Connect with us

Инфо +

Храбри луѓе: Пожаpот во „Глобал“ го гаснеле 61 пожарникари со 18 возила

Published

on

Гаснењето на големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, кој избувна синоќа во 23:12 часот, траело скоро 5 часови, а во борбата со огнената стихија учествувале вкупно 61 пожарникари со 18 возила.

Пожарот е изгаснат утрово во 3:50 часот. Покрај целиот состав на ТППЕ Струмица, во гаснењето учествувале и пожарникари од Радовиш, Кавадарци, Штип и Валандово, како и цистерни од струмичкото комунално претпријатие

Според Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица, пожарот во „Глобал“ бил пријавен од стражарската служба, а пожарникарите стасале за 3 минути. Најпрвин избувнал во делот каде се врши доставување на стока и брзо се проширил.

-Опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, како и на дел од вториот. При гаснењето е повреден еден пожарникар, кој вдишал јаглероден монооксид и беше пренесен во болницата во Струмица каде по укажаната помош е пуштен на домашно лекување, рече Гудев.

Тој побара од граѓаните да се воздржат од негативни коментари по социјалните мрежи и да не се шири говор на омраза. Како што рече, пожарникарите својата работа ја работат спопред прописи, правила и процедури и најостро ги демантираше информациите дека пожарникарите делувале ненавремено.

И по осум часови од изгаснувањето на пожарот дежурна екипа на ТППЕ Струмица е на местото на пожарот заради догасување на одредени жаришта во приземјето каде се уште тлее.

Увид од страна на инспектори за пожари се очекува да биде извршен утре, по што треба да се знае која е причината за еден од најголемите пожари на објекти во Струмица.

Европа

Исланд користи вулканска енергија за загревање на улиците

Published

on

На Исланд, за да се осигура безбедноста на граѓаните, улиците се загреваат со топла вода која се добива од вулканите. Оваа ефикасна технологија им помага да го топат снегот веднаш, користејќи го вишокот на топла вода од природните извори.

Continue Reading

Скопје

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Приведен скопјанец поради агресивно однесување кон полицијата!

Published

on

– На 24.12.2024 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(38) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading

Македонија

ИЗМАМИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Туѓи лични податоци искористила за подигнување на брз кредит

Published

on

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ц.С.(48) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.

На 08.05.2023 пријавената од С.Б. од с. Раклиш, на социјална мрежа обезбедила негови лични податоци од лична карта и платежна картичка, за да му бидат наводно исплатени 300 евра, но истата ги искористила неговите податоци заради подигнување на брз кредит.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк