Connect with us

Инфо +

Денеска е голем празник: Се празнува зимскиот Св. Наум

Published

on

Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува денеска, на 5 јануари (23 декември по старо), а другиот во летниот период 3 јули (20 јуни по стар календар).

Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погре бан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др. Заради тоа што одењето во манастирот било отежнато во зимски услови со одлука на светиот синод е решено празнувањето да се префрли на 3 јули, а датумот никогаш не се менува.

ко свети Kлимент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот на пишување и читање и други корисни работи, свети Наум е запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по неговото заминување од овој свет. Лекувал од секакви болести и луѓе од разни вероисповеди, односно сите што искрено и со верба му се обраќале.

Свети Наум е запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Kултот на свети Наум зрачел не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Kорча, каде што манастирот имал свои имоти. Kултот бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.



Преподобниот Наум Охридски- Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува денеска, на 5 јануари (23 декември по старо), а другиот во летниот период 3 јули (20 јуни по стар календар).

Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погре бан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др. Заради тоа што одењето во манастирот било отежнато во зимски услови со одлука на светиот синод е решено празнувањето да се префрли на 3 јули, а датумот никогаш не се менува.


Ако свети Kлимент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот на пишување и читање и други корисни работи, свети Наум е запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по неговото заминување од овој свет. Лекувал од секакви болести и луѓе од разни вероисповеди, односно сите што искрено и со верба му се обраќале.

Свети Наум е запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Kултот на свети Наум зрачел не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Kорча, каде што манастирот имал свои имоти. Kултот бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.



Иако со свети Kлимент Охридски се најпознатите и најзначајни ученици на светите браќа Kирил и Методиј, за животот и дејноста на св. Наум Охридски малку се знае – учествувал во Моравската мисија, во Рим бил посветен во духовен сон и по заминувањето на Методиј во 885 година дошол во Македонија. На брегот на Охридското Езеро изградил манастир што го носи неговото име. Заминал од овој свет во 910 година и набрзо бил прогласен за светец. Во житието на свети Наум се вели дека тој е брат на свети Kлимента. Некои истражувачи сметаат дека станува збор за собрат во духовна смисла, но повеќемина се убедени дека биле родени браќа – св. Kлимент бил епископ, а св. Наум презвитер, а во православието епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа.

Иако податоци за чудотворната моќ на светителот има и во житијата, сепак, култот на св. Наум најмногу е присутен во народните преданија. Цепенков го забележал народното верување дека св. Наум бил „да лекуат улаите“. Оттука и охридската поговорка кој за ум, кој за свети Наум“. Лекувањето душевно болни е честа тема и во народните преданија и легенди поврзани со неговото име, а вакви сцени се прикажани и на фреските во неговиот манастир.

Верниците со векови се поклонуваат пред неговите мошти, а за исцелителните својства на манастирот придонеле и повеќето извори со свети води околу него – извор „Свети Атанасиј“ изворот од карпата непосредно до брегот на езерото, потоа изворот Најазмо, од другата страна на границата со Албанија, изворот посветен на света Петка….

Има верувањето дека свети Наум е жив, односно такви во кои се раскажува за облогот дека чашата или грнето, или бокалот со вино, пуштен од прозорецот нема да се скрши или да се истури. Тоа навистина се случило, но светецот му се јавил на сон на оној што се обложувал и го прекорил да не се обложува повеќе.

Кога свети Наум заминал од овој свет на Земјата, Господ го одредил да биде во вечен рај, поради големите добродетелства што ги правел. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што одговара за Св. Наум Господ со рака му покажал кон неговиот манастир велејќи му: Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш!“ Ете зошто свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското Езеро“ каде и натаму му помага на оние кои низ молитвите молат да им помогне.

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading

Македонија

НОЌТА ПРЕД ВОДИЦИ Е НАЈМОЌНАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА

Published

on

Големиот христијански празник – Водици, се слави на 19 јануари, со традиционално фрлање за Светиот крст.

На овој ден се слави споменот на Христовото крштевање на реката Јордан и Божјиот изглед во форма на гулаб и глас: „Ова е мојот Син и Него послушнете го“.

На Богојавление, 19 јануари, завршуваат некрстените денови. На овој ден се осветува вода во сите цркви и храмови. Тоа е свечен обред на кој, скоро редовно, присуствуваат многу луѓе, кои носат осветена вода во своите домови, бидејќи оваа Света вода – Богојавленска, се чува во секој дом во текот на целата година како големо светилиште, и се користи само при голема потреба (болест, вознемирување од зли духови).

Богојавление е еден од најголемите христијански празници и соодветно на тоа, се развиле многу народни обичаи поврзани со самиот ден, како и ноќта пред Богојавление.

1. Отворање на небото

Ова е најпознатиот обичај поврзан со Богојавленската ноќ. Имено, се верува дека еден ден пред Богојавление, точно на полноќ, се отвораат небесата. По тој повод, треба да се погледне во небото и да се замислат желби за кои се верува дека сигурно ќе се остварат.

2. Огледала под перницата

Вообичаено е невенчаните девојки да ставаат огледала под перниците ноќта пред Богојавление, бидејќи се верува дека така ќе го сонуваат младичот со кој ќе стапат во брак.

3. Вода од извор

Во некои делови, вообичаено е младите девојки да одат на недопрен извор на вода утрото на Богојавление, да фрлат неколку зрна пченица или некои други житни култури во неа и да кажат: „Како што поминува водата, така ќе се бере и жетвата на нашите полиња“. Потоа ја полнат водата и ја носат до своето домаќинство. На некои места, сè уште е зачуван обичајот на семејството да пие малку од таа вода преку секира, бидејќи се верува дека на тој начин ќе се избегнат расправии меѓу нив.

4. Предвидување на времето

Обичај е некаде постарите жени да ги земаат предвид временските услови на Богојавление и со тоа да предвидат каква ќе биде годината. Ако, на пример, има мраз и снег на тој ден, се верува дека годината ќе биде плодна, а ведро време најавува сува година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк