Connect with us

Инфо +

Дебар во мрак – 12.000 жители ноќта ќе ја минат без струја

Published

on

Дебарското конзумно подрачје, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Река и понатаму е без електрична енергија.

Прекинот во снабдувањето е од 10:30 часот, поради оштетувања на далекуводот кај Маврово и друг дефект кај Глобочица.

Според директорот на МЕПСО Куштрим Рамадани оштетен е далекуводот кај Маврово, како и кај Глобочица, така што двете линии од кои се снабдува Дебар се оштетени од невремето.

-Шест екипи се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектите, информираше Општина Дебар.

Според градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, има оштетувања на електричната мрежа и во прекин е 110 киловолтниот далекувод од ХЕ Вруток до ХЕ Шпилје и 110 киловолтниот далекувод од ХЕ Глобочица до ХЕ Шпилје.

Сепак и покрај напорите на екипите кои се вклучени во санирање на дефектите се чини дека жителите од овој крај вечерва ќе ја минат со свеќи.

Дебарското конзумно подрачје опфаќа на 12.000 потрошувачи.

Поради обилните дождови од вчера заматена е водата во водоводот Росоки-Дебар преку кого со вода за пиење се снабдува Дебар, селата Рајчица и Долно Косоврати, како и дел од општина Центар Жупа. Водата пред употреба мора да се филтрира или преврива.

Македонија

Физички нападнат сведок во Кривичен

Published

on

– На 30.01.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, М.К.(27) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во Основен кривичен суд Скопје, каде бил во својство на сведок, обвинетиот Б.С. физички го нападнал и му упатувал закани, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Јанкулоска: Смртта на Фросина многу ме потресе, но и гневна сум – мора да има соодветен одговор и реакција

Published

on

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на својот Фејсбук профил упати најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на „Партизанска“.

„Сум видела многу шокантни настани. Низ годините многупати се соочив со смртта на блиски луѓе, роднини, колеги кои животот го загубија на работно место, блиски соработници кои буквално ги снема за миг. Сум видела тела на жртви кои настрадале под различни околности, а некои од нив беа деца. Тие слики времето не може да ги избрише, едноставно не се забораваат.

Но, трагичната смрт на 22 годишната Фросина не само што ме потресе туку истовремено ми предизвика гнев.

Да не иделизираме, јасно е дека секој учесник во сообраќајот свесно или несвесно се случува да згреши па има и несреќи. Но, не е случајно и не е несреќа да возиш 130 км/час на Партизанска, не е случајно пијан да си седнеш зад волан и да нагазиш со 80км/час над дозволената брзина во најпрометниот дел од градот, не е случајно залетан да поминеш на црвено и не е несреќа кога некој на 20 години без возачка дозвола дивее по улиците и не ферма ниту правила ниту сообраќајна сигнализација затоа што мисли дека му се може. Тоа е девијантно однесување, криминал, дрскост и иссмевање со сите кои се трудат да постават граница меѓу доброто и лошото и мора да има соодветен одговор и реакција“, вели Јанкулоска.

Continue Reading

Македонија

На Кривичен не му е јасно како се поврзува претходниот случај на Васил со усмртувањето на Фросина, не можеле да претпостават дека ќе стори друго дело

Published

on

Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството и на обвинетиот Васил Јованов му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. Ст.1. т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото.

Што се однесува до претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот, ја информираме јавноста, дека истиот на 31.07.20204 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска, и тоа за две кривични дела Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а ва согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка :

Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се заметува и времено поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година. Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, Мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба во однос само на кривичната санкција. Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелациониот суд Скопје, од каде сеуште не е вратен на евентуално извршување.

-Согласно евиденцијата на судот истиот не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела. Исто така до овој момент до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на Сообраќајот, а лицето е евидентиран, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир.

Како суд, изразуваме жалење за загубата на млад човечки живот. Но, имајќи го предвид сето погоре наведено, нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со Заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено 7 месеци потоа.

Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од донесената пресуда со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја како и Меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат.

Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде не ретко се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството, ако се има предвид било кој граѓанин кој претходно не бил во судир со Законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва заради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и не поседување возачка дозвола. Станува збор за општествен проблем, порачаа од Кривичниот суд.

Извор: vecer.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк