Connect with us

Инфо +

Рекорд: Полициски радар фати возач со 212 километри на час на автопатот Тетово-Гостивар

Published

on

Во рамки на вчерашната акциска контрола за брзо возење полиција со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар откри возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот.



-Во акциската контрола вкупно биле откриени и законски санкционирани 101 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на тетовското подрачје. Исто така, во текот на вчерашниот ден во овој период реализирана е и акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол. Во оваа акција санкционирани биле четири возачи кои управувале возило со присуство на алкохол повеќе од дозволеното, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Македонија

Европол уапси над 400 лица, продавале лажни лекови во 30 земји

Published

on

Меѓународните истражители уапсија 418 осомничени како дел од операцијата насочена кон трговија со лажни лекови и недозволени супстанци во 30 земји, соопшти денеска телото за спроведување на законот на Европската унија, Европол.

Повеќе од 400.000 пакувања „нелегални фармацевтски производи“, речиси 175.000 ампули и над 4,5 милиони таблети биле запленети за време на рациите спроведени меѓу април и ноември минатата година, се вели во соопштението на Европол.

Вкупните заплени на операцијата наречена „Shield V“ се во вредност од повеќе од 11 милиони евра (11,4 милиони долари), се вели во извештајот.

Операцијата беше предводена од француските, грчките, италијанските и шпанските власти, а координирана од Европол.

Лажните лекови со кои се тргува во ЕУ се во пораст, што носи огромна цена за поединецот и општеството, велат од агенцијата.

Според Европол, во рамките на операцијата биле истражени вкупно 52 организирани криминални групи.

Агенцијата забележа дека „социјалните медиуми и онлајн пазарите, и на темната мрежа“ се централни во трговијата со „фалсификувани фармацевтски производи“.

Службениците за спроведување на законот заплениле широк спектар на лекови, вклучувајќи лекови против болки, лекови за рак, допинг супстанции, хормони и психотропни лекови.

Continue Reading

Македонија

Хирург од Битола доби осумдневен притвор

Published

on

На М.С. (64), лекар во Хируршко одделение во Клиничка болница Битола кој беше приведен од полицијата поради сомневање дека примил поткуп, доби осумдневен притвор на барање на Јавното обвинителство.

„Сомнението произлегува од фактот дека осомничениот, на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор – хирург на Одделението за хирургија при ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почастел за извршената работа. Синот следниот во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите, соопшти битолското обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство“, објави Обвинителството.

Полицијата вчера извести дека кај хирургот биле пронајдени и одземени парите, кои претходно биле обележани. М.С. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него е поднесена кривична пријава.

Continue Reading

Македонија

Прекин во водоснабдувањето во Тетово

Published

on

Јавното комунално претпријатие „Шар Тетово“ ги известува сите жители на градот дека поради дефект, водата за пиење ќе биде прекината почнувајќи од 10:20 часот. Траењето на прекинот засега е неопределено.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк