Со векови се манипулира со јазикот односно двојазичност, знамиња, протести, политичка пропаганда, а всушност тоа е по секоја цена како да се манипулира со слабоста на обичниот граѓанин во нашата држава или добро кажано народно…. раздели па владеј, објави скопјанецот Џеват Исени на Фејсбук.
Исени додава дека „често стигнуваат скриени критики во мојот месинџер дека не сум ја почитувал двојазичноста“. Ја пренесуваме целата објава на Исени од неговиот профил на Фејсбук:
Би сакал да се обратам јавно без некој да се навреди, да се почувствува понижен или омаловажен…
Правото е лично мое како Јас ќе настапувам со моите објави, на кој начин ќе ги пишувам и во кој стил.
Мојот стил е државен од мојата држава. Многу често стигнуваат скриени критики во мојот месинџер дека не сум ја почитувал двојазичноста. Овде малку да ги разјасниме јавно некои работи….. Никој не ми го скратил правото да пишувам на албански но ни на македонски. Македонскиот ми е државен јазик каде и секогаш го почитувам и ќе го почитувам јазикот на државата, а Албанскиот ми е мајчин каде никој никогаш ниту ми го скратил правото да го зборувам, да го пишувам или користам. Мојот круг во мојата држава е многу голем каде сакам и моите сограѓани на мојата држава точно да разберат што пишувам и што објавувам, а убеден сум во тоа дека поголемиот дел на Албанците кои живеат во нашата држава добро го владеат македонскиот јазик, го читаат а и го пишуваат, а зошто се прават скриени патриоти во позадина демек им смета мојата објава кога во секојдневието каде ги користи сите повластици на државата, плата, пензија, социјална помош тогаш добро го познаваат државниот јазик.
Со векови се манипулира со јазик односно двојазичност, знамиња, протести, политичка пропаганда, а всушност тоа е по секоја цена како да се манипулира со слабоста на обичниот граѓанин во нашата држава или добро кажано народно…. Раздели па владеј.
Во нашата држава сакаме да живееме слободни, без предрасуди, без политички притисоци и поделби. Во секоја државна институција, во јарболите кои се поставени е поставен државниот симбол ЗНАМЕ. На секој празник од држава каде мнозинството се во нашата држава се дозволува да се постави и нивниот симбол. Но никогаш не би можел да се симне од јарболите Знамето на нашата држава. Нашата држава е толерантна, големодушна и премногу достоинствена да може да ги поднесе разните култури и обичаи. Овие толеранции ги има само кај нас. Затоа… Ве молам почитувај те го и чувај те го суверенитетот, интегритетот за соживот во нашата татковина.
Се ова е на нашите предци, на нас сегашниве, на идните генерации, на идните поколенија, современа и културна држава за сите граѓани што живеат во неа.
А дали на некого ќе му се допаѓа мојата објава дали е на македонски или не тоа е негово право. Да ве поздравам со симболот на нашата држава