Connect with us

Инфо +

Зошто за Василица се крши погача со паричка?

Published

on

Иако кај нас обичаите налагаат тоа да се прави на бадниковата вечер, сепак во некои делови од земјава адетот со кршењето на лепчето или погачата со паричка се прави на Василица, денот на свети Василиј Велики.

Според свештениците, лепчето се крши на 14 јануари, но тоа може да се стори и вечерта на 13 јануари, во

Иако кај нас обичаите налагаат тоа да се прави на бадниковата вечер, сепак во некои делови од земјава адетот со кршењето на лепчето или погачата со паричка се прави на Василица, денот на свети Василиј Велики.

Според свештениците, лепчето се крши на 14 јануари, но тоа може да се стори и вечерта на 13 јануари, во пресрет на празникот.

Кршењето на лепчето со паричка за Василица е поткрепено со житието во кое се објаснува добрината на свети Василиј Велики. Василиј истапил пред епархот на Кападокија, кој бил алчен човек и имал обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот.

Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кеасрија да ги донесат накитот и златниците. Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и одбил што било да земе, ниту, пак, го ограбил градот. Тој никогаш веќе не се вратил, ниту пак им досадувал на верниците од градот. Но свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на новогодишната вечер, не знаејќи кому што му припаѓа. Тогаш, просветлен од Господ, ги замолил готвачите да направат мали лебови за секој верник, во кои ставил од златниците и накитот. Следниот ден, во црква, на сите им ги поделил. Секој го нашол она што претходно му го дал“. За спомен на овој настан до ден­денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Нова година (по стариот календар), да се меси лепче со паричка, објаснуваат теолозоте.

Македонија

Исплатени се субвенции за растително и за сточарско производство

Published

on

Денеска се исплатени средства за финансиска поддршка кон земјоделците за тековната 2024 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извршена е вкупна исплата на износ од 264.241.663,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 22.141 земјоделци. За мерката 1.8 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади се исплатени 118.186.903,00 денари кон 8.729 корисници.

Исто така, денеска се исплатени и средства на износ од 146.054.760,00 денари кон 13.412 корисници за мерка 1.11 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Како што стои во соопштението, дополнително е извршена исплата на директни плаќања за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година.

„Се исплатија 416.722.200,00 денари субвенции за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 8.680 земјоделци и тоа за: мерка 2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 4.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 201.532.000 денари кон 6.189 корисници. Мерка 2.8 Директни плаќања за обележани женски грла овци постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 600 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 182.692.200 денари кон 2.058 корисници. Мерка 2.10 Директни плаќања за обележани женски грла кози постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 2.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 32.498.000 денари кон 433 корисници“, се наведува во соопштението од МЗШВ.

Continue Reading

Македонија

НАСИЛНО ОТВОРИЛА „ЦИТРОЕН БЕРЛИНГО“ ГО СТАРТУВАЛА, ПА ГО ОСТАВИЛА Малолетничка крадела автомобили во Тетово

Published

on

Секторот за внатрешни работи од  Тетово поднесе кривична пријава против 16–годишна малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба во обид“.

Како што соопшти полицијата, таа на 07 ноември во Тетово, му го одзела патничко возило „рено“ на сопственост  А.С., а ден потоа  со употреба на сила, влегла во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на Е.С., го стартувала, а по кратко време го оставила и заминала.

Continue Reading

Македонија

Ќе растат сите плати во Македонија, вели Мицкоски, а нема да растат функционерските плати

Published

on

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа го кажавме и тоа ги правиме, правиме измена на Законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските платаи. Оваа законска измена наскоро ќе биде пред пратениците, најави премиерот Христијан Мицкоски.

-Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но тоа право нема да го имаат функционерите. Дали е тоа исправен чекор? Јас ценам дека е тоа исправен чекор иако постои дебата и така ќе продолжиме да работиме и во иднина, во интерес на граѓаните и на сите оние кои што не гласале и имаат доверба во нас како Влада.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк