Connect with us

Инфо +

Утре е голем празник: Се празнува зимскиот Св. Наум

Published

on

Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува утре, на 5 јануари (23 декември по старо), а другиот во летниот период 3 јули (20 јуни по стар календар)

Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др. Заради тоа што одењето во манастирот било отежнато во зимски услови со одлука на светиот синод е решено празнувањето да се префрли на 3 јули, а датумот никогаш не се менува.

Ако свети Kлимент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот на пишување и читање и други корисни работи, свети Наум е запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по неговото заминување од овој свет. Лекувал од секакви болести и луѓе од разни вероисповеди, односно сите што искрено и со верба му се обраќале.

Свети Наум е запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Kултот на свети Наум зрачел не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Kорча, каде што манастирот имал свои имоти. Kултот бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.

Иако со свети Kлимент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Kирил и Методиј, за животот и дејноста на св. Наум Охридски малку се знае – учествувал во Моравската мисија, во Рим бил посветен во духовен сон и по заминувањето на Методиј во 885 година дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Заминал од овој свет во 910 година и набрзо бил прогласен за светец. Во житието на свети Наум се вели дека тој е брат на свети Kлимента. Некои истражувачи сметаат дека станува збор за собрат во духовна смисла, но повеќемина се убедени дека биле родени браќа – св. Kлимент бил епископ, а св. Наум презвитер, а во православието епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа.

Иако податоци за чудотворната моќ на светителот има и во житијата, сепак, култот на св. Наум најмногу е присутен во народните преданија. Цепенков го забележал народното верување дека св. Наум бил „да лекуат улаите“. Оттука и охридската поговорка кој за ум, кој за свети Наум“. Лекувањето душевно болни е честа тема и во народните преданија и легенди поврзани со неговото име, а вакви сцени се прикажани и на фреските во неговиот манастир.

Верниците со векови се поклонуваат пред неговите мошти, а за исцелителните својства на манастирот придонеле и повеќето извори со свети води околу него – извор „Свети Атанасиј“ изворот од карпата непосредно до брегот на езерото, потоа изворот Најазмо, од другата страна на границата со Албанија, изворот посветен на света Петка….

Има верувањето дека свети Наум е жив, односно такви во кои се раскажува за облогот дека чашата или грнето, или бокалот со вино, пуштен од прозорецот нема да се скрши или да се истури. Тоа навистина се случило, но светецот му се јавил на сон на оној што се обложувал и го прекорил да не се обложува повеќе.

Кога свети Наум заминал од овој свет на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај, поради големите добродетелства што ги правел. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што одговара за Св. Наум Господ со рака му покажал кон неговиот манастир велејќи му: Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш!“ Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“ каде и натаму му помага на оние кои низ молитвите молат да им помогне.

БЕКТАШИТЕ ГО ПОЧИТУВАЛЕ КАКО ТАТКО

Дека припадници на други вери го почитувале светителот и манастирот се зборува и во Летописот на манастирот каде што се вели: „Оваа света институција стекна голем углед и чест и кај друговерци, а особено кај Отоманите бекташи, кои не се знае од какви причини, ова светилиште го викаат Сари Салтик баба што преведено од турски значи жолтобрадиот татко. Според едно предание, еднаш кога дошле на гробот на свети Наум, неколку Турци замолиле некој од поупатените да им ги објасни ликовите од фреските. Kога тој што им ги објаснувал рекол: „Овој е свети Наум“, тие радосно извикале: „А тој е нашиот татко“.

Утре доколку сте во можност утре поминете во овој прекрасен манастир и поклонете му се на светецот, или барем помолете му се за ваше здравје каде и да сте.

Македонија

ДРЖАВА ВО ДРЖАВА: Пензискиот фонд си изгласал директор без одобрување од Владата

Published

on

Државниот завод за ревизија во денешниот извештај открива дека Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување го именувал за в.д.директор Дритан Беџети, кадар на Алтернатива на Африм Гаши, без согласност од Владата.  

Беџети така работел од јуни 2022 до март 2023, кога Владата „се сетила“ да не даде одобрување на неговиот избор и бил поставен нов директор.

„Во јуни 2022 година по спроведен јавен конкурс и постапка, со Одлука на Управниот одбор именуван е директор на Фондот на која Владата нема дадено согласност, што не е во согласност со Законот за ПИО и влијае на начинот на извршениот избор. Во март 2023 година, по девет месеци, од страна на Владата донесено е Решение за не давање на согласност на одлуката на УО од јуни 2022 година за именуваниот директор на Фондот од страна на УО што влијае на квалитетот на раководењето и работењето како и на начинот на реализација на правата и должностите на директорот утврдени со закон“, констатира ревизорот во денешното соопштение до медиумите.

Инаку Беџети во меѓувреме доби и кривична пријава за своеволно вработување на нестручни кадри кои не ни доаѓале на работа. Овој период на работење на ПИОМ покажал многу недостатоци за државниот ревизор. Во 2023 биле вработени со договор на дело повеќе од 200 лица, но немало евиденција што и како работеле.

„Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот има обезбедено согласности од министерството за финансии, за извршување на работни задачи согласно систематизацијата на работни места, за кои се исплатени средства во износ од 50.377 илјади денари. Ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски. Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани при што поголем дел од договорите не се потпишани од страна на извршителите“, објаснува ревизорот.

Спорна била и една од јавните набавки за реконструкција и одржување на објектите на Фондот, иако за некои сегменти од работењето имало и други понуди кои биле до 22 пати поевтини.

„Во текот на 2023 година, спроведенa e набавкa за тековно одржување и изведување на градежно занаетчиски работи на деловни објекти на Фондот во централата, филијалите, деловниците и пензионерските домови за кои склучени се договори и анекси кон договорите во вкупен износ од 35.883 илјади денари за коja ревизорите утврдиле слбасти во нејзиното спроведување и реализација. Имено за позициите за кои била понудена минимална цена, во текот на реализација на договорот не се извршени нарачки. Договорот се реализирал за само неколку работни позиции кои во споредба на понудите на останатите економски оператори кои биле оценети како неприфатливи, кои за истите позиции имале од 2 (два) до 22 (дваесет и два) пати пониски цени.“, се вели во ревизијата.

За Беџети има пријава од МВР дека преку ПИОМ плаќал кирија за изнајмување на објект, а парите на крајот завршувале кај неговата сестра.Нешто слично открива и ДЗИ. Одтаму реагираат дека склучен е договор за закуп на деловен простор на 20 години без спроведена соодветна постапка.

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

САМО ВО ЧУДЕСНА МАКЕДОНИЈА – НЕ РАБОТАТ АМА ПЛАТА ИМ ЛЕГНУВА НА СМЕТКА: ревизорите за работењето на ПИОМ

Published

on

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во текот на 2023 година ангажирал лица кои добивале плата, ама постои сомнеж дали тие се појавиле на договорените работни места. 

Ова е една од забелешките на Државниот завод за ревизија, од каде укажуваат на бројни недоследности во работењето на Фондот. Сепак, еден од аспектите кои се особено проблематични е вработувањето на над 200 граѓани кои добивале плата преку Фондот, но работните задачи не ги извршувале. 

– Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеца, за кои Фондот има обезбедено согласности од Министерство за финансии врз основа на член 9 од Законот за трансформација на работен односсогласно кој институциите можат да ангажираат лица над 1 процент од вкупниот број на вработени и со поголемо времетрање врз основа на обезбедена согласност од МФ. Лицата се ангажирани за извршување на работни задачи согласно систематизацијата на работни места на Фондот, за кои исплатени се средства во износ од 50.377 илјади денари– се појаснува во ревизорскиот извештај на ДЗР.

Ревизорите укажуваат дека на поголем дел од ангажираните лица договорите им престанале со важност во јуни 2024 година. Но, притоа нагласуваат дека со извршениот увид во доставената документација биле утврдени бројни нерегуларноти. 

 Иако лицата се ангажирани за извршување на работи и работни задачи согласно актот за систематизација не е извршено соодветно пополнување на испразнетите работни места при што на одредени работни места постои недостаток, а на други превработеност. На ревизијата не и е презентирана евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски во Фондот во согласност со склучените договори– објаснуваат од ДЗР. 

Воедно додаваат дека овие лица немале обврска да достават месечни извештаи за работа, што е уште еден показател дека најверојатно само земале плата, без да се појават на работното место. 

– Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат месечни извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани. Поголем дел од презентираните договори не се потпишани од страна на извршителите. Ангажирањето на лица по договор за дело на редовни работни обврски во Фондот не е во согласност со член 30 од Законот за административни службеници со кој е утврден начинот на пополнување на работните места и создава можност од субјективен пристап при одлучувањето на изборот на лицата и влијае на квалитетот, сигурноста и одговорноста за извршените работни задачи – се нагласува во ревизорскиот извештај.

Ревизорите исто така посочуваат дека начинот на кој се реализирани овие расходи не се во согласност со член 2 од Законот за извршување на буџет за 2023 година согласно кој буџетските корисници се должни, буџетските средства да ги користат наменски, рационално, економично и ефикасно.

Поради сето ова, ревизорите препорачуваат одговорните лица за управување и раководење на Фондот да преземат мерки и активности за трајно решавање на проблемот со испразнетите работни места во Фондот и истите да ги пополнуваат со вработени лица во редовна законска постапка.

Од друга страна Фондот утврди и други недоследности, меѓу кои и изборот на в.д. директор на Фондот, од страна на Управниот одбор на Фондот за пензиско осигурување без согласност од Владата

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИ, ВАУЧЕРИ, БОНУСИ: Дали работодавачите ќе бркнат „подлабоко“ во џебот за да ги задржат квалитетните работници?

Published

on

Зголемување на плати, делење на награди, бонуси, можности за работа од дома, скратено и флексибилно работно време. Се смета дека сето ова ќе помогне работниците да се чувствуваат дека се вреднувани, во ситуација кога има одлив на работната сила од државата. Некои работодавачи нудат бонуси за своите вработени по повод верски празници, годишнини од основањето на фирмата и слично. Граѓаните велат дека работниците мора финансиски да бидат стимулирани за да не си заминат од земјава.

„Работникот прво мора да ја сака својата работа, да работи посветено, но и газдата треба да го награди со некој бонус. Не мора секој месец, но кога има некој повод, да додели бонус или нешто како 13-та плата“, вели граѓанка. 

Друг постар човек чии три деца се иселиле, објаснува дека газдите треба да бидат подарежливи и според него, неколкупати годишно треба да ги наградат работниците со бонуси.

Целиот текст на Faktor.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк