Connect with us

Инфо +

Повеќе од една петтина од младите не учат и не се вработени

Младинската невработеност во земјите од Западен Балкан е генерално високa и иако има тренд на намалување, во 2018 година стапката на невработеност во земјава се уште е два пати поголема од просекот во ЕУ, со повеќе од една петтина од младите кои влегуваат во НЕЕТ групата – млади кои не учат, не се вработени и не посетуваат обуки.

Најголемиот дел од НЕЕТ младите – 36,6 проценти се долгогодишено невработени, од кои најмногу се жени на возраст од 25 до 29 години, само со основно образование и кои живеат во рурални средини.

Државата нема соодветни податоци и информации за проблемот со младинската невработеност, а повеќето од политиките се генерални и не се фокусирани и дизајнирани за млади.

Лошото/несоодветно образование, апатијата и демотивираноста на младите, како и несоодветните знаења со потребите на пазарот се идентификуваат како главни причини за високата младинска невработеност и емиграција, за што е потребна целосна и длабинска реформа на сите нивоа на образовниот систем, базирана на квалитетни анализи и заклучоци од сите засегнати страни, особено младите.

Ова го покажуваат истражувањето на Млади инфо – Република Македонија – „Студија за НЕЕТ и млади од ранливи категории“, изработено во рамките на проектот WB&T for EmploYouth, фокусиран на зголемување на вработеноста и вработливоста на НЕЕТ младите и младите од ранливи категории во Република Македонија. Проектот е финансиран од Европската унија и имплементиран под водство на Фондацијата Ана и Владе Дивац од Србија.

НЕЕТ млади – лица од 15 до 29 години кои не учат, не се вработени и не посетуваат обуки

Терминот НЕЕТ млади на ниво на ЕУ се однесува на млади кои ниту се вработени, ниту посетуваат некакво образование или обука. Оваа дефиниција ги вклучува невработените млади на возраст од 15 до 29 години кои не бараат работа, не следат формално или неформално образование.

Постојат пет главни подгрупи на НЕЕТ млади и тоа:

– конвенционално невработени – кои може да се поделат на долгорочно и краткорочно невработени;

– недостапни – млади негуватели, млади со фамилијарни обврски и млади кои се болни или инвалиди;

– незаинтересирани – млади кои не бараат работа или образование, а не се спречени од други причини, како и млади кои водат асоцијален и опасен животен стил;

– баратели на можност – млади кои активно бараат работа или тренинг, но се воздржуваат за можности кои тие сметаат дека не им одговараат на нивните вештини и ниво;

– волонтерно НЕЕТ – млади кои патуваат или се конструктивно вклучени во други активности како што се уметност, музика или самоедукација.

Како фактори кои влијаат на зголемување на ризикот за НЕЕТ млади на светско ниво, во анализата, се посочуваат следните работи:

– лицата со ниско образование имаат за три пати повисок ризик да станат НЕЕТ млади споредено со лицата со високо образование;

– лицата кои живеат во далечни рурални средини имаат за 1,5 пати поголема веројатност да влезат во НЕЕТ група на млади;

– младите кои живеат во семејство со ниски приходи имаат поголем ризик да станат НЕЕТ млади од тие кои доаѓаат од семејства со просечни приходи;

– младите чии родители некогаш останале без работа имаат за 17 проценти поголем ризик да станат НЕЕТ млади;

– лицата со попреченост имаат 40 проценти поголем ризик да влезат во НЕЕТ групата;

– младите чии родители се разведени имаат за 30 проценти поголем ризик да влезат во НЕЕТ групата.

Република Македонија има една од највисоките стапки на НЕЕТ млади на возраст од 15 до 24 години во 2018 година – 24,1 процент. Тоа е над просекот од 22,1 проценти, за Западен Балкан. Најголема стапка НЕЕТ млади има Косово – 28,5 проценти, потоа Албанија со 26,5 проценти. Црна Гора со 16,2 проценти, Србија со 16,5 и Босна и Херцеговина со 21,6 проценти се под просекот на регионот. Просекот на НЕЕТ млади во Европа изнесува 17,2 отсто, се вели во анализата.

Како сериозен проблем, во анализата се посочува немањето соодветни податоци од институциите за НЕЕТ младите и основните заклучоци за младинската невработеност во Република Македонија ги влечат од анализата на годишникот на Државниот завод за статистика за 2019 година.

Advertisement

Балкан

Драматичен момент во Брисел: Урсула го прекина Вучиќ пред медиумите

На официјалниот влез на Европската комисија во Брисел се случи кратка, но забележлива сцена меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Според снимките, Вучиќ ѝ соопштил дека штотуку добил порака од Москва, на што Урсула, со воздржана насмевка, му одговорила дека треба да се тргнат од камерите пред да продолжат разговорот.

Снимката брзо се прошири низ европските медиуми и на социјалните платформи, предизвикувајќи големо внимание во дипломатските кругови. Настанот се случува во момент кога ЕУ повторно ја разгледува европската перспектива на Западен Балкан, а Србија се соочува со притисок да ја намали зависноста од Русија.

Ниту Белград ниту Брисел досега не објавија официјално соопштение за овој инцидент.

Пред посетата на Брисел, Вучиќ истакна дека ќе се залага за заедничко членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ, што предизвика различни реакции во регионот. Црногорскиот премиер ја потврди целта Црна Гора да се приклучи на Унијата до 2028 година, додека хрватските медиуми оценија дека иницијативата е охрабрувачка, но засега нереалистична.

Continue Reading

Европа

Сè што треба да знаете за промените на границата со Унгарија пред вашето патување

За сите патници кои планираат патување кон Унгарија, граничниот премин Бачки Виногради – Ашоталом добива значително продолжено работно време, токму навреме за претстојните новогодишни и божиќни празници.

Постигнат е клучен договор помеѓу Управата за гранична полиција при нашето МВР и унгарските гранични власти, со цел да се олесни патничкиот метеж во претстојниот празничен период.

Преминот сега ќе биде отворен од 7:00 до 22:00 часот. Претходно, преминот работеше само до 19:00 часот. Оваа промена стапува на сила веднаш, од 10 декември и ќе трае до 11 јануари.

Овој граничен премин е етаблиран исклучиво за патнички сообраќај, што значи дека ова олеснување директно ги засега сите што патуваат со своите возила. (Забелешка: Автобускиот и товарниот сообраќај остануваат исклучени).

Во време кога се очекува експоненцијален пораст на бројот на патници, а времето на чекање на границите е дополнително продолжено поради воведувањето на новиот EES систем, овие дополнителни три часа работа можат да значат значително скратување на долгите колони и мачните чекања за сите кои се упатуваат кон Унгарија во наредниот месец.

Continue Reading

Балкан

Човек држен две години во заложништво без струја и вода во приколка во Горски Котар

По две години терор, полицијата конечно им стави крај на двајца осомничени кои експлоатирале 42-годишен хрватски државјанин.

Осомничените се приведени под сомнение дека, користејќи закани, измами и психолошка манипулација, го довеле несреќниот маж во подредена положба на апсолутна зависност.

Жртвата била држена во нехумани услови и систематски злоупотребувана. Не само што бил принудуван да врши тешка физичка работа БЕЗ НИКАКОВ НАДОМЕСТ, туку експлоататорите оделе дотаму што целосно му го присвојувале имотот, претворајќи го неговиот живот во вистински пекол.

Оваа сурова приказна за злоупотреба и трудова експлоатација во срцето на Хрватска предизвика шок во јавноста. Полициската истрага продолжува со цел да се расветлат сите детали од ова стравично дело.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг