Connect with us

Инфо +

Од утре исплата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Published

on

Од утре, 5 јануари 2021 година (вторник) започнува исплатата на паричните права од социјална заштита, заштита на децата и цивилна заштита ( сите парични прва) за месец декември 2020 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на здравствена криза, исплатата ќе се спроведе во две групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

На 05.1.2021 (вторник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и на 08. 1.2021 (петок) – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 5 јануари 2021 година.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Европа

Исланд користи вулканска енергија за загревање на улиците

Published

on

На Исланд, за да се осигура безбедноста на граѓаните, улиците се загреваат со топла вода која се добива од вулканите. Оваа ефикасна технологија им помага да го топат снегот веднаш, користејќи го вишокот на топла вода од природните извори.

Continue Reading

Скопје

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Приведен скопјанец поради агресивно однесување кон полицијата!

Published

on

– На 24.12.2024 во 14.10 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го привеле М.К.(38) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираа од полицијата. 

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading

Македонија

ИЗМАМИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ: Туѓи лични податоци искористила за подигнување на брз кредит

Published

on

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ц.С.(48) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.

На 08.05.2023 пријавената од С.Б. од с. Раклиш, на социјална мрежа обезбедила негови лични податоци од лична карта и платежна картичка, за да му бидат наводно исплатени 300 евра, но истата ги искористила неговите податоци заради подигнување на брз кредит.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк