published

on

Парична казна и одземање на возилото заработи лицето кои возеше на новата велосипедска патека долж булеварот „8 Септември“ во Скопје. Веста, утрово ја објави Скопје Инфо и ја повика полицијата веднаш да реагира. Градоначалникот Петре Шилегов вечерва на својот Фејсбук профил напиша дека лицето е идентификувано, казнето од страна на Град Скопје и Министерството за внатрешни работи и одземено му е возилото.

Тик ток “фраерот” што возеше по вело патеката на 8-ми Септември, идентификуван, казнет од страна на МВР, казнет од Град Скопје, возилото времено одземено …

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3475014349389805

Македонија

Росица Кулакова: Коренот на сите проблеми доаѓа од судскиот систем, ако судијката му го продолжела притворот на Васил мојата сестра ќе беше жива

Published

on

Денеска во Неготино започна маршот „Стоп за сообраќајното насилство“. Истиот беше предводен од другарките на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која на 29 јануари го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди од 20 годишниот Васил Јованов.

На протестот се обрати и сестрата на Фросина, Росица Кулакова која им се заблагодари на граѓаните за нивното присуство во голем број и за поддршката.

-Коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем бидејќи тој има неприкосновена обврска да покаже и да докаже дека злоделата мора да бидат соодветно казнети. Бидејќи законодавецот предвидел многу поголеми казни од оние кои судот во пракса ги досудува. Дури тогаш секој од нас ќе знае и ќе размислува за последиците пред постапките. По историјата на девијатното односување на Васил, по тоа што не почитувал никаков авторитет а и самиот суд во пресудата заклучува дека изјавите му се манипулативни и има направено повеќе прекршоци претходно, него го прави исклучително опасен за нашето општество. Васил станува една темпирана бомба. Поради сето ова, доколку судијката му го продолжила притворот до правосилноста на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација тој само бил спроведен во затвор, мојата сестра Фросина денеска ќе беше жива. Затоа бараме одговорност и од судијката Даниела Алексовска Стојановска и од сите кои вмешале прсти во убиството на сестра ми. Правда за Фросина, рече Росица Кулакова.

Граѓаните се упатија кон гробот на Фросина, а нејзиниот татко Тодор Кулаков, се заблагодари на поддршката и порача дека борбата за правда ќе биде долга, но ќе се изборат.

На протестот, барајќи правда, дојдоа и блиски на претходно загинатите Михаела Стеваноска, Слободан Ангеловски, Ивица Цековски, Мите Танов и други, посакувајќи ова низ што минуваат, никому да не му се случи. Но, побараа и ревизија на сите сомнителни судски случаи.

Continue Reading

Балкан

Инцидент со автомобилот на Вучиќ: Eдно тркало излета

Published

on

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска бил во автомобил кога му пукнала губа или паднало тркалото додека патувал за Мокрин, каде што бил во посета на локалните жители.

Тој во моментот на инцидентот бил во службено возило.

На видеото кое е објавено на страницата 192 на Инстаграм, се гледа како автомобил вози на средината на пат, почнува да лебди, а следниот момент паѓа задното лево тркало. Автомобилот потоа застанува, обезбедувањето излегува за да види што се случило.

Станува збор за блиндиран автомобил специјално дизајниран за превоз на службеници, па засега не е јасно како дошло до овој инцидент.

Придружбата на претседателот брзо реагираше и беше спречена голема несреќа, а нема повредени. Истрагата ќе утврди што всушност се случило.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајка во Тетово – се преврте автомобил

Published

on

Попладнево во Тетово се случила сообраќајна несреќа.

Засега нема информации за повредени лица, а на терен е полиција која врши увид.

Извор: 24info.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк