Connect with us

Инфо +

Тимотеј: Коледарчињата да останат дома годинава

Published

on

Коледарчињата треба да си останат дома оваа година поради опасноста од ширење на коронавирусот, изјави за Плусинфо митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј.

– Во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божик сакам да им порачам на коледарчињата да си останат во своите домови и оваа година да ја прескокнат традицијата. Такво е времето, мора да се штитиме од коронавирусот. Исто така, литургијата за Божик ќе се служи со голема претпазливост и со почитување на мерките за заштита од пандемијата. Во храмовите ќе се запазува дистанцата, а сите присутни ќе носат заштитни маски на лицата – изјави г. Тимотеј.

Во Куманово веќе е откажана традиционалната прослава на Бадник која секоја година е во организација на здружението на граѓани „Коледари“.

Европа

ЛЕКАРИ НАД 65 ГОДИНИ ВО ЕУ: Која земја е лидер?

Published

on

Во Европа има голем број лекари на возраст над 65 години. Податоците ги објави Евростат. 

Италија има најголем процент на постари лекари од сите држави на Европската Унија(ЕУ), со просечна возраст од 65 или повеќе години. Нивниот удел во вкупниот број медицински персонал е 26,7 отсто. 

На второ место е Унгарија со 22,4 отсто постари лекари, а трета е Естонија со 22,3 отсто, пренесува агенцијата „Анса“.

Германија има најголем процент на лекари на возраст меѓу 55 и 64 години (36,1 отсто), потоа следи Бугарија со 33,9 отсто и Летонија со 27,4 отсто.

Највисок процент на млади лекари има Малта, односно 46 отсто, потоа Романија (34,6 отсто) и Холандија (29,7 отсто).

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Published

on

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски им изрази поддршка на македонските ракометари.

-И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???

За Македонија!, пишува во поддршката на Фејсбук премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

КАКО СЕ ТРОШЕЛЕ ПАРИТЕ: Во 2023 ДАЛЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

Published

on

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони платила преку половина милион евра за студија за формирање на „зелена зона“ со јавно-приватно партнерство во Гевгелија, за што потоа се испоставило дека нема интерес од приватни оператори, објави Фактор. 

Како што наведуваат во 2023 биле исплатени 30.342.000 денари, а претходно уште 1.129.000 денари за консултантски услуги од „Моравчевиќ Војневиќ и Партнери АСД Белград“ за изработка на комплетна документација за избор на партнер за Јавно-приватно партнерство ТИРЗ Гевгелија. Ова е наведено како фуснота во извештајот на независниот ревизор за работењето на Дирекцијата.

Управниот одбор на Дирекцијата која управува со слободните индустриски зони лани на 17 мај донесува „Одлука за поништување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на Технолошко-индустриска развојна зона Гевгелија“. Истата одлука потоа е прифатена и од Владата на 26 ноември.

Од Дирекцијата за ТИРЗ за Фактор соопштиле дека во 2024 немало исплати кон оваа консултантска куќа, но и се покажало дека нема интерес од потенцијални приватни партнери за преговарање околу проектот.

Тогашниот директор на ТИРЗ изјави дека во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги. 

– Целта е некаде до крајот на годината, откако ќе добиеме повратен одговор од потенцијалните корисници или од сите други заинтересирани страни, да ја финализираме студијата и очекуваме некаде на почетокот на наредната година да ја презентираме на Владата, истакна Деспотовски.

Извор: Вечер.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк