Connect with us

Инфо +

МВР ги повикyва гpaѓаните да пpиjaвyвaaт гpyпиpaње за Божиќните пpaзници

Published

on

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека сѐ уште е во функција бесплатниот телефонски број 0800-00-201 и електронската адреса mvrinformaciiuslugi@moi.gov.mk, на кои граѓаните анонимно можат да пријават групирање и организирано одбележување на претстојните празници.

Граѓаните можат да се јават и анонимно да пријават (локација) на која забележале недозволено собирање на луѓе, спротивно на мерките пропишани за справување со пандемијата.

Полицијата, исто како и за време на новогодишните празници, ќе постапи по пријавите и ќе преземе мерки во координација со Јавното обвинителство за санкционирање на непочитувањето на мерките и препораките кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести, односно одлуките кои ги носи Владата на Република Македонија, стои во соопштението од МВР.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира до населението да се воздржи од групни собирања и да ги почитува мерките на Владата, а сѐ со цел заштита на индивидуалното и јавното здравје

Европа

ЛЕКАРИ НАД 65 ГОДИНИ ВО ЕУ: Која земја е лидер?

Published

on

Во Европа има голем број лекари на возраст над 65 години. Податоците ги објави Евростат. 

Италија има најголем процент на постари лекари од сите држави на Европската Унија(ЕУ), со просечна возраст од 65 или повеќе години. Нивниот удел во вкупниот број медицински персонал е 26,7 отсто. 

На второ место е Унгарија со 22,4 отсто постари лекари, а трета е Естонија со 22,3 отсто, пренесува агенцијата „Анса“.

Германија има најголем процент на лекари на возраст меѓу 55 и 64 години (36,1 отсто), потоа следи Бугарија со 33,9 отсто и Летонија со 27,4 отсто.

Највисок процент на млади лекари има Малта, односно 46 отсто, потоа Романија (34,6 отсто) и Холандија (29,7 отсто).

Извор: Faktor.mk

Continue Reading

Македонија

Мицкоски со поддршка за ракометарите: И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци!

Published

on

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски им изрази поддршка на македонските ракометари.

-И во победа и во пораз сме заедно, главата горе момци! Одиме понатаму, по следен триумф, за кого???

За Македонија!, пишува во поддршката на Фејсбук премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

КАКО СЕ ТРОШЕЛЕ ПАРИТЕ: Во 2023 ДАЛЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА за „зелена зона“ во Гевгелија за која нема интерес

Published

on

Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони платила преку половина милион евра за студија за формирање на „зелена зона“ со јавно-приватно партнерство во Гевгелија, за што потоа се испоставило дека нема интерес од приватни оператори, објави Фактор. 

Како што наведуваат во 2023 биле исплатени 30.342.000 денари, а претходно уште 1.129.000 денари за консултантски услуги од „Моравчевиќ Војневиќ и Партнери АСД Белград“ за изработка на комплетна документација за избор на партнер за Јавно-приватно партнерство ТИРЗ Гевгелија. Ова е наведено како фуснота во извештајот на независниот ревизор за работењето на Дирекцијата.

Управниот одбор на Дирекцијата која управува со слободните индустриски зони лани на 17 мај донесува „Одлука за поништување на постапка за доделување на Договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за проектирање, финансирање, изградба, управување и одржување на Технолошко-индустриска развојна зона Гевгелија“. Истата одлука потоа е прифатена и од Владата на 26 ноември.

Од Дирекцијата за ТИРЗ за Фактор соопштиле дека во 2024 немало исплати кон оваа консултантска куќа, но и се покажало дека нема интерес од потенцијални приватни партнери за преговарање околу проектот.

Тогашниот директор на ТИРЗ изјави дека во согласност со новиот концепт на ТИРЗ за привлекување инвестиции, индустриската развојна зона Гевгелија ќе се фокусира на поддршка на зелените индустрии во согласност со зелената агенда на ЕУ, а покрај производствените компании во зоната ќе има можности за инвестиции поддржани од државата во секторот на здравствени услуги. 

– Целта е некаде до крајот на годината, откако ќе добиеме повратен одговор од потенцијалните корисници или од сите други заинтересирани страни, да ја финализираме студијата и очекуваме некаде на почетокот на наредната година да ја презентираме на Владата, истакна Деспотовски.

Извор: Вечер.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк